1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кинофобија-страв од кучиња

Дискусија во 'Психологија' започната од Papillon.Papi, 8 декември 2013.

  1. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Знаев дека ќе искоментираш мор :D
    Се сеќаваш со кучето Боки :lol: :tmi:
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LovedGirl

    LovedGirl Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    Имам кинофобија :tmi: Незнам значи многу ми е страв.Само да погледнам бегам далеку далееку.А од мали кучиња не ми е толку многу страв,како од големиве лееееле :(
     
  3. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Ја од κучиња бегам κаκо од чудовишта, незнам зошто се плашам да им подадам ρаκа и бегам 5 κм подалеκу и виκам да го тρгнат κучето од мене. Мајκа ми ми ρасκажувала деκа κога сум била мала имало во κомшии неκое κуче и сме биле неρазделни јас и тоа, κога и да ме видиш со κучето сум била, сум се гушκала и κога го убиле κучето неможеле со денови да ме смиρат, многу сме се засаκале. Исто κога сум имала 2-3 годинκи ми ρасκажувале κаκо сум ги гушκала уличните κучиња- џуκелите и мајκа ми ме ставала со се алишта во κада да ме изρиба :lol: . Саκам да κажам деκа κинофобијава не ми е вρодена, туκу сум ја стеκнала со теκот на вρемето. Битно денес имам уплав од κучиња :D.
     
  4. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Еднаш ме подгони кучето на соседите и јас многу се исплашив. Не сакав да чујам за куче.
    Но, повеќе не се плашам од кучиња.
     
  5. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    И јас се плашам од кучиња. Порано повеќе но сега не толку многу. А и јас не можам да се замислам да галам куче.
     
    На elka.timova му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Сега ќе ти кажам вечерва што се случи. Си бегав од школо дома 7 и пол вечер, се темница. И една улица пред мојата има бесни кучиња. И почнуваат да лаат да скокаат мене срцето в петица. Денес си бегав со едно дете и тој има кинофобија. Ама тој пред некое време чувал куче и од тоа куче не се плашел но од другите се плаши. И сега кога поминувавме покрај кучата со кучињата и тие се стрчаа и ни лаееа. Детето незнаете како се исплаши. Како попарен беше.Незнаев како да му помогнам. И сега мила моја како со кинофобијата, како ке си поможам? Куче да си земам? И плус каде да го чувам? На тараса која е метар на метар и пол? Притоа еве баба ми не се плашеше од кучиња,па кучето на комшиите на кое беше научена, Мечо, и ја касна раката. Тоа ми го направи поголем стравото. А кога на улица ќе сретнам куче да како луда се однесувам. Што да правам ти си мислиш мене лесно ми е?
    Мислам вие што немате кинофобија нас не сметат за просто кажано ненормални. Шо бе од кутре се плашат.
    Ти прво не си била во наша кожа да знаеш. Кога ќе видиш куче да ти е страв да пиштиш како пред колење.

    Ок како и да е кажете ми како да постапам нареден пат кога детето ке добие напад како денес. Навистина ми е тешко?
     
  7. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Како прво треба да се разграничи страв од фобија, фобијата е три пати поинтензивна од стравот. Сакате да кажете дека има некој што не би се исплашил ако агресивен пит бул или доберман трча накај него и лае? нормално дека сите би се исплашиле, но фобијата е многу поинтензивна, за фобии се предодредни психо/терапии, сеанси, разговори со психијатар и слично.

    Друга работа е тоа што неедуцираноста е исто така голем проблем, воопшто кај луѓето во мк и кај оние што чуваат домашни миленици, не е работава да чувам куче или маче толку едноставна, живо суштество е, голема одговорност! Барем базични познавања да имаш за тоа што како со миленичето, па консултации со ветеринар, вакцини, стерилизации за помалку агресивни да бидат итн. тоа е причина плус поради која се плашиме затоа што знаеме дека животните у земјава се сфаќаат здраво за готово ко за играчки да се збори а не за живи суштества, што е многу трагично и жално :(

    Во секој случај не треба да се мешаат тие поими, страв сите имаат делумно со помал или поголем интензитет а фобичните доживуваат шок кога се во контакт со тоа нешто што им преставува фобија, се потат, возбудени се, губат здив, некои дури се онесвестуваат итн. а совет како да ја пребродите оваа фобија треба да се побара исклучиво од психијатар.
     
    На 1209, mims-89 и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  8. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Од некоја причина веќе не се плашам толку многу од кучиња. Се' уште не ми е пријатно да сум во близина на скитничко куче, но не ме фаќа таква паника како порано. Понекогаш можеби само треба време за да се надмине одредена фобија.
     
  9. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Дечко ми има страв од кучиња..и многу е смешно кога поминуваме покрај куче..ако е на негова страна целосно се трга и префрла на друга страна:rofl::rofl::rofl:
     
  10. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Vo kuce doverba nema :):):)
     
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам најискрено, кога се враќам пеш сама навечер од некаде, повеќе доверба имам во кучињата скитници кои одат по мене и ме душкаат отколку во луѓето кои ги разминувам. Односно во кучињата имам целосна доверба, а во луѓето ниту малку. И секогаш ќе биде така.
     
    На 1209, Trxmx, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не треба веднаш да си доделувате „фобии“. Фобија од нешто значи да имаш нереален, нелогичен, претеран страв од нешто. Се сомневам дека сите вие имате фобии. Едноставно некој се плаши од кучиња некој не се плаши. Можеби зависи од воспитувањето, од тоа колку како мали сте биле во близина на кучиња или нешто друго.
    Пример јас обожавам кучиња и општо животни, и не се плашам во глобала. Како мала ме има и каснато куче и тоа огромно беше па ете сеуште неизмерно мили суштества ми се кучињата. Секако сите кучиња како и сите луѓе не се исти, има некои болни агресивни, некои уличниот живот таков ги направил, некои се толку тепани и мачени што си имаат свој одбранбен механизам. Не треба да се категоризираат сите кучиња како недоверливи заради некои од нив. И од луѓето има агресивни и болни па не ги отпишуваме сите во глобала.
    Кучињата ми се поим за верност, другарство. Често и по улици застанвам и галам кучиња им давам храна вода итн. Никогаш не ми се случило скитник куче да ме нападне, тоа што ме нападна беше домашно куче и знам дека не беше негова вина што е такво туку на сопственикот бидејќи тој така го одгледа намерно.
    Повеќе им верувам на кучињата, од колку што им верувам на луѓето.
     
    На eloves и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  13. Lina Stojanoska

    Lina Stojanoska Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Јас како помала многу имав страв од кучиња , сега од помалите кучиња немам и од оние што не закачаат ама од оние поголемите а и ако закачаат си го имам стравот.:mm:
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Сите луѓе што сум ги сретнала во животов ме изневериле. Сите кучиња што сум ги сретнала во животов ми биле лојални и верни, моето еднаш ќе влезеше во неволја за да ме спаси. Ниту еден човек не ми помогнал да се изградам емоционално (бев емоционална личност пред да земам Ердел Териер). Денес сум многу поизменета благодарение на мојот Ердел, ме насочи кон кого да покажувам емоции, а кон кого не. Да ти кажам, повеќе би верувала на кучињата, затоа што тие покажуваат видливи знаци пред да нападнат, луѓето не. За жал многу луѓе мислат дека кучињата напаѓаат без причина... Но уствари тие се тие кои напаѓаат без причина, а кучињата само реагираат. Кратко кажано- луѓето се слепи. :)
     
    На Trxmx, eloves, Sunshine.Sunshine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    20.968
    Пол:
    Женски
    Пред да ја отворам темава си мислев дека е ненормално нешто да бегаш од кучиња и во нивна близина да се осеќаш ѓоа попарена, али ете сеа сфатив до некаде дека не сме сите исти.
    Скоро сите другарки бегаат од кучиња како вампир да виделе.Ајде да беа некои големи, страшни, ама не не..бегааат од толку слатки кутриња и ми иде да им ја ''залепам'' една.Како можеш така нечовечки да се понашаш со малечко суштество, да го псуеш и клоцаш.Вие имате право и да се плашите, и да не ги сакате во ваша близина се е то океј, али немојте бре секако да се однесувате со нив иако ништо не ви прават, нема да ве изедат побогу.|(Баш на училиште пред некој ден дојде малечко кутренце, абе душичка.Околу нас само да се врти, легнуваше до нас и не посматраше цело време, не мрдна.Станавме ние и дошло до една друга група на ученици кои си беа собрани на купче и нормално исто си се понашаше.Коа почнаа едни ''пуфлици'' да пискаат да урлаат, да го шуткат ми зовре во крвта и посакав истото и нив да им го прават.Немаат грев бе?:|
    Јас од никогаш сум немала страв од животни, од мала сум на некој чуден начин приврзана за нив и покрај бескрајните и неуспешни обиди да ги убедам моите да присвоиме некакво животинче дома.Затоа сама од улица влечкав кучиња и мачиња, доволно за да ме исфрлат и мене од балкун заедно сосе нив.:lol:На секое куче што ќе помине и што мислам дека нема да ме нападне(им се гледа искреноста во очите) почнувам да го галам,огромна љубов имам и на моите доживотно ќе и бидам лута што не ми ја исполнуваат единствената желба.Сеа уште повеќе се поврзав со кучињата, пошо дедо Бог да го прости додека беше сеуште болен купи кутре, и по неговата смрт многу се приврзав со него, малце е диво али никако да те касне.Само го хранам,го галам, му зборувам..Една другарка коа виде како ми ја лижи цела рака почна да преврќа очи, али ич не ми е гајле, нека си се плаши она, не знае што љубов пропушта.:D
     
    На Trxmx и Olli28 им се допаѓа ова.
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    @christinnn па што не си отишла таму да им покажеш? Да видев јас такво нешто, немаше да поминат лесно, кај мене на улица куче врзано не смее да има, камо ли па да видам да малтретираат куче ради тоа што така им тртнало. Јас сум груба кон уличните кучиња само ако почнат да одат по мене КОГА ЈА ШЕТАМ МОЈАТА КУЧКА, затоа што големо куче е, влече кон уличното за да игра (патем млада е) и кога се брзам за некаде ме успорува. Кога имам повеќе време ја пуштам да игра со било какви кучиња. Ма да во последно време издресирани се кучињава од моја населба од мене и кога поминувам доволно е да им кажам "не" и "седи тука" и веднаш слушаат.
     
  17. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Дaли е нoрмaлнo дa oдите пo улицa и нa секoј 10ти чекoт дa се вртите зaд вaс дa видите дaли имa куче?
     
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.547
    Допаѓања:
    6.312
    Ооо, никогаш. Јас па помини, замини, само галам некое куче што ќе помине по улица. Кај што живеам јас има една фирма и имаат куче чувар, вучјак е мислам ама никој не го гледа таму, ич не го тинтраат :( а вечер го пуштаат од ланец во дворот. Ама, не знам што куче чувар ќе беше ова зошто кој и да помине, ова се плаши и бега наназад. Само јас кога ќе поминам, уште оддалеку ме познава и се мести покрај оградата за да го галам, и а ја мрднам раката одма се возбудува, почнува да скока на две нозе за главата да му ја галам. :inlove:

    Порано имаа уште едно куче таму, ама почина од шеќер :( и со тоа многу се сакавме, кога поминуваше некој лаеше, ама ако јас ставев рака на него одма престануваше и се мазеше, ме лижеше за да не ме уплаши. Обожавам кучиња, и големи и мали, само од ова на другарка ми ме фаќаат живците, зошто само што му пораснаа забите и многу му се остри, и секогаш кога ќе дојдам прво што прави за рака ме фаќа, цела сум со гребаници од него. ]:)
     
  19. eleven

    eleven Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    дали некој ја има надминато оваа фобија? Мене ми е претерано страв од кучиња највеќе од улични ,особено кога ќе почнат да те следат..Многуу ми е страв сама да се шетам а посебно навечер избегнувам да сум сама баш ради овој проблем. Може малце е смешно али не се опишува колку ми е страв од кучињава и од километар да видам повеќе насобрани поминувам од друга улица:@
     
  20. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Сестра ми ја надмина.
    Заедно со мене доаѓаше да ги храниме уличните кучиња што секоја вечер ги хранам за своја душа. Од тогаш, во тегла си носи храна во ранец и кога и да види улично, му дава да јаде. Од неодамна на плоштад ставила на едно а се стрчале пуно, вели потта и се заледила, истурила пола тегла колку што имала и постапно си се повлекла.
     
    На eleven и CameliaMiller им се допаѓа ова.