Киселини во желудникот

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од pilar, 4 март 2010.

  1. pilar

    pilar Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Јас имам киселини во желудникот и сега треба да правам анализа на крвта да видам дали ја имам хгб бактеријата која би можела понатака да ми предизвика чирови.Дали некоја од вас имала таков проблем со киселини или нешто друго со желудникот и дали имате совет за некој природен лек :worried: фала однапред
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.904
    Допаѓања:
    75.913
    Пол:
    Женски
    Зависи колку време ги имаш... во секој случај, не е лошо да си направиш испитувања за хеликобактер пилори, па мислам дека ако ти се позитивни тестовите ќе мораш да пиеш комбинација од лекови, која што и јас ја пиев превентивно и не е толку страшна, без гајле ;)
    А ако сакаш нешто домашно за киселините - чаша ладно слатко млеко помага, исто така неколку зрна ориз да ги проголташ со малку вода (неварен ориз) или пак да изедеш маслинка со се коска - звучи глупаво ама навистина помага! Во секој случај, ништо не губиш ако пробаш! ;)
     
  3. Fairybell

    Fairybell Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    25
    Јас можам да ти кажам колку сакаш лекови,и медицински и народни,само изрази желба за експериментирање :D Шала настрана.Значи убаво ти кажала Annath,оди да си провериш бактерија во желудник и соодветно со резултатот ќе ти дадат терапија со три антибиотици која најчесто трае три месеци па се оди на контрола.Терапијата не е воопшто тешка или со нуспојави,а има супер ефект за твојот желудник како и секако за целокупното здравје на организмот.Тестот исто е едноставен,ти земаат венска крв и готово.Не ти ги препорачувам народните лекови оти тие имаат само времен ефект,а после тоа пак се појавуваат киселини.Избегнувај да јадеш касно и се што си заприметила дека ти предизвикува киселини.Верувај дека оваа тема ми е добро разработена,зашто кај мене дома сите го имаат истиот проблем освен јас,а јас се чувам гледаќи од нив што не треба да правам.Инаку 98% од населението на ова поднебје ја има во желудникот оваа бактерија,ама таа предизвикува тегоби само ако створи колонии односно ако се размножи многу во желудникот и дванаесетпалечното црево.Се надевам дека ова што го пишав ќе ти помогне.Па пиши ми за резултатите ;)
     
  4. pilar

    pilar Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    фала многу па да јас утре треба да отидам да ми ја испитаат крвта за таа бактерија ама многу ми е страв :worried::worried::worried: ке ви пишам држете ми среќа
     
  5. Fairybell

    Fairybell Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    25
    Pilar нема што да ти биде страв,се е едноставно и безболно.Само ќе треба со упат од матичен да појдеш во микробиологија и тамо да ти земат крв и толку,и ќе ти кажат кога да појдеш по резултати.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.904
    Допаѓања:
    75.913
    Пол:
    Женски
    Малку си грешка за бактеријата, и не е толку честа, погрешно е тоа мислење... не е кај сите што имаат чир присутна, и не значи дека сите што ја имаат ќе добијат чир, а се внесува ако храната е заразена со фекални материи (најчесто така се случува)...
    Јас имам нервозен стомак, така го викаат, често имав киселини, па превентивно ја пиев таа комбинација од лекови од кои едниот е антибиотик, другиот блокатор на протонска пумпа, и третиот од категоријата на антимикотици (Lincocyn+Omeprazol+Flagyl)... не тврдам дека 100% ми помогна, затоа што понекогаш имам киселини, пак, ама не толку како порано...
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.339
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека Рупурут апчиња за шмукање помагаат против киселини.
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    ohooo..kolku imav periodot koga go polagav posledniot ispit!me maltretirase profesorot i na nervna baza..mi se pojavi..pa duri i ne mozev da jadam..koga jadev ne mozev se bas,imav problemi...i povrakav kiselini..ma se namaciv..i sto ti ne probav antibiotici,apcinja za smukanje..griz itn.otkako poloziv i zavrsiv tolku mi olesna sto poleka i se smiri nervozata a so toa i kiselinite...so vreme i skroz mi isceznaa
     
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Женски
    Фала му нA бога не сум имала,еднаш или давпати помнам и тоа само ако се предозирам со домати,во било каква форма.Затоа почнав да внимавам кога јадам и колку(макар што сум ненаситна за нив).Но татко ми и дечко ми..уффф тоа е тежок проблем со нив.Татко ми дури и жива сода пие во вода растворена па да му помине.А за дечко ми знам дека му е од нонстоп јадење скара.Значи мелено месо,месо,па пак мелено.Откако почна да го намалува,помалку има киселини.
     
  10. Fairybell

    Fairybell Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    25
    Девојки извинете што сум пишала грешки,ама така ми пренесле и мене.Ова ми го кажа една докторка кога другарка ми имаше хроничен гастритис од таа бактерија.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.904
    Допаѓања:
    75.913
    Пол:
    Женски
    Не ме сфаќај погрешно ферибел, не сакав да те навредам со тоа што укажав на грешката, а може и не е грешка... јас го знам она што сум го учела, ама како и да е, двете истото го кажавме, горе-долу :D :D терапијата е таа...
     
  12. Fairybell

    Fairybell Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    25
    Ама не се навредив,само научив нешто корисно :)Битно е да се помагаме и да си даваме совети.Јас за оваа болест,ако може да се каже така,научив оти сите кај мене дома имаат таква мака и плус другарка ми кога беше во болница.Значи,нема никакви навреди.Фала за исправката,и се надевам и помогнавме на Pilar.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.904
    Допаѓања:
    75.913
    Пол:
    Женски
    И јас се надевам дека помогнавме, затоа што знам како е да имаш мака со стомакот и киселините :? :? :?
     
  14. pilar

    pilar Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    фала де4ки на советите бев на испитувања ја имав таа бактерија ми дадоа лекарстава и тоа три пакет4иња апциња :worried::worried::worried: ама тоа е... сеа малце ми е подобро деновиве па ке видиме понатака како ке биде се надевам ке исчезне зашо ова не би му го посакала на никој со стомаков и киселините сепак фала на подршката и разбирањето девојки :)
     
  15. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    100
    Pilar Каде беше на испитувања, во Скопје ли??? На која клиника, колку пари те кошташе???
    Јас бев во Скопје во РЗЗЗ(микробиологија), деновиве, но ме вратија зошто немале реагенси. Каде испитуваше ти???
     
  16. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Гастритот е честа појава и јас има секој втор човек. Уффф кога ќе ме фатат болки умирам, ама си пијам ранитал таблетки имирна глава до нареден пат :D ако имате киселини при спиење, лежете на страна зошто тогаш хранопроводот се наоѓа во искривена положба и не дозволува да дојде до киселина.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.904
    Допаѓања:
    75.913
    Пол:
    Женски
    Ако имаш гастритис, оди и ти да си провериш да не ја имаш оваа бактерија, пошто може да предизвика хроничен гастрит... раниталот помага само привремено, па затоа е најдобро да провериш да не имаш хеликобактер... чисто заради себеси, а не е нешто многу комплицирано... поздрав


    Pilar, не се грижи, ќе ти биде подобро кога ќе ги испиеш лековите... е сега флажилот е малце незгоден (ако ти дадоа и тоа) ама немаш гајле ;)
     
  18. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Мајка ми работи на клиника, бев и гастрит е, ми рекоа да пијам ранитал се додека ми помага, зошто повремено е кај мене, ретко ми се појавува.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.904
    Допаѓања:
    75.913
    Пол:
    Женски
    Па добро, јас само да ти кажам, ама кога веќе си имала човек таму, нема проблем ;) :D :D :D
     
  20. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    фала на советот, сепак ;)