Искрено,уште има некоја чудна точка во тие кловнови, или поима немам,ваљда ја така гледам.. Сепак,не се плашам од нив, не сум толку фобична,скоро на ништо.
Ни ги сакам, ни ме плашат. Некои малечки деца ги сакаат и им се интересни , некои пак се плашат од нив и бегаат од нив како од не знам што. Не сум се плашела ни како мала.
Не ме плашат ни како малечка ме плашеле,тогаш дури забавни ми беа ама сега не ги сакам некако антипатични ми се
Кловнови.......Секогаш со иста фаца,насмеани од уво до уво а позади тоа се крие нешто крајно злобно и подмолно Ме потсеша на The joker . И во собата немам ни еден кловн Не ги сакам.
Сеедно.Не дека многу ги сакам,а не ги ни мразам.Има нешто чудно во нив,бизарно,чудна насмевка...Ама сепак постојат и такви што знаат да се забавуваат. Имам гледано хорори со кловнови,и уште еднаш ќе кажам...Не дека многу се плашам,ама за чудни-чудни се!
Вака во живо немам страв, ниту сум имала. Ама некогаш кога ќе начекам хорор филм со кловнови ми делуваат некако језиво (сепак тоа им е целата поента во филмот).
Како мала не сум се плашела воопшто од кловнови, дури и на роденден моите родители ги викнале Биди и Бади . Ама откако пораснав, некаде од 10 години имам страв од кловнови, ептен и тоа. Сум имала и ноќни мори, заради и со нив.
Јас не се плашам од кловнови,но познавам луѓе кои имаат фобија од кловнови. Имаат нешто мистериозно,застрашувачко во нив.......а неможам да објаснам зошто.
Како помала ги сакав кловновите, забавни ми беа но сега ко ќе погледнам кловн ми делува застрашувачки,чудно, нешто што неможам да ги објаснам... Не ги сакам
Како мала имав еден кловн поголем и од мене, го влечев по земјата како што одев. ми беше од мајка ми направен оти пред тоа куклата ми ја скрши некој не се сеќавам кој. Сега малку ми се одбивни вистинските кловнови ама играчките ги обожавам
Jas summ apsolutno Klovnofobichna!Mozham da kazham deka ne se plasham od ovie paranormalnite rab ama od kolvnovi nemam dusha.Chesto sum ismejuvana zaradi ova no...sho da se pravi .Imam chitano deka toj stravot i klovnovi e vsushnost i stav od Lica pod maska ,licemeri dvolichni lugje..pa sea nz
Јас уште како мала многу ги мразам. Се сеќавам на една нова година ми донесоа кловн - играчка. Прво почнав да им се дерам зошто кловн ми купиле, после му ја скинав главата и го фрлив од тераса и сите ги изнасмеав. После еден период и на родендени си викаа другарките кловнови и ако ми дојде некој и да ме праша нешто или да ми направи некоја шала, јас веднаш ќе му свртев грб и ќе се преместев, и кога ќе речеа ајде сега сите по една желба да му кажете на славеникот јас ќе му речев : наредната година кловновиве да си најдат друга работа. Последниве години само ги игнорирам.
Одвратни, језиви морничави МРАЗАМ КЛОВНОВИ имам фобија од нив, се плашам уште од најмала ме ужаснуваат
Мене баш ми се интересни, секогаш ме смееле...имаше една детска серија До Ре Ми мислам се викаше и во еден дел од секоја епизода имаше кловнови, едниот беше Ѓокица Лукаревски а другиот не се сеќавам, баш ми беа смешни А еве ќерка ми има фобија од кловнови и маски, ич не ги сака, плаче и бега од нив, се крие и вришти кога ќе види кловн ти се чини страшило видела..И сега за маскенбалот кога ќе видеше кловн или некој премногу нацртан по лицето ја вртеше главата и викаше дека и е страв, а има 4 год., никогаш не ги сакала, а не верувам ни дека ќе ги сака...Кога и да треба да одиме на роденден кај некое другарче во игротека секогаш прашуваме дали ќе има кловн, зошто знаеме дека ќе има плачење, па однапред да си се спремиме да закасниме или тие неколку минути да се изгубиме т.е. да се скриеме.