Јас пак почнувам да паничам и ми се чини ќе се онесвестам ако не излезам на воздух или негде на пошироко место.. Не дај Боже да знам дека местото е заклучено и тесно.. Е тогаш маф му е мајката
Хуух...Хелоу ту ми. Мразам тесни простори, мразам. Одма ме фаќа паника. Дури ми смета кога некој ме гушка, мислам дека ќе се задушам и татко ми од време на време намерно ќе земе ќе ме гушне, не ме пушта и јас секогаш почнувам да плачам И кога ќе ме пушти, опс..ништо не ми е.... Во дискотека исто одвратно ми е чуството-кога сум помеѓу многу луѓе, поготово дека сум и ниска и со тие гужви уште пониска се чувствувам. Страшно чувство, и кога зборам за тоа одма некоја вознемиреност осеќам..
И јас сум клаустрофобична..туку.. еднаш бевме кај една другарка со другарки и ја заклучивме вратата бидејќи ни рекоа да не дојдел некој.... и таа паметната како го истресе чаршавот од масата го фрлила и клучот... значи јас кога почнав да паничам лелее ќе останеме овде, леле па некој друг ќе го нашол клучот, па незнам штоо.... а мајка и била за Неготино па јас уште толку хога се исплашив.. на крај дојде и татко и ни отвори... хепи енд ама нема никогаш да ја заборавам случката.
И јас саѓам во оваа група. Од помала знаев дека имам клаустрофобија, се плашев од затворени места. Јас неможам да бидам со ќебе над глава, неможам да се возам во лифт, неможам да бидам во гужва. Се гушам и имам некое чудно чувство, некогаш ме плаши! Пробувам да се соочам со тоа, но ништо. Се' е залудно, недај боже да се најдам во некоја ситуација да бидам некаде скриена на тесно, затворена... аффф се ежам.
Мислам дека стравот од гужва не се вбројува во клаустрофобија. Јас пред неполна година почнав да приметувам дека паничам кога се наоѓам во гужва, кога сум на концерт и слични настани на кои просториите се преполни. Од таа причина почнав да читам за таквиот страв , ама сфатив дека тој се смета како нешто обратно од клаустрофобијата (искрено моментално не ми текнува името, ама е исто некаква фобија). Така да, сфатив дека клаустрофобијата е страв само од ззатворени и тесни простори... Е сега не сум сигурна дали за ист вид на гужва збориме xD. Сакам да кажам, мене ми е страв, и ме фаќа паника не само кога во одреден простор има гужва, него општо. на пример кога се движам низ центар, и има некој настан и пример многу насобрани луѓе и веднаш паничам, мислам дека нема да знам како да се пробијам и слично.. ова е повекје како страв од гужва на отворено. Затоа и реков, не сум сигурна дали и ова се вбројува во клаустрофобија
Клаустрофобијата ми се искачи на еден левел повеќе.. Кога седам во училница (што не е многу тесна), ако помислам на тоа дека сум затворена ме фаќа паника, се воздржувам но мислам во секој момент ќе се загушам. До сега не ми беше така. А имав страв од тесни места, пример како што е лифтот или некоја друга тесна просторија, а и под ќебе ако се покријам одма се гушам, не можам ни една минута. Страша работа е тоа, али мислам се е до психата.
Каква е таа фобија од гужва??? После 18-19години почнав да ја приметувам кај себе.... Толку ужасно е си мислам ср е ок во дискотека на пример и офеднаш кога сум стегната мислам неможам да мрдам се гушам и ако веднаш не излрезам сигурно ќе се онесвестам... Сакам да прашам дали и како се лечи ова?
И те како имам клаустрофобија секогаш кога ќе сум во лифт почнувам да се потам нозете малку да ми се тресат
И јас сум клаустрофобична. Многу ми е страв од тесни простори, гужви и места кај што не би можела да земам воздух. Ме фаќа паника ако сме повеќе луѓе во кола, автобус, жичара... Ме фаќа паника од турканици и гужви, затоа мразам и затворени дискотеки (одам само со екстремна ситуација), ме фаќа паника од простории кои немаат прозори или имаат многу мали прозорчиња... Од лифотви ако сум сама ми е ок, издржувам или ако има + само уште една две личности, ако се повеќе не ни влегувам, ќе одам по скали подобро... Вака како клаустрофобичар успеав да преживеам нешто многу језиво и страшно за мене, уште имам кошмари иако помина месец. Се снимав на магнетна резонанса, влегов во таа гробница како што си ја викам јас. Незнам како издржав да не ги отворам очите, дишев длабоко цело време, среќа што е ладно и што има воздух и си викав во себе дека се ќе биде во ред, дека нема да испаничам, нема да направам сцена тука ко мало плашливо дете и очите ги држев затворени. Иако умирав од љубопитност да ги отворам и да видам кај се наоѓам издржав и не ги отворив. Знаев ако ги отворам дека ќе ме фати паника и ќе ја стиснам пумпичката за аларм и ништо немаше да биде од снимањето... Издржав некако, само на крај кога ме вадеше кога ми ги допре нозете веќе техничарката ги отворив очите и видов колку е тесно, значи ко во сандук исто, .
Клаустрофобија е страв од тесен, мал и затворен простор. Тој страв од гужва кој го спомнувате се нарекува охлофобија. http://www.fearofstuff.com/humans/fear-of-crowds/ Како и да е, и едното и другото се зезната работа.
Како мала се имам затворено во шкаф за постелнина, не можев да го отворам капакот, бев нешто вака ни лево ни десно дека тесно Многу се испашив и ден денес се сеќавам и одтогаш не се пикам кај шо не ме собира Не ми е страв од мали соби или лифт,туку од неможноста да се движам или мрдам да заглавам.
јас имам фобија од тесно леле мислам ќе умрам од височина имам страв, ама највише од тесно губам воздух :/
Угффффф....у лифт не можам,у кола зиме-лете барем 1 прозор мора да ми подотворен ,врата на соба мора да е отворена(дури и у вц ја оставам под отворена ) , у подруми и подземни гаражи ни под точка разно не влегувам ... и не е толку наивно сето ова ,кошмарно ми е
Порано никгоаш не сум имала проблем со клаусрофобија ама година дена уназад, година ипол не можам да отидам на журка на раат. Два пати се имам онесвестено во диско поради загушливост, премногу народ гласната музика. Во мал лифт на пример не ми е страв да се возам се дур не се заглавам. А се имам заглавено со уште 5 души во лифт и буквално воздух немаше во лифтот. Сите почнаа да паничат а јас како најголем паничар од нив пробував да останам најсмирена што можам бидејќи паниката дополнително ќе ја влоши ситуацијата и ќе ми го поремети дишењето, ама во себе вриштев
Mислев дека овој психолошки проблем од детството ми се решил, но пред неполн месец случајно се случи дрвената врата пред железната од лифтот да не се отвори. Беше околу девет часот наутро, четврти спрат на зграда и мртва тишина. Во истиот момент во желудникот почувствував распарување, помешано болка, немоќност и страв. Среќа за секунда се дофатив до кваката која со сета сила ја извлеков со еден потег и експресно излегов од лифтот како ништо да не се случило. Мислев дека го имам надминато стравот од клаустрофобија добиен на четири годишна возраст кога се заклучив сама во тоалетот, но изгледа не било така.