1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кинофобија-страв од кучиња

Дискусија во 'Психологија' започната од Papillon.Papi, 8 декември 2013.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Најпрво, ако е дупла темава канта и клуч.

    Многумина од луѓето денес се плашат од кучиња, и се разбира ние кучкарките не го разбираме тоа. :lol:
    Зборот Кинофобија потекнува од кино-куче фобија-страв.
    Стравот од кучиња најдобро се надминува со чување или контакт со куче.
    Тоа го видов со баба ми. Таа уплав имаше од животни. Но, чичко ми и стрина ми земаа едно многу хиперактивно кутре и таа некако го засака. Дури и го галеше.
    Што мислите во врска со кинофобијата и какви се вашите совети за да се надмине истата?


    Напоменувам, ако има иста тема клуч и канта! :!:
     
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Јас имам кинофобија. Порано ми беше посилна, но сега малку ја надминав.
    Не знам, ете онака. Едноставно престанав толку хистерично да бегам од кучиња. Сега сеуште се плашам, но не толку многу.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Лелел ја имам мноооогу страв од кучиња. Ама многу!
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Па не за џабе си потпишана како Тинка Маче. Мачиња се плашат од кучиња.
    Шала на страна. Пробајте да сте во контакт со мирни и мили кучиња. Нека бидат со мал раст. Другарка од школо, т.е соученичка на сестра ми се плашеше од кучиња и нејзините и купија лабрадорче. Многу си се приврзаа, но потоа мораа да ја дадат зошто порасна, а не ја истренирале да не тегне.
    Ако имате пријател или близок кој чува куче, пробајте да го подружите малку кучето.
    Треба да имате во предвид дека ниедно воспитано куче во живот не би каснало!
     
  5. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.211
    Пол:
    Женски
    http://hitportal.com.mk/Zabava-detail/k ... dne-kuche/
    Еве нешто што можеби некогаш ќе ви помогне..

    Јас се плашам од кучиња со среден и голем раст. Понекогаш и од моето.. Сепак, не се сметам дека сум кинофобичар бидејќи нели, си имам контакт со моето, со кучето на дечко ми кое е среден раст и некои онака, помалечки што се.. :)
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Од мали и мирни немам, дури и ги држам и галам, ама од големи имам невидена фобија. Едноставно паника ме фаќа и почнувам да урлам, да плачам, да се потам и да ми е ладно. Зошто незнам, ама уште од мала се плашам од големи кучиња и оние што скокаат по луѓе како ненормални.
     
  7. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Не разбирам зооооштоо од куче да се плашиш??!??!?!!?!? :?:
    Па, тоа ти е најмило нешто што постои :inlove: (зборувам за малите и мирни кучиња)
    [​IMG]
    Мислам дека кинофобијата се јавува од млади ако сте биле бркани од кучиња, или ако некое куче ви р‘жнало малку. :rofl:
    Погледни го, и не го сакај. ;( :$ :inlove:
    [​IMG]
     
    На eliesaab и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  8. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Незнам дали психијатар или бајач ќе ми помогне но пожелно е да посетам
    Премногу се плашам,секоја вечер кога одам накај дома срцето ми е во петици
    Во моето маало сите чуваат кучиња
    Комшијата има два пита,кога се пушти ги удави другите два пред мој очи...
    Се пуштал и друг пат но не нападнал луѓе (а немаат ограда на дворот)
    Другиот комшија чува црно куче,средна големина и е агресивно напаѓа луѓе ,ја нападна комшиката и мене
    Се обесов на ограда да се спасам ,кога дојде газдата да го земе едвај го одвлечка дома ќе го гризнеше
    Уф...и како да не се плашам?
    Цел ден со децата од двор не мрдам од страв
     
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Иста сум и јас. Не смеам да мрднам некаде сама, посебно вечерно време, од страв да не ме нападне некое. Уште од мала имам страв од кучиња :doh: :sweat:
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Прво пријави го тој човек во полиција или во некое здружение, тоа што го прави не е нормално. Прво несмее да ги пушта така сами ако си ги знае кучињата какви му се, второ неговите кучиња се агресивни и спремни да одземат живот што е многу опасно по околината, денес е куче утре може да биде и дете, морате да преземете нешто, нема цел живот во страв да живеете.
    Стравот од кучиња па и од било што почнува уште од бебе. Вие што се плашите сигурно уште од мали ве плашеле немој ќе те касне, не го гали ќе те касне, ако не јадеш ќе го викнам кучето и бла бла бла нездрави муабети, тоа е тој неоснован страв. Друг случај е кога некој бил нападнат од куче па од траума сега цел живот ќе се плаши од кучиња. Колку и да се безопасни и мили и слатки и се тој човек ќе си го има стравот и тоа е тоа. Дури и да земе да си чува куче од неговото може нема да му биде страв ама од други кучиња ќе си остане тоа. Тешка процедура е лечењето од фобии не е само земи си куче ќе ти помине, ај еве јас ако не да земам на пајак да му дозолам да ме лази за да ми помине фобијата, ма неее срцев удар ќе добијам. Психијатар, самоконтрола, позитивно мислење и увереност дека сте посилни од стравот ќе помогне, сепак се е до вашата волја да надминете нешто.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Кога бев помала преемногу се плашев од кучиња. Потоа соседите купија куче, па го засакав, па тоа умре, па уште едно. Е Рамбо ми стана најдобар другар, НО, од кутре кога беше почна нашата дружба, така да знаев на што како реагира. Тоа умре, а мајка му стана бесна. На сите скокаше, па мене ми се врати тоа кинофобијата. Е, по половина година си купивме и ние кутре и сега не се двојам од неа. А од други кучиња, се плашам само од: Германски Овчар, Пекинејзер и Пинч. Знам дека е смешно за овие две, ама агресивни се и си имам трауми од Мими и Мики. Не сакам ни да ги видам.
     
  12. supergirl1

    supergirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    13
    И јас воопшто неможам да сватам како некој се плаши од кучиња, а посебно од мали и средни раси а да не зборувам за големи раси. Еве ние имаме шарпланинец(значи од голема раса е) со него сум нон-стоп и воопшто не мие страв иако еднаш ме касна затоа што неговото јадење беше во близина (опасен е кога се работи за јадење) :P Покрај се најмногу си го сакам па дури и имам спијано со него(начекав мајка ми и татко ми да заминат на една недела од дома :D :D )
     
  13. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Не гледам причина зошто се плашат луѓево од кучиња.Јас искрено многу си ги сакам кучињата и тие малите(низок раст) и поголемите.Незнам,вообичаено ги сакам сите животни.Но кучињата некако ми се многу мили и слатки. :lol:
    Како помала ме има каснато куче и тоа на нога и тоа убаво ме загриза,мислам дека беше пудлица :rofl: И после тоа јас сеуште продолжив да си ги сакам кучињата и никогаш не почнав да се плашам од нив :$
     
  14. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Мене стравот ми се разви со старото куче на комшиите.
    Имаа вакво:
    [​IMG]
    И постојано беше пуштено.
    Еднаш,кога си идев од школо,бидејќи беше пуштено ми го фати стапалото и не ме пушташе.
    Викав кон комшиите и тие излегоа и го затворија.
    Немам ништо против кучиња,се додека не станат агресивни.
    Али,затоа стравот си остана.
    [​IMG]
     
  15. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Имам голем страв од кучиња без разлика дали е мало, големо или дали е агресивно или мирно едноставно ми е страв од сите кучиња.Како помала многу ги сакав дури еднаш ми имаа купено едно, но за два дена умре,го прегази кола и тоа на сам ден нова годнина ;( .
    Кучињата ги замразив кога еднаш ми се пушти едно куче и ми се закачи на ногата се обиде да ме гризне и од тогаш имам голем страв.. :(
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Се плашам од секое куче што не е мое,особено од скитниците.
     
  17. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Jaс имам огромна кинофобија!Исто како и мајка ми. Мајка ми родена е БТ,растела Бти и сето тоа.Но на лето одела во село,таму имало досата кучиња и баба и чувале неколку кучиња,ама никако да го надминела стравот.И сега јас го имам тој страв.:(
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    После ти на твоето дете ќе му го пренесеш стравот и се така во круг. Зошто не презимате нешто вие што се плашите? Зарем сакате цел живот да живеете во страв и да не можете да отидете во продавница ако има улични кучиња?
     
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Искрено, и јас не го разбирав стравот кој луѓето го имаат од кучиња, а прв пат го сретнав кај мајка ми која буквално не сака да се приближи до куче. Татко ми си чуваше куче во двор, но таа ниту се приближи некогаш да го погали, ниту да му даде да јаде, ниту пак се сврте кога цифкаше. Не ми беше сфатливо како може толку човек да нема душа за кучиња, се` додека не ми кажа дека кога била средно ја нападнало куче на комшиите и буквално и скинало месо од грбот.
    Страв од кучиња се јавува со причина, односно од лошо искуство со куче, без разлика колкаво е и чие е, и иако не се сите кучиња исти тој страв им е едноставно ненадминлив, барем кај мајка ми е така, а скоро 50 години има.

    Редактирам да се сложам со постот на Мимс, иако мајка ми не сака кучиња, татко ми си ги сака и си чува, во ова нивните ставови се поделени, па додека растев си играв со сите кучиња кои сме ги чувале, мајка ми никогаш не ми пререкла. Во секој случај треба да се има разбирање, ама пак и да не се пресудува дека сите кучиња се агресивни. Бидејќи стварно не се.
     
  20. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Се плашам од уличните кучиња, 2 пати ме имаат нападнато. Инаку и јас чувам куче, но од скитниците се плашам. Не ги разбирам и луѓето кои се плашат од куче приберено и врзано во двор, па доколку тоа куче напаѓа и е агресивно ни луѓето кои го имаат немало да го чуваат. :?: