И јас имам страв од затворен простор. Како мала се затворив во наткасната во спалната и останав таму подолго време, неможејќи да си отворам бидејќи капакот беше тежок. Се плашев да не останам внатре и да се задушам и оттогаш ми остана тој страв. Кога се возам во лифт едвај чекам вратата да се отвори за да излезам.
Епа калустрофобијата е анксиозно пореметување и обично се доживува како напад на паника кога влегувате по тесни скали, останувате затворени во една соба, влегувате во лифт, воз, авион и така натаму. Некои истражувања покажуваат дека 5-10,6% од луѓето кои отишле на магнетна резонанса имале калустрофобија. За неа има лек како сличен како и кај другите анксиозни преметувања. 1. Пациентот се остава во затворен простор за да неговата свест се соочи со за него најстрашната ситуација и кога ќе види дека нема да му се случи ништо тој се охрабрува. 2. Пациентот психички се подготвува со тоа што знае дека во него постои некаква фобија, потоа пациентот треба да биди и физички опуштен што сето тоа се работи со некој лекар чекор по чекор. И на крајот кога ќе можи сам да се соочи со неговиот страв. 3. На пациентот му се покажуваат луѓе во затворени простори повеќе денови. Му се покажуваат луѓе што се каде тој што не можи да појди. И пак истото ќе го види дека не му се случува ништо. 4. Пациентот се охрабрува со зборување од стручно лице и објаснува за неговите ставови и ставовите со пациентот. 5. Има и лекови кои помагаат за калустрофобијата а тоа не се некои посебни лекови туку лекови за смирување и анти-депресанти. Лековите се познати како бета блокатори и се користат за лечење на физичките симптоми. Па сега ти одбери кој начин ќе го користиш и се надевам дека ти помогнавме Чекам резултати.
Јас сум клаустофобична! Имам некаде прочитано дека секоја скорпија е...И имам многу скорпии запознато што се клаустофобични.. Да,ми се случува во клубовите да не можам да ја поднесам гужвата,но знам да се исконтролирам..Е кога се работи за вецето или мојата соба,секогаш имам отворено прозорец....Не е само до стравот,сакам да ми се менува воздухот,што викаме ние,да ми се луфтира!
^ и јас сум скорпија и јас си патам од ова. Не ми е толку изразено во дискотека на пр. доколку нема премногу гужва... последен пат почуствував таков напад кога бевме излезени со друштвото на еден концерт, и цело време ме буткаше народот... цела пребледев, се чудам како не се онесвестев... со лифтови не одам освен ако не е над 6-7 спрат.Тогаш обавезно со друг човек, сама никако не сум се качила. Исто осеќам пр. доколку сум у некоја заклучена просторија и неможам да излезам кога сакам е тогаш доаѓа лошото... Знам ова прв пат ми се случи како многу мала кога си игравме со брат ми, и јас се пикнав во шкафот, и кога посакав да излезам тој не ме пушташе вака можеби минутка-две... се дур не виде дека вриштам и плачам на цел глас. Не би можела да се замислам да одам низ некои лавиринти и тесни ходници, би полудела луѓееее А исто како што спомнаа предходно, никогаш не се бањам во вода над 2м длабочина, се си мислам којзнае што има доле а јас не можам да видам брр страв ме фаќа
Кога бев малецка, дечишта брливи што да правиш, си игравме и правеја некоја канализација на улицата кај баба ми и цевките беа извадени надвор - оние троа поголемите цевки, знаете. Измисливме игра кој ќе успее да се протне низ цевката победува. Е јас бидејќи многу брзо пораснав, поголемка од сите деца, тргнав и јас и се заглавив во цевката...ме влечеа, едвај ме извлекоа и од тогаш имам клаустрофобија на тесен простор. Не ми пречи гужва, ама кога ќе видам некаде низок таван или пак тесни ходници, почнувам да се гушам, анксиозност невидена ме фаќа Исто не можам да поднесам да немам простор над мене, значи понекогаш и во кола ме фаќа истото чуство ако неможам да ги протегнам рацете до крај. Многу гадна работа се фобиите...
Уффф и јас го имам истиот проблем. Сега можеби не толку, научив како да се воздржувам да не паничам толку, но кога бев помала доколку собата ми беше затворена кога спијав чувствував како таванот да паѓа врз мене, како ѕидовите да се стеснуваат. Еднаш така мајка ми случајно ја затвори вратата, абе воздух не можев да земам, веднаш испаничив, среќа што тогаш со баба ми во иста соба спиевме, па таа ме забележа и ја отвори вратата. Со текот на годините сепак, малку по малку го надминав тој страв, но уште кога ќе се најдам во ептен тесен простор паничам, се гушам, ми се чини се би сторила само да излезам...
И јас да се пријавам во клаустрофобични само да замислам да се најдам во ситуација на толку луѓе, или во теен простор..........уффф одма снемувам воздух и чувствувам страв. Често во гужви, одма солзи ми доаѓат и барам начин да дишам...Се гушам, посебно ако луѓето околу мене се сите повисоки од мене Страшна работа...Нормално дека сум свесна дека нема ништо да ми се случи (освен во гужви , скраја да е, секако дека е можно), ама стравот е ненадминлив.
Мајка ми има клаустрофобија. На почетокот се плашеше само од тесни и мали соби и гужва во автобѕсот. Секогаш кога ќе се наполнеше автобусот она се симнуваше и чекаше друг. Но сега се плаши и од темница, кога ќе снема струја, и се тресат рацете, нозете, и се лоши, се поти а еднаш кога немаше струја подолго време во целата населба дури и почна да плаче. Многу сакам да и помогнам ама не знам како...
уууффффф ме фаќа паника што го читам сето ова и замислувам Јас кога бев мала и си игравме со сестра ми и под троседот минувавме, и кога ми дојде редот на мене косата ми се закачи за железото под тросед и верувајте од паника за побргу да излезам со цела сила се провлеков и ми останаа влакна да ми висат, ама болката не беше битна, битно беше да не се загушам И јас го имам истиот проблем, седам на седиште во автобус и само се качуваат, качуваат нови патници и е преполно, колку што седат и стојат и веднаш мислам почнувам да се гушам сакам да излезам. Во лифтови избегнувам да се возам ако не е морално, е сега ако стврано е на висок кат се качувам и само се молам да не застане кај што не треба Јас исто се чувствувам и во темница, ако се разбудам и ми е темно пак ме фаќа паника и се гушам, затоа ден денес спијам на ламбиче, мора од некаде да ми свети .
Еве да се јавам тука некаде сум и јас за жал и не само оваа фобија ги имам многу.Исто и јас се гушам од многу луге и затворен простор и се трудам да ги избегавам колку можам,исто и јас цесто сонувам дека сум во просторија во која нема ни врати ни прозорци и нема од каде да излезам.Но тоа е се трудам колку можам да ги контролирам.
И јас сум клаустрофобична, но во некој понизок стадиум. Знам многу да испаничам кога се наоѓам во тесен простор и кога требаше да правам магнетна резонанца на грбот среќа апаратот ротираше, бидејќи првата на ногата кога ја правев ако требаше цела да влезам ми се чинеше дека ќе умрам. Исто така еднаш како помала се заглавив во лифт и тогаш си го открив мојот страв, ко мислев дека готово останав без кислород и се преплашив буквално. Среќа не сум стигнала и до лекови да пијам, диазепам имам слушнато дека помага при екстремно преплашување и пароксетин (мислам дека вака му беше името). Ама, за секој случај најдобро е да ги имам во ташна. Порано ми беше страв и да седам во поголеми затворени простории,сега некако го надминав со седење и мислење на сосема трето
Овој проблем го имаат некои мои пријатели. Клаустофобијата незнам на што се должи но мислам дека со помош на стручно лице овој проблем може да биде постено надминат а најпрво захтева неколку фази во рамките на започнување на процесот на лечење.
И јас сум. Ау како се гушам. Татко ми на пример ако спијам во спална, легне до мене и ме гушне, кое пискање е тоа, мислиш земал да ме коле. Не можам да дишам ако немам простор околу себе. Во Романија пред 2 години постигнав успех и се гордеам на себе. Имаше во замокот каде што бевме тесна просторија што да ви кажам, по скали такви стрмни и напоменаа тие што се клаустрофобични да не влагаат, јас паметната влегов, не сакав да го испуштам тоа. Како издржав? Убијте ме, не знам. Сакам да ја победам, со цел да влезам во пирамидата во Египет, пуста желба.
и јас сум клаустофобичар и тоа малку потежок вид, најмогу мрзам тесни простории, темници, сандаци, пригушени места итн. не се гушам туку ме фаќа паника и ме тера да урлам. кога бев на 2-3 дена кај другарка ми, морав таму и да преспијам, тие кога ќе легнат сите светла ги гаснат и плус ги пуштаат ролетните ,така што ниедно светло од надвор не влегува, јас ко за беља се разбудив во густа темница, одма добив чувство дека паѓам во некоја бездна, дека тонам, неможев да врискам сепак бев во туѓа куќа, но мене срцето низ уста ќе ми излезеше. и реков више никогаш у туѓа куќа нема да спијам, не не !
И јас имам клаустрофобија но само од затворен простор.. а исто и татко ми кој е лекар.. ми рече дека морам само сугестивно да го пребродам овој страв, кога ке се најдам во потерен простор едноставно да не мислам на тоа и да издржам.. но не ми оди мн добро сега засега
Фобијата од тесни прострии и гужви стварно предизвикува немири. Мене ми се случува да ме фати паника од гужва, а и страшно имам уплав од лифт. Но за сето тоа мора да има решение, а тоа е само со изложување на гужви и посетување на тесни простории. На крајот кога ќе увдидиш дека стварно не ти е ништо ќе ти биде многу полесно. Нормално тоа не доаѓа од еднаш и реакцијата постепено се чувстува и само треба упорност. Тоа ќе го осетиш кога ке почустуваш олеснување со секој следен пат кога ќе увдиш дека стравот е се помал.
Јас не можам да кажам дека имам фобија од мал и тесен простор, но на моменти, кога ќе сфатам дека сум, заробена во некое помало место ќе се сецнам и почнувам да се потам иии, почнуваат црви да ме фаќаат во газот!! Ама како што гледам, имало посериозни случаи од мене... Не ме фаќа паника во гужва, ама во лифтови, во затворени мали простории, задушливи мини-барови...не можам!!!
Фаќам паника кога сум во затворени, тесни простори се гушам, не знам што да правам и барам воздух.Не ми се случува многу често но кога ми се случува, многу се потресувам.Имам страв од лифтови ама не до толку, и кога ќе се качам веднаш помислувам дека ќе се заглавам или слично.Никогаш не се качувам во автобус поради целата гужва во него, подобро ми е да одам пешки, кога бев помала не сакав да се качувам ни во кола, но го надминав тоа.
Ау многу паника ме фаќа во тесни, мали или заклучени простории. Не верувам дека можам да го надминам овој страв а сакам. Често ми се случува да се најдам у ваква просторија и одма е приметно дека нешто не е во ред со мене. Исто паника ме фаќа во пеголема гужва.
Па види немора да има нешто за да ти се јави клаустрофобија . Пример мајка ми по 40 години ја доби . Еднаш се бањаше и почна да пишти добила некои напади на гушење и страв од вецето зашо е мало . До денес се бања со отворена врата Мој совет е да одиш на психијатар да позбориш со него . И немој да се срамиш секој може да оди на психијатар . Пример јас имам страв да гледам поголеми работи од мене ( мислам на некои многу поголеми ) пример јас неможам да гледам во облакодер Поз