1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Киселини во желудникот

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од pilar, 4 март 2010.

  1. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Кажете некој домашен лек против киселина, од сабајле ми жеже грлото, како оган да има во мене и ждригам ;( Само да не е тоа со содата, нема шанси да го испијам :puke:
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    периодов се почесто и почесто, се посилни и посилни, еве моментално ме убиваат киселини ...
     
  3. Leika

    Leika Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    49
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Јас да се умешам, многу е битна крвната група, ако евентуално не се работи за моментални киселини, обично луѓето со 0-та група имаат зголемени киселини во желудникот, затоа и тие групи ретко кој може да биде вегетаријанец, а плескавица за доручек им е како геврек, и се тоа благодарение на силните киселини ... ако се мометални, сода бикарбона лажичка е лекот сигурен, ако си ги имате, тоа е до зголемена желудечна киселина што напоменувам е одлика на 0-та група, сепак стручен лекар кој си ја знае работата ке ви каже сигурно!
     
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    22.506
    Пол:
    Женски
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Мислам дека не сум имала до сега киселини. И не ни сакам да имам.
    Но знам дека дечко ми има често, особено кога јде нешто тесто, како баница, и такви работи. После тоа му е тешко на желудникот.
    Не знам лек за ова затоа што до сега (да чукнам во дрво) не сум страдала од истото.
     
  5. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Пробајте со чаша сода бикербона :)
     
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Татко ми цел живот има киселини во желудникот, ама страшни киселини. Мораше да внимава постојано што ќе касне, зашто после ништо не ги лечи киселините. Пред извесно време, по препорака на роднини, почнавме да полниме вода од Катланово, таа што е покрај патот, што мириса на расипани јајца :D
    Дали од промена на водата, знаеме дека скопската е за нигде, или баш поради оваа вода, ама откако почна да ја пие, ниеднаш се нема пожалено на киселини или болки во желудникот. Значи ова од личен пример, знам, зашто он секоја вечер порано се жалеше на киселини, а сега е супер.
    Водата иначе кога се полни мириса и е топла. Ама за еден ден, сама се лади (не во фрижидер) и не мириса и е убава за пиење. Дали лечи или не лечи, колку е добра или не, не е мое да кажам, ама за киселините во желудникот, водава е цар.
    Па кој има големи маки и е во можност, може да појде и да си наполни некое шишенце. Немора толку често да ја пиете, постојано, ама кога имате киселини со една чаша ќе ви помине и ќе сте супер :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eli999

    eli999 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Здраво на сите!И јас го имав овој проблем со киселини,неподносливо беше,неможев буквално ништо да јадам.Слушнав за еден народен лек,најпрво неверував,потоа си реков да пробам.Многу едноставно 10 денови наутро пред јадење да земав по две зрна грав,исто како апче го пиев.Одтогаш незнам што е киселина,еве веке две години.Пробајте вистина е многу ефикасен лек. :) Поздрав
     
  8. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    145
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Озбилно?!? Ако е така, не по 2 по 20 ќе земам само да ми помини :lol:
     
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Годинава ми се појавија.
    Се навечер ме фаќа. Како огин да имам во уста.
    А највеќе ми е криво, кога ќе ме разбуди од сон. ]:)
    Пробувам да пијам вода, или што ми дојде, помага... после саат време. :wasntme:
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Ладно млеко пиј, голтај неколку зрна ориз или коски од маслинки (ова второво ако можеш, јас не можев, ама оризот ме спасува).
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Еј , баш фала мноогу ке и кажам на мајка ми проблемов го има цел живот и исто како татко ти - катастрофални киселини! Фала , иначе таа водата , иста е како газирана и да од почеток мириса на расипани јајца :puke: , ја пиев за бубрезите и мноогу ми помогна, ама ете, незнаев дека е и за киселини :) Иначе стварно е многу гадна од почеток и неќев да ја пробам :worried: :x
    Супер за ова иначе мајка ми ја спасуваа само Ранитидин и сода :)
     
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Сега за сега не... Како мала ја прашвав мајка ми, мамо како е да имаш киселини во желудникот, сакам да знам. Ми велеше поарно да не знајш, многу лошо било :?:
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Дали сте имале киселини во желудникот?

    Rutacid се шмукаат таблетки се, мене ми помагаат :)

    [​IMG]
     
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Веќе извесно време имам проблем со киселините во желудникот.
    Некои јадења не ни можам да ги јадам,на пример од течноста на јаболкото,крставицата...веднаш ем ме боли желудникот ем после имам киселини,ама со сила јадам.
     
  15. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    за прв пат ми се појавија киселини во бременоста и еве уште си го имам тој проблем. имам киселини од се живо. а не сакам цело време да сум со апчиња, пиев рупурут, ама па ни без нив не се може. Порано не знаев што се киселини, а сега ми се секојдневие.
     
  16. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

    Не знам дали прашањево што ќе го поставам е соодветно во оваа тема, но ќе се обидам да пишам тука еве и ќе ми извините ако местото на прашањево не е за тука.
    Вака, сакам да ве прашам еве веќе месец и нешто имам навечер јаки киселини во стомакот. Не јадам многу за да речам дека ми е од јадење. Кој знае :^) И да е од јадење тоа ќе трае неколку дена нема да трае месец и нешто.
    Не сум трудна не ќе да е од тоа (како што мислеше мама) :lol:
    Сакам да ве прашам доколку некој има познавање нешто да ми каже да не е сепак до исхраната или нешто друго. Баш пред некој ден сабалјето накај 5,30 часот ќе се угушев од киселините нагоре ми дојде јадењето и се загушив во сонот мислев ќе умрам. :x
    Очекувам одговор доколку некој знае. Поздрав :hai:
     
  17. Rebeka-1

    Rebeka-1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2
    Moze li da mi e poduen t.e otecen stomakot od toa sto zeludnikot mi lazi poveke kiselina od potrebnoto?
     
  18. Sunshine1988

    Sunshine1988 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Да, може. Подуениот стомак е знак дека имаш проблеми со желудникот. Мој совет е да посетиш гастроентеролог и да ти направат гастроскопија за да се открие точното заболување на желудникот.
     
  19. Rebeka-1

    Rebeka-1 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2
    Jas bev na doktor i mi kazaa deka imam gasovi vo stomakot i zelunikot mi lazi poveke kiselina,a i kamen na bubregot,veke nedela dena pijam terapija i nikako da mi splasne stomakot nemam nekoe podobruvanje :(
     
  20. Idealista

    Idealista Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    Упомоч људи! Грлово ми е надразнето како да сум повраќала и ме тера да кашлам и ждригам од време на време. Киселина ли е, што ли е не знам. Прееска повратив вода само, мислев ќе ми олесни ама ништо еве го пак се врати.