1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Клептоманија

Дискусија во 'Психологија' започната од JustBeYou, 11 август 2012.

  1. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Крадење

    @AnimeHQ не знам дали ти се годините точни, ако се, треба да знаеш дека една вечер во некој клуб или кафич кошта минимум 300 денари, а не па со нив да преживуваш цела недела. И мене ми се случило да земам исто толку пари без нивно знаење за да си задоволам некој мој каприц што со нивно знаење не би ми бил дозволен.
    Тука сме некаде со годините на JustBeYou, иако релативно далеку со ставовите на родителите. Се случило што се случило еднаш-двапати, нека не ти преоѓа во навика. Наместо тоа, објасни им како ги трошиш парите, нормално е дека како што растеш се зголемуваат и потребите.
     
  2. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Крадење

    Јас досега ништо не сум украла,ни овошје од комшиите.Крадењето е грев,ама мислам ако си мал се простува а веќе кога си голем ти се наплаќа голем грев.Не ми е јасно тие што крадат подолго време немаат ли грев на душа...
     
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    Крадење

    тие луѓе што постојано земаат нешто без дозвола се болни и се клептомани,така требаше да се вика темата а не Крадење,неможам да замислам луѓе млади во 21 век да размислуваат толку примитивно,тоа е психичка болест исто како депресијата,паранојата,шизофренијата и ред други за тоа се оди на психијатар и се зема посебна терапија ни тие самите кога ќе земат нешто не се свесни за тоа значи тоа без свесно го прават затоа не треба да се тргни веднаш со осудување без да се размисли на секој во животот може да му се случи да пати од некаква болест и никој не е совршен...тие луѓе не се криминалци не провалуваат во куќи не пљачкаат фирми има разлика од едно до друго крадење и правење на проневера така да треба многу да се разграничуваат работите а не да се осудува одма.
     
  4. Beatriche19

    Beatriche19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    89




    Ќе бидам кратка и јасна Ајпод нема шанси да е 1200 евра.....у никој случај........
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Зошто мислите дека за едно испаѓање ти требаат минимум 300 денари?
    Јас за излегување трошам 150-200 денари кога одам во пицерија,пазите во пицерија. А таа во обичен бар каде што пијачката нема шанси да биде повеќе од 100 денари (единстевно ако не порачуваш скапи алкохоли).
    Ако си ги распоредите парите,ќе имате доволно за се. Крај краева,ако гледате дека немате пари немора да излегувате,немора да јадете сендивичи од 100 денари,кога има и за 30 денари. Бидете малку самостојни,не сте мали,за неколку години ќе бидите полнолетни нема родителите до 30 години да ве хранат и одржуват.
    Пс. незнам зошто насловот е клептоманија,кога станува збор за 1000 денари.
    Сите од родителите знаеме скришум да земеме некогаш 20 денари,некоаш 200 итн. па јас на пример никогаш не сум се почувствувала како да крадам. Ми требале,и ќе ги искористам.
    Да не бегам од тема,да си крадела по банки,продавници итн. тоа е веќе многу посериозна ситуација.
    Врати и ги на мајкати парите,кажи и дека си земала зошто ти требале во моментот,и кажи и неделно да не ти дава по 300 денари туку по 500 на пример. И ти ако знаеш дека немате дома пари,не сте финасиски баш најдобро,не барај.
    И уште нешто,ако учиш медицина и ако сите ти се 5ки,добиваш стипендија,не значи дека родителите треба неделно по 2000 денари да ти дават.
    Тој труд што си го вложила е за тебе,не за нив. Нека не ти бидат оценките причина за да земеш повеќе пари. Има деца што од секогаш биле со 5ки,ба ако финансиски не се на добра позиција,не барат пари.
    Извинете ако сум избегала од тема,ама имав потреба да го кажам ова.
     
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    Па ок ако ја започнала темата таја со проблемот што зела 1000денари без прашање незначи дека треба цело време за неа да се дискутира туку понатаму нека се дискутира за оваа проблематика кој сака нека продискутира ова нејзиното е тинејџерски проблем според мене а Клептоманијата е болест...
     
  7. Brokeneyes

    Brokeneyes Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Познавам тројца особи со овој проблем и сите тројца се смирени и дружељубиви луѓе, тројацата се дебели со различна возраст, можеби тоа е некоја нивна карактеристика којзнае.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.588
    Допаѓања:
    5.936
    Дали крадењето по дома од син,се смета за клептоманија и како да се открие/спречи?
     
  9. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.394
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека е клептоман.Можно е да му фалеле пари па да се осудил да земе. Клептоманија е компулсивна болест. Сепак види причини за крадењето на син ти и ако е потребно разговарај со стручно лице.

    (клептоманите крадат што и да им е пред очи, немаат потреба од тие пари/предмети, ама мора да украдат за да си задоволат психа)
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    1.466
    Пол:
    Женски
    Што би превземе доколку во вашето најтесно семејство има клептоман? Се кради од накит, апчиња, па се до најбанални работи. Пред некој ден на мајка ми и ја украл и бурмата...веќе не се трпи оваа состојба. Мене пред години ми беше земено ланче кое ми беше единствен спомен поклон од баба ми.
     
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.760
    Допаѓања:
    15.462
    Пол:
    Женски
    @MikicaBt тој член не заслужува да биде дел од вашето семејство. Ќе го исклучите во целост (буквално исфрлите и од домот, ако живеете заедно) и ќе прекинете комуникација. Во спротивно ќе си продолжи со исто, ако не и полошо темпо. Не толерирајте само зашто се крвно сродство ниту зашто имате спомени заедно.
     
    На MikicaBt му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kulturen123

    Kulturen123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Веќе повеќе пати си имаме мака. Нашата снаа од брат ми жена , никако да се одвикне од крадењето.
    Секако пробавме ,за предмети не зборуваме оти не знаеме што фали и што има украдено, меѓутоа пари секогаш во секоја прилика.
    Во потесен круг на семејството,роднини наши пријатели,секое време ќе ти ги украде парите од плакар од џеб во палтото.
    Е сега ја фативме,и кажавме порано и врати назад. Сега незнам последно шо да направам,ми украде пари и картичка?
    Дали да кажам на брат ми? Како ќе живее со таква личност.
    Што да направиме? Нема лек.
    И на црква беше на исповед и на психијатар... Пак по старо.
    Како да кажам или да ја наместам нека си види тој. Нема лек.
    Незнам.не е лесно.
    Треба да им се растури фамилијата.
    Ако некој има добронамерен совет,Ве молам пишете.
     
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.501
    Допаѓања:
    14.283
    Пол:
    Женски
    Секако да му кажеш, мораш.

    Тешко, многу тешко со таква личност..

    А добро, брат ти што вика на сето ова? Свесен е нели и тој колку е неподносливо? И решение?
    За ова не одлучуваш ти, но мора, мора да се притисне брат ти.
    Да разговарате озбилно, сите дома. Вака не се живее.


    А зашто да ја наместиш? Да нѐ не ти верува он?
     
    На Kulturen123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kulturen123

    Kulturen123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Се насобраа повеќе такви ситуации со нејзе од лани, се расчистивме ,дојде до кавги плаќење, па се смиривме како ништо да не било.врати пари се заколна и толку. Со роднините си се оддалечија тие па срамот е и наш.
    Е сега тоа е ново , ми зема картичка и пари ,морам да вадам нова,јас ја лимитирав,а парите беа малку ќеш.
    Картичката ако некако не ја врати ќе вадам нова. Не е лесно.
    Не сакаше да се разделуваат поради детето но таа болест нема лек.
    Многу е срамота и незгодно
     
  15. Kulturen123

    Kulturen123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Знае ,ама мисли дека се смири.
    А таа си оди пак по старо.
    А не очекував оти пак ќе се обиде.
    Порано дома не крадеше.
    Тешко е ,ќе му кажам пак ќе е молби колби плачење стресови
     
  16. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    3.249
    Пол:
    Женски
    Многу тешко се средува ова.
    Мене на раб.така, каква госпоЖА никогаш не би ни се посомневале во неа, средена, супер плата и краде ли краде. Од рака и земав и враќав украдено и она мртва ладна ниту да се извини, ништо. Ја знаевме после и си внимававме, а ако пофалеше нешто знаевме од кој е украдено.
     
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.886
    Допаѓања:
    23.477
    Избркајте ја.
    Сте пробале да помогнете, не сака.
    Друго чаре нема.
     
  18. Kulturen123

    Kulturen123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    На крај на краиштата така ќе биде. Незнам , Господ напомош со таа ситуација.
    Му вети дека нема да се повтори,но еве пка и тоа мене. Ако кажам овојпат или ќе се разведат или ќе се скараме за цел живот.
    Рече тој дека не сака поради детето да го разнесува натаму наваму,но шознам веќе.
     
  19. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    27.451
    Пол:
    Женски
    Кажете им да се иселат и готово. Шо па мора заедно да живеете на купче. Нека си краде на друго место.
     
    На Kulturen123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    Ова ви го кажа психијатарот, не предложи никаква терапија (психотерапија, алтернативни психијатриски техники), туку ви кажа чао, нема чаре? Можеби треба да побарате и второ мислење. Освен нервозите, срамот од тоа да се расчуе, ако се луѓе кои се сакаат и почитуваат, ќе направат повеќе обиди. Жената не треба да се исповедува и да се колне дека нека, клептоманијата не е нејзи избор и одлука. Малку поинаков пристап пробајте, со помалку страв и драма. Со среќа пс. Еве ти, чисто да си прочиташ, значи може да има органска природа и можеби може со медикаменти да се коригира
    https://panacea.mk/kradeneto-kako-bolest-kleptomanija/
     
    На Kulturen123 му/ѝ се допаѓа ова.