1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Киселини во желудникот

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од pilar, 4 март 2010.

  1. pilar

    pilar Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    де4ки а да ве прашам што е тоа гасттитис какви симптоми има??? јас пијам флажил ланзул и амплицин нз како се викаа и зашто флажилот се малце незгодни ??? :worried::worried::worried:
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Flagyl остава многу гаден вкус во устата и со тоа многу го намалува апетитот, т.е ми беше променет вкусот на храната, гадно ми мирисаше се... барем кај мене беше така.... инаку, се пие само десет дена мислам, па ќе издржиш ;)
     
  3. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    ЈАС ИМАМ ПРОБЛЕМИ СО ЖЕЛУДНИКОТ САМО ПОВРЕМЕНО, НАЈЧЕСТО НАВЕЧЕР НО НЕ ОД НЕКОЈА ПОСЕБНА ХРАНА , ДАЛИ ЗНАЕТЕ НЕКОЈ ПРИРОДЕН ЛЕК ЧАЈ ЗА ТОА? ФАЛА
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    За повремени болки во желудникот убаво е да се напиеш едно филџанче ладно млеко.
    Или пак имам читано, ама не ми текнува каде, од квасец, ќе направиш едно малечко топче (колку едно апченце) и ќе го голтнеш. (викаат дека поминува така)
    И можеш да пиеш чај од кантарион, ама без шеќер.
    И без нервози, може да ти е на нервна база.
     
  5. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Да, порано често ме болеше желудникот и ми помагаше чај од нане, и лежење на грб. Поздравче
     
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Девојки јас имав бактерија,посебно навечер имав киселини,и овие два дена како некое гадење ми доага,јас ги завршив таблетите се пиеја за 7 дена,и морам пак да се проверам Дали ја имам уште бактеријата,Инаку Bugs знам дека се викаше,дури и мажот ми ја имаше-можеби уште ја има :^)
     
  7. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    јас знам да имам сега поретко, но порано патев секој ден, се пијат Рупурут или Рутацид таплети за шмукање, поминува бргу.

    знам дека киселини ме фаќаат од благи работи, најчесто млечно чоколадо особено ако е така малку тужно и сладолед, разни макала, особено оној летен пинџур, пржена и масна храна која и не ја јадам често но ете кога јадам ме фаќаат, сега поретко јадам ваква храна и приметив желудникот ми е многу поиздржлив.
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Сега во бременоста киселини ме утепуваат од густи сокови (домашни и купени). Плус понекогаш ми се појавува и такво страшно жежење внатре, како оган да ми иде од внатре. Има некој лек за ова жежење?

    Инаку, кога имав потешкотии во желудникот и киселини (пред бременоста) си правев домашен лек: една лажичка мала оцет, сода бикарбона, шеќер сето тоа во 150-200 мл вода и го пиев на екс. За 5 мин ждригав гласно и ко препородена бев :$
     
  9. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Дали сте имале киселини во желудникот?


    Е Блонд ова го немам пробано а јас и маж ми многу често имаме киселини,јас многу имам кога јадам грав
     
  10. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.358
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Девојки,

    Јас кога имав киселини бев на лекар и ми открија камчиња во жолчката, па пред 2 недели се оперирав. Не е лошо да си проверите и тоа. Не е болен прегледот се гледа на ехо :)

    Позз
     
  11. Boom

    Boom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    10
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Ако имате киселина земете и напијте се едно лажиче сода бикарбона со вода, но не растворена, туку содата ставете ја во уста и после со водата само голтнете ја, ќе ви помине.

    Прочитав и некое мислење дека после јадење грав има киселина, во тој случај можеш да пиеш кисела вода и ќе ти помине ;)
     
  12. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Доколку имате киселина, голтнете 10 тина зрна жив ориз и напијте се една чаша вода. Навистина делува и за некои 10 тина минути ке ви помине мачнината ;)
     
  13. Gernika

    Gernika Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    во право си и тоа како помагаат !!! ги користам редовно секојдневно веќе 4 години и немам повеќе проблеми со киселини
     
  14. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Желудник

    Nekoj neka mi kazi so da pravam so zeludnikov oti me boli od vreme na vreme i imam kiselini. dosega nemam pobarano medicinska pomos. pa nekoj neka me posovetuva so da pravam i dali e nesto nasledno oti ovie problemi gi ima i majkami.
    Fala odnapred
     
  15. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Не мора да значи дека е наследно. Оди да испиташ крв, поточно дали имаш хеликобактер. Многу луѓе ја имаат, некои не се ни свесни бидејќи не им пречи, други повремено имаат тегоби, кај треба предизвикува гастрит кој ако не се лечи може да доведе и до појава на чир. Така да испитај си и мирна глава.
    Инаку читам дека некој препорачува млеко за киселини... Хмм девојки, тука мислам дека се прави мала утка. Видете, ако некој пие млеко редовно можеби ќе му помогне, но мене лично (многу ретко пијам млеко) ми прави уште повеќе мачнини и киселини. Така да млеко не пепорачувам ич за киселини кај оние кои не пијат редовно.
    Мене конкретно ми помага мастика за џвакање, нормално се лачи повеќе плунка и се меша со киселината во желудник, но кај мене, сега барем, не е хронично, туку ако јадам одреден вид на храна.
    И не претерувајте со апчиња, многу лесно се станува зависен особено од такви. Може е потешко да го смените начинот на исхрана, но е поефикасно, поздраво и подолготрајно. Па во краен случај ако мора, тогаш прејдете на апчиња.
     
  16. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Во последно време се почесто имам киселини во желудникот,толку многу се неподносливи што ме тера да се запрашам навистина да не е нешто сериозно.Инаку и кога јадам јаболки повеќе од две и киви и некои други овошја исто имам киселини,дури и болки во желудникот. :(
     
  17. feminagirl25

    feminagirl25 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    15
    киселини во желудникот

    киселини во желудникот имам нон стоп и секој ден пијам ранитидин.имам заприметено дека неговото дејство му е 6-7 чаца па некогаш земам и по две апчиња.некогаш имам киселини кога пушам цигара,некогаш од некое јадење,некогаш само вода кога ке се напијам,а некогас и од ништо ;( бев на доктор и ми се прегледав со сите можни прегледи и немам ништо.докторката ми вели дека можно е да е на нервна база :^) стварно не знам што да правам :( дали некој знај некој лек на природна база или некој чај или што знам нешто?
     
  18. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    киселини во желудникот

    Содичка :)
    Знам татко ми има проблем со киселини.. Во една чаша од 250 мл. една кафена лажичка сода бикарбона убаво ќе промешаш и кога ќе почне да се крева нагоре ќе ја испиеш на екс. И после тоа ќе те натера да ждригнеш и ќе ти помине. Татко ми и дедо ми цел живот со тоа се лечат. 8)
    Се надевам помогнав колку толку...
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. odeta

    odeta Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    киселини во желудникот

    Пробај со чај од нане.
     
  20. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    јас имам киселини на желудник од пред некое време...(наследно ќе да е)
    колку што можам избегавам да пијам апчиња и сода...се лекувам со лажица маслиново уље наутро на гладно и ми помага...секако избегавам да јадам храна од која имам заприметено дека ми ствара киселини а тоа се
    киви портокали и банани на гладно (ако ги јадам во текот на денот нп ама од сабајле никс :tmi: )
    кафе на гладно
    лиснати работи и месени со квасец
    манџурии тешки и сл...