1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кловнови

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 5 јули 2010.

  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Што мислите за овие маскирани суштества?
    Ги сакате или ве плашат?
    Како влијаат на психата на малите деца?

    Иако се само луѓе под маска сепак има нешто чудно, мистериозно и застрашувачко во нивната насмевка...

    [​IMG]
     
    На LittlePinky, rosebush и Boka.A им се допаѓа ова.
  2. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Kaко мала многу сум се плашела од кловновите. Мајка ми ми купи еден кловн, ама голем колку мене, а јас тогаш мало детенце од 2 и пол години. Се сеќавам дека бегав како од ѓавол, го фрлав зад креветот. Сега веќе не. Симпатични ми се :lol:
     
  3. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    никогаш не су се плашела од нив напротив мн сум ги сакала и сеуште ги сакам
     
  4. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    не се плашам од кловнови ни од маскирани луѓе, никогаш не сум се плашела :lol:
    а знам дека како помала со сестра ми гледавме СЕ ПЛАШИТЕ ЛИ ОД ТЕМНИНАТА и таму имаше некои епизоди со овие митовиве за кловновите...... и таа беше поголема страшливка од мене па ја зафркавав 8)
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Не сакам кловнови, никогаш не сум ги сакала, језиви ми се и избегнувам филмови со нив.
    Не знам зошто , немам некое трауматично искуство од детството, ама не ги сакам. Тачка.
     
    На Водолија, HuntressGirl, shushu и 3 други им се допаѓа ова.
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Не се плашам од нив, ама искрено ми се одбивни :?: Не знам зошто :^) Најверојатно тоа што вика Брајт, во нив и под нивната маска има нешто што е така мистериозно, плашливо, нешто бизарно можеби. И мислам дека барем јас не познавам дете од овие околу мене што ги сака кловновите, сите бегаат од нив.
     
    На girlinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    5.840
    Исто како Кате не се плашам но не ги сакам :)
     
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Не се плашам, поточно кога сум била мала не сум се замарала многу со кловнови. Ама сепак по малку ми се морничави и не ги сакам :?:
     
    На rosebush му/ѝ се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Не се плашам..иако како малечка многу се имам исплашено од дете кое имаше маска на лицето..Ама ете, не сум дозволила тоа да влијае на мене и мојата психа.Се е до вас, ако сугестивно мислите дека се плашите и така ќе биде..ако таа сугестија ја тргнете тогаш нема ни страв од кловнови и маскирани лица.
     
    На SV1911 и rosebush им се допаѓа ова.
  10. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    јас имам фобија од нештава. Не можам да смислам кукла кловн а камоли вистински. не влијаат само на мали деца влијаат и на мене :$ :D
    значи колку сум чудна не ми е страв да речеме вампири, зомбиња или да гледам некој ептен страшен хорор филм сама навечер во темница а страв ми е од кловнови :rofl:
     
    На LittleFairy и Boka.A им се допаѓа ова.
  11. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Не се плашам. Не гледам ништо страшно, напротив, мислам дека баш се забавни, особено за малите дечиња :)
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Има некои интересни и супер ми се ,као Биди и Бади :rofl: Ама има и некои такви , што место да те насмеат до солзи , тие те плашат до солзи :)
     
    На Boka.A му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Се согласувам со Душица.
    Ете на пример тој Брајт што го има постирано, ми е морничав.
    Како мала не се плашев и ми беа интересни, ама сега од што се имам изнаслушано се и свашта и откако почнаа да пласираат страв од нив, ми станаа некако... :?:
     
  14. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    8.091
    Пол:
    Женски
    Никогаш ниту сум се плашела ниту ми паѓало на памет дека некому му се страшни.Мислам дека ова повеќе е медиумски исфилуван тренд како демек на Џони Деп му биле језиви и се плашел и сега ај сите се плашиме по малку само не ни текнало досега. |( Јас пак цело време си мислев дека кловновите се асоцијација за нешто смешно и весело.
     
  15. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Како помала многу сакав кловнови, а сега ми задаваат некое језиво, одвратно и одбивно чувство... ги мразам!
     
  16. LaRagazza

    LaRagazza Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    121
    Што има врска тоа со Џони Деп? Луѓето едноставно се плашат, не ни текнува одеднаш еј ај од денес јас ке се плашам од кловнови зошто и незнам кој се плашел. Глупости! Едноставно се језиви!
     
  17. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    8.091
    Пол:
    Женски
    Има врска оти ова почна наголемо да се труби од пред неколку години,да се шири пропаганда демек страшни се и језиви и во Sex&City као Кери се плаши,па шо ти ја знам во "Дали се плашите од темнината" некој спомна...ова ко небаре некоја кампања ми личи,медиумски поткрепена.Разбирам јас да не му се допаѓаат некому,да му се грди,одбивни,језиви ај некако,ама па да се плаши..возрасен човек :?: не знам колку е природно,а колку извештачено.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LaRagazza

    LaRagazza Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    121
    Абе сеа нормално дека нема да се плашам од оние обичнине кловнови Биди и Бади не знам кои, ама во некој хорор филм знаат да ме исплашат ептен. Ти ако не се плашиш тоа е ок, свака ти част, ама не можеш генерално да збориш дека возрасни луѓе не можат да се плашат од кловнови. Можат...докажано е, читни погоре :)
     
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    ХА! Нема врска, темава ја отворив бидејќи ја видов од на еден друг форум што сум, која беше отворена пред 1 година. Како и да е, сакав само да го активирам ПДФ Психологија.
     
  20. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Што мислите за овие маскирани суштества?
    Мислам дека тие или премногу ги сакаат децата или сакаат да го скријат својот идентитет. Не се задоволни со својот живот, со себеси па ставаат маски на себеси.
    Ги сакате или ве плашат?
    Можеби ќе звучи смешно, но страв ми е од кловновите.
    А зошто, не знам. Не можам да се замислам во иста соба со кловн, ни со тие акробатите облечени во црно-бело. Напад на паника ме фаќа.
    Како влијаат на психата на малите деца?
    Па што знам, најверојатно ги забавува, ги смее, се понижува пред нив. Јас никогаш не би посакала да бидам кловн, ни на една секунда.

    Иако се само луѓе под маска сепак има нешто чудно, мистериозно и застрашувачко во нивната насмевка...

    Кај нас во Македонија, нема некој психопат кловн, колку што знам, сите си ја работат работата затоа што им треба пари, а не да заплашат некое дете. А да, имам сретнато во другиве држави такви кловнови, психопати. Мене овие кај нас ми се страшни, и добивам напади на паника, па можете да замислите со овие, другиве. Кога ќе те погледне ладнокрвно, со очите огромни и нашминкани, со носот црвен истакнат, во очите му се гледаат пламени од омраза. Страв ми е од кловнови.. :x
     
    На HuntressGirl му/ѝ се допаѓа ова.