Се почесто слушам дека малите деца се плашат од кловнови. А искрено и мене ми се има случено да се расплачам од кловн што дојде на мојот роденден кога полнев 7 или 8 годинки. Ни сега не ги сакам баш, не ми се симбол на нешто убаво туку напротив, има многу страшни филмови во кои кловновите се негативните ликови.
Многу се плашам! Многу ми се страшни, уште од мала не ги сакам!! Напад на паника ме фаќа кога ќе видам!
Јас навистина не сфаќам која е поентата на кловновите. И онака 90% од децата се плашат од нив, воопшто не се забавни и смешни. Зошто по ѓаволите толку се форсираат на родендени и детски забави? За да им приредуваме стрес на децата? Има милион други начини како децата да си поминат убаво. Јас ниту се плашам од нив ниту ми се интересни. Ама можам да замислам како им е на оние луѓе кои имаат фобија од кловнови.
Не се плашам туку ми се смешни ама и одвратни понекогаш ајт таму нека ги занимаваат малите деца во склоп на ова " Таков е животот рече кловнот и си нацрта насмевка на лицето" и тие се луѓе и не можеме да знаеме што и кој се крие зад таа маска која има за цел да забавува многу луѓе иако и тој самиот ќе е несреќен ама нема да дозволи никој да го види тоа, од една страна им се восхитувам
Се ужаснувам од самата помисла на нив. Можеби и да кажам дека ги мразам нема да згрешам. Одбивни ми се, не претерувам воопшто кога велам дека ако кловн се појави наеднаш пред мене... можам да рикнам во истиот момент. Панично им се плашам, не можам да објаснам колку многу... There’s nothing funny about a clown in the moonlight!!!
Зошто да ги мразам? Ни се страшни ни се језиви,напротив интересни ми се и забавни,како виножито се ,ај леле душички
Јас како мала имав фобија од кловнови и тоа многууууу се плашев од нив едан баш знам дека ке се онесвестив кога видов
Се плашам од кловнови. Прво: поради нивното глупаво однесување. Второ: манијаци се во тие огромните комплети или што и да се, одвратни ми се.
Како малаа кога ќе ги видев лелее право почнував да плачам да бегам само по настрана од нив, незнам зошто амааа многу ми беа језиви..... Е сега не ме е страв ама не ги сакам
Офф језиви ми се, ме потсеќаат на хоρоρ, на платени убијци κои што се κρијат зад тие масκи. Уфф се ежам од самата помисла на нив, едноставно не ги саκам!