Сериозно? не знам како е одобрена темава. Па подобро шлаканица мавни на некој, отколку клетва, па и на шала да била.
Мојте клетви до сега никој не фатиле , а и не сум толку мрачна , блага сум Да даде Бог децата по мене да ти ги крстат Да даде Бог само за влошки да работиш Да даде Бог да закасниш на сопствената свадба Дај Боже гумите да ти се дупнат
Македонските клетви се многу интересни. Бидејки од каде јас сум не се користат воопшто дури и не можам да се сетам на ниту една освен проклет да си, скапувај или слично нешто. Прва клетва што ја капирав беше Пусто ти останало, пусти останали и слични но не го сфатив толку страшно. Но се сеќавам, гедавме фудбал натпревар и приќирка ми од 13 години рече Раката да ти се скрши! Ех тоа ми беше малку шокантно и така почнав да ги разверам другите клетви што секој ден повеќе пати ги слушнав. Сега стварно не ми е смешно да слушам една блиска личност која постојано колни и вели неубави зборови за милениците, за работите во куќата, некогаш и мене и на децата... стварно не се трпи. Дали некој од вас знае од некој текст од МПЦ каде што се објаснуват дека тоа не е христианско . Мислам едно е понекогаш на лутина нешто или некого да го колниш, друго е колнењето да ти е ко добро утро... Пошто ова личност се осеќа многу верна и добра, сакам да и докашам колку многу грежи а и дека стварно скоро никој не може да поднеси да живее со некој кој за се и свешто колни 24/7....
Јок да станиш Ѓавол да та земе Зајак да та е** Огин да та изгоре Само овие клетви што сум ги чула само на нив се сеќавам, ако се сетам на повеќе ќе допишам
Никогаш не колнам. Не почитувам луѓе што колнат. Праќаш зла намера на некој со такви мисли и зборови, и ми е чин на агресија. А има луѓе што ги кажуваат нон-стоп како узречица дури, што е лоша навика. На мој другар баба му така правеше кога беше жива, само ги колнеше домашните. Толку многу ги имаше и толку беа различни од сите други, нејзини оригинални, што другаров сакаше да ги напише во некој тефтер. Кога ни ги кажуваше до солзи сме се смееле. И секоја клетва и завршуваше со „ха!“. Демек ако не го каже извикот на крај, не ја бива
Мислам дека имаме најоригинални клетви на светот, и ја знаеме причината за истите.. На еден потиснат народ низ вековите не му преостанувало друго освен да го искажува гневот и болката вака пасивно и креативно, затоа и се толку застапени кај нас. Многу ми е човечки да се проколне кога се има причина за истата. Ништо од клетва не може да му бидне никому, единствено може да се ослободите од тежината , а од друга страна знаат да бидат многу шеговити ако се стокмат така. Не верувам дека некој може константно да биде спокоен за се' и никогаш барем во себе да не му посака како еден вид карма на тој кој ви ги нанесол непријатните емоции. Да не должам, баба ми ги смислуваше веднаш и за секоја пригода и име имаше по една. Нема да заборавам никогаш кога за еден мој дечко кога бев тинејџерка, а се викаше Столе дечкото, ми имаше раскинато и плачев, и она само, -он тебе никаков најде да ти раскине, и според името Столе истата секунда лансира една -Да би на стол не седнал уште еднаш Столе! Лани една девојка чув се караше со дечкото ваљда и му викна , - Да даде господ да ти бидам келнерка на погребот твој, што ми стана една од најкреативните досега..
Еднаш се возам во автобус и сите беа албанци и по некој кумановец. И овој едниот кумановец падна во муабет со еден албанец и на цел глас му вика ,,АЛАХ ДА ТЕ ЗЕМЕ,, . вилицата ми избега од смеење
Оваа е тешка клетва: Жива рана те изела! или Рофја (гром) да те опали! или оваа морбиднава: Мртов и студен да шеташ! а оваа е полајт: Усвет фатил та не се вратил! или традиционално: Ѓаол те однел!
Да даде Господ , цунами да ти ја полива бавчата. Тастатурата да ти се смени на Кинески. Да прднеш на сред родителска.
Не е баш така дека ништо со клетва никому не може ништо да му бидне. Фаќаат клетви. Негативна енергија се, и кога се искажуваат во револт, кога-тогаш го стигнува тој кон кого е упатена. Ова од искуства . Некое семејство имале поле со малини. И береле, иако е напорно, но им бил единствен приход. Некоја година, ќерката мислам дека, рекла како не можат да пресудат. Не знам што точно се случило, но мачините од тогаш , никогаш немаа род.