1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кинофобија-страв од кучиња

Дискусија во 'Психологија' започната од Papillon.Papi, 8 декември 2013.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.459
    Допаѓања:
    82.084
    Пол:
    Женски
    Јас ,на 35 год.Од како земав куче,решив да се соочам.
    сега не само што не бегам од улични,туку ги хранам,ги носам по ветеринари,на стрерилизации,пансиони...
     
    На eleven му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eleven

    eleven Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    И ја обично кога сум надвор знам да му дадам на некое куче што ми е познато да јаде али ете исто, по него уште милион ќе се насоберат и ме фаќа огромна паника. Стравот уште ми е поголем и баш дека чуствуваат страв тоа ми е капак на се..
     
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    И јас вака. :|

    Баш така од позади ме нападна улично куче. После лузната што си ја имав долго време на нога и 10тина вакцини за беснило/тетанус придружно имам и паника од кучиња. И тоа исклучиво ако се движат позади мене. Ми доаѓаат flashback-ови. :worried: До мене или пред мене ако се шетаат не ми смета.

    А на овој во афект не знам што би му направила. :D
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    8.718
    Пол:
    Женски
    Како мала да, бидејќи ме гризна куче. Веќе немам таков страв, го надминав и не ми е проблем да сум во близина на кучиња. Сакам кога си играм со нив и се чувствувам баш убаво.
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.543
    Допаѓања:
    6.309
    Мене ми се има случено да ме гризне улично куче може два пати, на толку се сеќавам. Секогаш си прибирав кучиња од улица, ќе погалам едно и ќе ми се соберат уште пет да ме следат и ги галев и нив. Еднаш така галејќи куп кучиња, почнаа да ми скокаат, да ме гребат и да ми ја фаќаат раката во уста, не ме пуштаа. Ама не се уплашив, само гледав да се тргнам зошто премногу беа и не можев да продолжам напред. Друг случај, во комшии кај другарка ми имаат некое агресивно куче што не разбирам зошто некогаш го пуштаат слободно на улица да се шета. Почна да ме лае уште од подалеку, кога ме виде спринт се затрча накај мене, ми ржеше и сакаше да ме гризне, јас само се свртев спрема него, застанав и го погледнав во очи, застана и тоа и си седна. Па газдата ме пофали што не сум се уплашила, кучињата го осеќале стравот и тогаш напаѓале... Ама воопшто не се согласувам со тоа, зошто ете не мене, ама тоа куче има нападнато други луѓе и не е во ред кога знаеш дека имаш агресивно куче така да го пушташ слободно на улица.

    Стравот од кучиња е многу реален, иако ете јас лично не можам да гo разберам, ама не се сите луѓе исти. Снаа ми што цел живот сакала кучиња, еднаш ја касна за рака домашно куче, многу ја стегна и ја раскрвари, во болница заврши после.. Со месеци ја болеше раката на тоа место, лузна и остана и од тогаш има уплав од кучиња. Затоа, моја препорака не бидете како мене и да ги галите сите кучиња по улица зошто ете ова нејзиното беше домашно, но сепак на улица го виде прв пат.