Мене ми се интересни, секогаш ми вадат насмевка. А и да бидам искрена, да го видам дечко ми маскиран во кловн, ќе ми биде многу секси
Кловн како кловн ама кој се крие зад тие маски една недела по настаните во куманово бев таму еден кловн делеше флаери не го забележав дури не дојде до мене ми рече еј дечко чуден глас имаше бидеќи му смета топчето на носот при зборување од ум ме извади ги замислив сите терористи во тој момент
Кловновите се смешни се додека не ти се појават после полноќ. Јас никогаш всушност и не сум ги видела кловновите како страшни, барем како дете. Секогаш сум ги сметала како забавни и весели чија цел е да шират радост меѓу децата. И да не беа оние хорор филмови не верувам дека ќе ја откриев нивната страшна страна.
Кловновите се мојата фобија од како знам за мене. Мислам дека сместо ке добијам срцев удар да ми се појави некој недај боже... Одвај се освестив кога бившиот ми сопруг реши на една градска забава да ми купи балон со хелиум од кловн и да ми направи бу.. преплашена...и нон стоп ме тераше да се сликам со тој кловн.. Мислам дека го замразив тој ден ...
Јас сум го пропуштила генот „се плашам од кловнови“ ама па и генот „сакам кловнови“, дури и кога сум била мала и кога имало кловн некаде памтам дека го задевав за да си оди. На мој роденден никогаш не сум имала кловн безразлика што додека бев помала мајка инсистираше барем еднаш, она очигледно сака. Сега со цела фама за кловновите, можеби ако ги фати будалото и нашите малку страв да ме фати ако ги видам сама, надвор од игротека, ама шансите да бегам и паничам се минимални.
Мене не ми се страшни имав многу гипсени кукли кловнови со кои си играв а и често цртав кловнови Можда John Wayne е основоположник на идејата за страв од кловнови или можда Стивен Кинг.
Посимпатични ми се циркуски кловнови од оние другите во реалниот живот... Вториве ми се „смешни“ и ми е срам во нивно име, а „страшни“ стануваат кога им даваме моќ , и од таа позиција може да го менуваат животот на останатите луѓе, па ни останува само да ги исмеваме, како компензација... Овие првиве, циркуски, се безопасни....