Епа вака ... Имам 16 години ама имам една мана, крадењето, нонстоп крадам. и затоа решив тоа да го споделам со вас надевајќи се на решение. Крадев од картичката на мајка ми, украдов пари. тоа и го признав на мајка ми, но секако таа е многу лута. што мислите да направам за да се извинам???
Крадење Дали крадеш со потреба на пример дека ти требаат пари во моментот,или пак онака колку да си земеш,ако е од потреба ке седнеш со мајкати и ке и кажеш зошто ти требаат пари и секако верувам дека таа ќе ти даде а ако земаш онака колку да е земено тука ќе треба да побараш стручна помош со доста разговор ќе го надминеш проблемот затоа што крадењето е една од најложите особини на еден човек и може да се створи во навика што секако во иднина може да ти донесе сериозни проблеми.Ке и се извиниш на мајкати ќе и кажеш од која причина го направи тоа ќе речеш дека ке ги вратиш парите и секако дека тоа нема више да ти се повтори никогаш.
Крадење мајка ми ми дава по 300ден за цела недела ... тоа се вклучува и викендот со кој сите знаеме дека 120ден е една обична пијача. тоа беше причина за крадењето ... најмногу од се се разочарувам зошто апарат за сликање барам да ми се купи 4 години а брат ми спомна дека има ајпод и татко ми одма му го купи а тој е 1200 евра ... мене обичен апарат од 4000 ден неможе да ми го купи? Имам излез викенд до 1часот а сите мои до 1 ипол ... а во обичен ден во 12 а во 10 и пол излегуваме. некако мн сум разочарана од моите ... незнам ... што да правам?
Крадење Колку што разбрав имаш причина зошто крадеш. Проблемот не е само во тебе, те разбирам женско си потребни ти се пари за секакви ситници. Мој предгол е да разговараш со твоите и да им кажеш во каква ситуација се наоѓаш, пред да се навикнеш на лоши работи, објасни дека имаш потреба од поголем џепарлак на на мирен начин. Родител како секој родител спремен е се да направи за најдоброто на своето дете па верувам дека и ќе те сватат.
Крадење немој да се разочаруваш никако не смееш да потклекнеш не си само ти еве и јас кога бев девојче моето излегувањ за викенд беше до 1 а сите другарки остануваа до рано наутро сама сум се враќала дома сред недела ретко кога излегував и тоа до 10 11 па да ти признаам и мене ме фаќаа кризи да си помислам колку се моите застарени но сега пак од оваа гледна точка можам да кажам дека им благодарам за се каков човек излезе од мене,за излегување немој да се секираш и разочаруваш помисли дека има деца кои не ги пуштаат ни до толку гледај од позитивна страна.И пак ке ти речам седни си со мајкати и татко ти и искрено поразговарај ако можат да ти го наголемат буџетот барем за 100 денари плус и дека многу голема желба имаш за апаратот.А за крадење немој да крадеш бидејки тоа е ствар на навика ке се навикнеш на тоа и само проблеми ке си имаш ништо друго.
Крадење свесна сум дека не е убава навика. јас тоа го искусив. Ама навистина незнам зошто со мене се однесуваат на тој начин. Учам медицина ги имам сите 5ки и сум најдобра во клас. земам стипендија и парите ги редам на сметка за да можам да отидам на факултет некаде во странство ... Навистина незнам зошто вака се однесуваат. Јас се каам за грешката што ја направив и ќе и ги вратам парите, не е некоја голема сум на пари, во прашање се 1000 денари. Ке ги подигнам парите од стопендијата и ке ги вратам. Но не се фер ...
Крадење Знам дека не е фер кога родителите прават разлика во децата па ај ова е машко нему му треба повеке па ај ти си женско па ке помине со тебе вака полесно тоа стварно не е фер.Ти си паметна девојка одличен ученик сите понекогаш им се лутиме на родителите не си единствена посвети си се на сколото на другарките на излегувањата се надевам дека во инина ке станеш многу добра докторка и на сите ке им докажеш дека вредиш повеќе од1000 машки деца.Колку имаш толку потроши си некогаш ако е потребно и не излези не се разочарувај само и не си се потценувај.
Крадење Се гледа не си таква личност која може да биде наклонета кон такви работи, напротив оној кој ќе ја признае грешката половина е простено, а ако се покаеш за тоа што си го сторила, се е простено. Ти двете работи ги имаш сторено, ти имаш причина зошто тоа си го сторила, затоа бес срам разговарај со твоите кажи им се што ти лежи на срце, признај зошто тоа си го направила, сигурно ќе се смени нешто Ти посакувам среќен разговор и не се разочарувај за стореното, бидејќи очигледно е дека ти не си личност која ќе ја опие таа лоша искусена работа.
Крадење Има свесно крадење и несвесно крадење (клептоманија) во секој случај тоа нечини ни едното затоа што 8та Божја заповед гласи ,,Не кради", ниту пак другото затоа што е болест и треба да се лечи.
Крадење 3начи девојчето си кажа дека украло 1000 денари од картичката на мајка си. Не го оправдувам ова, ама сепак, кој не украл макар 10 денари од новчаникот на мајка/татко си, прв нека го фрли каменот Девојкава воопшто не е крадец, во буквална смисла на зборот, си подкраднала некој денари, и тоа само една симболична сума од 1000 денари. Реално, јас да сум на нејзино место-Истото ќе го направев. Мислам ако е вистина ова што го збори- Медицина, сите 5ки, стипендија, реди пари во банка, јас да сум и мајка секоја недела по 1000 денари од срце би и давала зашто си заслужува, мислам после ова горенаброеново, девојчето си заслужува и излез до покасно, и ќеш, и камера
Крадење те разбирам сосема, и јас не можам ова да го наречам крадење, прво мислев крадеш пари од продавници или било што. Чаре, мораш да разговараш со неа отворено и искрено. Ама штом на брат ти му купила ајпад, значи не сте скудни за пари, па ид пто нема повеќе ти дава 300 денари. Кажи и дека не си бебе, ти трбаат повеќе пари, јас незнам као и тие 300 ти стигаат за јадење во школо, една куфла е 30 денари, а тек па нешто остално да си купиш. Гледај само да не ти прејде во навика, лошо е во секој случај. Колку и да е лута, во вакви ситуации, треба да си го впери прстот во чело и да размили дека тоа и се случило со причина.
Крадење Мислам дека твојава ситуација не е ништо озбилно, се додека не порасне во навика. Мој совет е да поразговараш со твоите, бидејќи ако молчиш ништо нема ни да добиеш ни да постигнеш. Да им објасниш дека си голема веќе, успешна на некој начин, дека не сакаш да се двоиш, дека ти требаат пари повеќе, кажи им како се движат цените, до колку се другарките твои - внеси ги малку во нашиов свет. Извини им се за стореното, најважно е да ја признаеш грешката. Совет + од мене : Кога разговараш, со смирен тон, да добијат добар впечаток дека се каеш за стореното, а не дека планираш пак да го направиш. Уцени никако.
Крадење Пред се крадењето е болест.Ама ако сакаш да се одвикнеш мораш отворено да разговараш со твоите.Се надевам дека ке те сватат.Едно знај сите желби не можат да ти ги исполнуваат.Ама ако те пуштат до покасноо.ако ти го зголемат џепарлакот и ако ти купат камера и ако понатаму те влече да крадеш нешто одвнатре најубаво би било да посетиш специјалист за тоа.
Крадење Жими глупостите што ги изнапиша. Еднаш само зела илјада денари и одма добродушните почнаа со совети дека треба да се лече, оти нели крадењето е болест. Каков специјалист, што зборуваш ти. И јас да сум на нејзино место истото би го направила. Сите 5ки во школо, пази медицина и тоа, тргање стипендија на страна, за што? За мизерни 300 денари неделно? Мa немој жити се. Мајка и’ е таа која треба да посети специјалист, не девојчето.
Крадење Јас не реков дека одма требе да се лече туку ако не може да се одвикне ако ја влече нешто да краде.Затоа што тоа може да се претвори во навика.А за мизерните 300 денари мислм дека треба да и ги покачат али секако тоа треба ад си го каже отворено.Но мислам дека крадењето не и е крајно решение...
Крадење Е јас незнам како така мене и вас не не остават до кога ги оставаат и другарите..али ај нема врска да и јас имав навика така да земам пари без да кажам али не многу 10 денари 5 или некои ситни секако со потреба некогаш дури и заборавав да кажам или кусурот ако одам до продавница си останваше кај мене и испагаше како јас да крадам јас само го заборавав и мојте како не се нау4и да го враќаш кусурот како забораваш ова она ама тоа е мора да се одвикнеш. Многу лоша навика е.
Крадење Она никогаш не била навикната, значи само 1 зела.. Ајде неколку пати да е, па навика да стане, ама од еднаш навика ..
Крадење На твоја возраст по мене 300 денари се сосема доволни а 1200 денари месечно. Ако знаеш одговорно да ги распоредуваш парите ке ти стигнат. Со оглед каде живееме тие пари не се малку. Сигурно имаш плус пари за некое парче гардероба. Можеби твоите родители се плашат дека ако ти даваат поголем џепарлак ке ги ценеш истите помалку, дека ке ги трошеш на беспотребни работи. И воопшто не се согласувам дека доколку детето е одличен ученик треба да добива поголем џепарлак, мислам? Парите не се воспитно средство и истите не се зголемуваат како награда ако е одличен ученик, или исчистило своја соба, или направила ручек или дај боже исчистила , средила куќа? Бидејќи сегашните деца скоро и да не работат. Бидејќи така можат лесно да се навикнат да направат нешто само доколку им се плати и или ако им се покаче џепарлакот. Јас одсекогаш добивав по 10 денари дневно и не само јас и брат ми и сестра ми и никогаш ништо реков, нити ми било криво. Не. Едино ми беше мака кога прв пат побарав 50 денари и не ми дадоја а знаев дека имаат. И сме работеле од јутра до сјутра по ниви ама немало повеке, бев среќна и со тие пари. За искачање можеш да разговараш да ти продолжат додека се сите другарки испаднати, оти нели, ризично е сама да си идеш од излагање, по тоа што пиша имам впечаток дека ти се Ок родителите. едит: Пс. ако пак разговараш со твоите за веќи џепарлак и искачање до покасно а во случај не се согласат, ево ти пример. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D9F7AA8E3 ... AA9497A8A6
Крадење Баш ме занима како се живее цела недела само со 300 денари. Пари за школо, за храна, за превоз, за излегување. 300 денари за 6 дена, по 50 денари од ден. Еден сендвич не може да купе, а камоли пак кога излезе во кафиќ да купе пијалок.