1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кламидија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од bibikim, 20 декември 2009.

  1. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Ве молам некое искуство со кламидија....... Микробиолошкиот вагинален брис на кламидија е негативен, а испитани се антитела на кламидија преку крв позитивен, но минимално позитивен... Искуства????
     
  2. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Ве молам за одговор или некое искуство ?
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.007
    Пол:
    Женски
    Јас досега си правам редовно ПАП тестови и сите биле добри до сега, но не знам дали редовно со овој тест се прави и тест за Кламидија или треба да си кажеш стрикно дека сакаш да ти направат.И дали гинеколог ги прави овие тестови или не.Јас правев пред некој месец целосна крвна слика и уринокултура и се беше добро, дали ваква бактерија би се покажала на крвна слика? Прашувам од причина што два месеци по ред имам крварење меѓу менструација, ми е пореметен циклусот и имам силни болки при менструација, а еве сега и од кандида се лекувам.Имам партнер веќе седум год и само со него сум имала односи воопшто, а и знам дека тој не ме изневерува, така да се плашам да не имаме кламидија и двајцата.Некој совет?Инаку закажав за преглед за некој ден ама до тогаш ќе ме изеде мисла.
     
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    38.332
    Пол:
    Женски
    @1209 микробиолошки брисеви треба да се земат за да се открие дали има кламидија или други инфекции. Така побарај од матичниот гинеколог. Само така ќе знаеш сигурно, на друго не покажува.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.007
    Пол:
    Женски
    Значи може и матичниот да земе брис за тоа, не мора да одам во клиника за микробиологија?
     
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    38.332
    Пол:
    Женски
    Матичниот ги зема, па после се пуштаат во микробиологија.
     
    На 1209 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Тој ќе ти земе брис и ќе те прати во микробиологија да го однесеш. После ќе си ги подигнеш резултатите кога ќе се готови, и тоа е тоа.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. stelaohrid

    stelaohrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Се лечев од кламидија две години испив се и сешто, последно земав таблети рокситромицин испив две дози и се изчечив еве десет години не ми се повторила често правам брис контрола
     
  9. Inas&

    Inas& Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Мене лани ми покажа исто вака вагинален брис негативен а преку крв позитивен мал број на антитела,за 3 мес напраив пак вагинален брис и покажа позитивен,според мене преку крв е поточно,на 2 или 3 бриса ми покажа имам па немам па имам и се така :(
     
  10. Doritea

    Doritea Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Ве молам дали некој може да ми помогне околу резултатите? Ништо не разбирам. Имам ли многу малку. Збунета сум :(((

    серологија :C . t r a ch oma t i s I gA
    резултат : п о зитив е н
    единечна мерка :Тит ар
    референтни вредности :< 1 : 8
    метод :E IA


    Ch l . t ra chom . IgA-ан ти тела ( E IA)
    > 2 0 0 . 0 U/ml ( р е ф ер е н т ни вр едн о с ти : < 2 2 . 0 U/ml )
     
  11. frog

    frog Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Девојки, веќе некое време се обидуваме со партнерот да зачнеме, да кажам поинтензивно последниве месец-два. Ме наплашија некои коментари од пријателки дека ако сум имала некогаш хламидиа, можело да биде причина за проблем при зачнување, како и дека хламидиата се повторува. Јас имав искуство со хламидиа единствено при промена на партнер. Еднаш и единствен пат во живот, пиев сумамед ударна доза ми даде геникологот и ми кажа дека е добро да се направат контролни 2-3 теста, на неколку месеци , ако ја нема , нема да се повтори, него можеш пак да ја добиеш со пренос. Секогаш сум уредна со прегледите, и до сега се било во ред. Имав некои водени цисто порано,што организмот ми ги создава од време на време и пукаат. Освен канали , се имам проверено и е ок. Има шанса од хламидиата да имам некои последици иако од тогаш ја нема? :(
     
  12. stelaohrid

    stelaohrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Кламидијата ги затнува јајцеводите ако ја имаш долго време
     
  13. frog

    frog Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Па не би требало да ја имам долго, секогаш правам прегледи редовни на 6,8месеци.
    А во моментот кога ја добив , имав правено некој месец пред тоа, се беше ок, само што почнав да бидам интимна со сопругот, тогаш почуствував реакција и веднаш појдов на лекар.
     
  14. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Јас имав Кламидија и се лечев со една доза на Сумамед. Пред 2 недели и вереникот пиеше. Ме интересира после колку време можеме да имаме незаштитени односи? И дали со еден запушен јакник можам да останам бремена? Споделете искуство.
     
  15. Ely012018

    Ely012018 Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    На кој друг начин може да се добие кламидија ?
     
  16. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Дали може информација за докторката кај која успеа да ги излечиш бактериите.
     
  17. Tamare

    Tamare Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2021
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Дали некој се излечил од Кламидија што била во организмот 10 години без да знаеш?
     
  18. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Цела недела имам стрес дека го имам ова. Немам никакви симптоми, исцедок имам нормален ама прв пат во живот правев пап тест и докторката спомна нешто дека и имам многу исцедок па и личело дека имам инфекција. Сум имала само еден партнер, дечко ми, а он има само една бивша со која имал односи пред 4 години, без заштита. Дали би осетил нешто до сеа, дали фактот дека имам "повеќе" исцедок значи кламидија?
     
  19. *Ива

    *Ива Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    382
    Пол:
    Женски
    Јас до пред 3 дена пиев антибиотици бев настината а утре имам закажано предлед. Се мислам дали да откажам за понатаму за да покажат точно брисевите, има ли врска тоа што брзо пиев антибиотик?
     
  20. desperate15

    desperate15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Откажи, може лажно негативни да излезат брисевите.
     
    На *Ива му/ѝ се допаѓа ова.