Кога сум во гужва, во многу тесен простор мислам дека почнувам да се гушам и да ме фаќа невидена паника. Затоа избегнувам гужви. Во тие моменти мислам дека губам воздух. Истото ми се случува и во лифт.
Како што кажа еден психолог: Девојче чуде е како си жива ти, го имаш највисокиот степен на клаустрофобија. Се разбира за тоа "чудо како си жива" се шегуваше, од клаустрофобија не се умира јас мислам. Но еве каде и да одам што и да правам, ова неможам да го контролирам.
Најголем страв од ливт - а замислете кога бев на екскурзија пред една недела - се заглавив во ливт на 12ти кат. Мислам дека ќе се онесвестев, ама среќа тоа траеше кратко... и после остатокот од екскуризијата не го користев ливтот туку се качував по скали до 13 кат кај што ми беше собата...
Не сум клаустрофобична воопшто.Уствари, баш и немам избор-живеам на 9 кат и ако одам по скали, душата ќе ми излезе, така да, лифтот не ми бега
Клаустрофобична сум од многу мала.Не можам да поднесам затворен простор никако.Не можам да поднесам да сум многу покриена,или пак некој силно да ме гушне и да не ме пушта...Веднаш подивувам,мавам и раце и нозе за да се ослободам.Лифтови избегнувам колку што можам.Единствено не ми ствараат паника дискотеките. Кога бев тазе со дечкото во врска,еднаш го испаничив и него.Многу силно ме гушна,ме зафркаваше и од претање носот му го удрив и му го раскрварив.До толку сум... Темница мразам исто,никако не спијам во густа темнина.Обавезно мора да ми свети од уличните ламби од прозорот или било што друго.Инаку мислам во земја пропаѓам.
Не сум клаустрофобична, немам проблем со гужва, темница, лифт и сл. Навечер кога си легнувам, ги спуштам ролетните до крај, ништо да не се гледа во собата за да не се разбудам од светлината на сабајле, бидејќи имам многу лесен сон. Но се плашам од тавански соби, т.е. кога се наоѓам во простории со спуштен таван. Е тогаш, мислам дека немам воздух. Никогаш не би можела да живеам во такви соби.
Еднаш имав напад, ама вистински. Чекавме ред пред дискотека, летно време, нормално сите се буткаат и баш во тој момент престанаа да пуштаат на врата, едноставно пред мене 100 души, позади уште толку, почнав да се тресам, дури и солзи ми потекоа, не можев да дишам, а имаше простор околу мене не дека бев онака стисната и не знам која сила ја добив во тој момент да избуткам толку многу луѓе и да излезам од таа гужва.. Пред тоа немав такви проблеми секогаш сум чекала, од тогаш не ни одам мн по дискотеки. Не знам дали потсвесно е ради тоа или едноставно ми здосадиле Исто имам фобија од лифтови, ги избегнувам секогаш кога можам
Јас девојки порано бев клаустрофобична и тоа ми го имање пренесено мајка ми. Сега немам гајле од ништо, иако се гушев во затворен простор, за лифт да не праам муабет. Сфатив дека се е психа и ја победив.
Голем страв од лифт, ама морам да го користам, иако е ретко јас стално мислам дека ке се заглави, и кога тргнува и кога застанува ми се лоши Мислам дека никој не знае дека имам страв од лифт бидејки секогаш кога има некој со мене ми е срам да кажам дека ми е страв со лифт да се возам, и издржувам тие 30-40 секунди.
Мислам дека страв од возење во лифт не е клаустрофобија. Тоа е објективен страв. Какви се лифтовиве наши, и што не се случува..., нормално е барем јас така мислам до извесен степен да се чувствува нелагодност, страв, немир. Е сега, ако се јавуваат панични напади, со тахикардија, препотување, тоа е веќе сериозна работа.
Јас сум клаустофобична, но полека пробувам да го отстранам овој страв пошто во лифт незнам од кога не сум влегла сама. Мора некој да има со мене, да ме придржи, вода да ми даде!
првите 15 минути издржувам подоцна неможам нема шанси како некој со сила да ме тера да заминам па што сака нека е .. Се ќе премине во навика, само треба време..
и јас не ги сакам затворените места, како што е лифтот на пример, или нешто слично. Но едноставно сватив дека без тоа неможам,освен секој ден по неколку пати до 8ми да се симнувам и качувам. Од друга страна ете и да се заглавам, имам мобилен ќе се јавам. Ете ај не фаќа мрежа, или ми снема батерија, моите да не нема да изреагираат што ме нема? Тоа се така некој работи,кои мораме да ги гледаме од позитивна страна.
Клаустрофобијата е една од петте најчести фобии на светот, ја има секој втор човек, па ни јас не сум исклучок. Избегнувам возење во лифт, влегување во шпајз, подрум и такви тесни простори. Некогаш и при гужва во автобус, чувствувам дека се гушам. Ама со тек на време почнав да ја контролирам, затоа што секојдневно се наоѓам во вакви ситуациии. Едноставно немаш избор, мораш да издржиш. И потоа свикнуваш.
Иако конкретно ваков страв не сум почувствувала, си имам и јас свои стравови... Лесно е да се каже: соочи се со стравот, тешко е да се направи тоа... Лично јас се трудам совладувањето да е такво што си кажувам себеси дека тоа не е ништо, дека тоа е само производ на мојот ум, дека е нелогично тоа што ми се случува, милиони луѓе се соочуваат со тоа секојдневно, па зошто јас би била исклучок. Само терба време да се оттргне таа ментална бариера, и како што велат сите, стани и соочи се, еднаш кога ќе го направиш тоа, а си преживеал, нема зошто да не го направиш и по втор пат
Клаустрофобија Јас сум многу клаустрофобичен. Се плашам од мал простор. Добро, дали тоа го има кај вас или јас сум скренат ?
Клаустрофобија Не си едниствен верувај ми и не си воопшто скренат како што велиш. Премногу го имам тој страв и јас од мал простор, сеуште не сум нашла начин како да го надминам, до толку што дури ми претставува проблем да патувам со автомобил. Гушка и поддршка од мене до тебе
Клаустрофобија краустрофобија-страв од затворен простор (одиш на кај кафаната и ти е страв дане е затворена ) се извинувам што бев офф ама морав да го кажам ова .
Добро, јас да си прашам. Јас немам проблем дс патувам со колам, ама лифт, мали сопчиња строго забрането. Фаци сме ние, не сме навикнати на мало
Се плашам од тесен простор.Не до толку ама..Значи онака во нормална големина на лифт-не,во гужва-не,ама ако ме ставите во многу тесен простор-готова сум цркнувам на место..