Таман работа јас да сум се плашела од кловнови...овде обратно било тие од мене бегале сум имала навика за носови да ги фаќам
Искрено порано можеби сум ги сакала, ама сега како да ми се морничави.. Страшни некако со тие маски Не ги сакам..
Имав една играчка кловн и ми беше меѓу омилените. Инаку кловновите ми се интересни воопшто не ми се страшни.
значи кловнови и кукли, онакви како куклата Чаки, ми се најстрашното нешто на светот! многу ми се морничави и страшни. Можеби затоа што на лицата имаат иронична насмевка, која како да ти се потсмевнуваат
Јас не се плашам, ниту сум се плашела некогаш, ама брат ми... За мојот роденден како мала сакав да имам кловн, ама не можев заради што брат ми бегаше и врескаше на цел глас кога ќе видеше кловн!
Сега видов дека постоела и ваква тема. Ги ѕирнав мислењата и се пронајдов многу. Мислев дека сум единствена што овие измислени, чудни, морничави човечиња не ги сака. Не се плашам од нив, далеку од тоа ама не ги сакам во моја близина. Ме потсетуваат на лицемерие, скриени намери, незнам зошто. Ама и зависи кои кловнови, некои ми се тажни, а некои ми се страшни, меѓутоа најмалку ми се интересни или смешни. Како и да е не ги сакам, не прикажуваат ништо детско или невино, а тоа би требало да зрачи од нив штом се наменети за дечиња. А и во многу хорор филмови ги има, можеби од таму потекнува оваа одбивност кај луѓето.
Во многу филмови се прикажани во негативен контекст,најверојатно поради тоа пројавувам одбивност кон нив..
Мене па не ми се одбивни дури и ми се интересени, целите шарени како виножито ми се. Имам и омилен кловн на сите времиња, мислам како да не сакаш ваков кловн Знам многу луѓе кои се плашат од кловнови, не викам не имаат малку незгодни фаци што може и воздрасни да се плашат, ама мене ми се симпатични, смешни. Инаку има 4 типа на кловнови, цитирам: There are four types of clowns: a tramp, Auguste, a whiteface, and a character. Тhere's the fifth type, the sad clown, but tramp clown is a sad clown. Кој ќе каже сега дека не може да се научи ништо од сериите
Нешто на што воопшто не сакам да мислам се кловновите. Не ми изгледаат страшно, а ниту пак се и нешто повеќе забавни, ама заради еден глупав кловн се скарав со мојата најдобра другарка... угх... и тоа не било каков кловн-туку кловн на слика! Спојлер Ама смиривме се... а јас бев виновната