К'на- за ревитализација на косата

Дискусија во 'Коса' започната од BBojana, 25 мај 2011.

  1. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    Здраво девојки :) Ме интересира дали сте користеле кна? Иде лето па сонце вода... и коста го губи сјајот и станува сува па ми препорачаа да ставам кна за да ја заштитам. Ама имам светло кафена коса- смеѓа па став ми е да не ми остане после тоа црвен сјај (ми кажаа дека е црвена боја) па пишете ми ако имате некакво искуство да знам :D
     
  2. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.822
    Па немора да ставаш црвена к'на , има и во други бои.
    [​IMG]

    Еве ти повеќе информации
    Растителни бои за коса 100% природни
    100% природна боја за коса: нова и единствена формула за долготрајна и суперефикасна боја за коса на билна основа. Само за 30 минути гарантирано ги покрива белите влакна. На косата и дава специјален сјај, влажност и здрав изглед. Содржи природни бои (со кои се изработуваат иконите и фреските), растителни масла и екстракти од коприва, сапунарче, орев и боровница. Ја има во само четири основни нијанси: црна, црвена, костенлива и руса.

    DOCTOR'S растителните бои за коса содржат исклучиво природни билни пигменти кои се добиваат од коприва (Urticae Folium), сапунче (Saponaria Radix), орев (Juglans Folium) и боровинка (Vaccinum Folium). Овие пигменти ја обојуваат вашата коса и и даваат природен тон, а во содејство со природните регенератори, како што се регенераторите од пченични протеини и јојоба ја негуваат косата и и даваат природен сјај. Изработени се по природен пат без додаток на синтетички бои, мириси, конзерванси и агресивни состојки (како што се амоњакот, пероксидот и др.). DOCTOR'S растителните бои за коса се лабораториски тестирани и не содржат агрохемикалии и тешки метали, по критериумите на Европската Унија. Хемиските бои за коса ја бојат косата така што прво го отстрануваат природниот пигмент на косата од внатрешноста на влакното, а потоа го заменуваат со вештачки пигмент. Оваа агресивна метода ви овозможува да ја смените комплетно бојата на косата. Меѓутоа, агресивните хемикалии ја уништуваат вашата коса, ја прават кршлива и безживотна. Растителните бои за коса делуваат само на површинскиот слој од влакното. Не продираат во внатрешноста туку го обложуваат влакното со тенок слој на боја. Со тоа природниот пигмент останува неоштетен, а сјајот на косата пробива низ тенкиот слој од боја и на тој начин и дава природен сјај на косата. DOCTOR'S растителните бои за коса претставуваат совршен спој со вистинската, природна боја на косата. Со употреба на DOCTOR'S растителните бои за коса истовремено ја обојувате, негувате и јакнете косата, зголемувајќи го нејзиниот волумен. Во комбинација со растителните регенертори од јојоба или пченични протеини овозможувате да се зголеми рефлексијата на светлината од вашата коса и со тоа да добие сјаен и блескав, природен и свеж изглед.
     
    На Boomgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    42
    има различни бои на к'на не е црвена боја, од црна имаш до светло кафеава мислам, јас се фарбам со к'на, ама од ко ќе ја исфарбаш со неа, нетреба косата да ја миеш со регенератор затоа што паѓа побрзо и се добива (од црното кај мене на кафеаво, а и така бев фарбана пред кна да ставам) посветла боја. А инаку да многу сјај и дава на косата, јас сум задоволна од неа и евтина е 40 денари е едно пакетче и ја раствораш со вода или со чај со што сакаш.
     
  4. ButterflyWings

    ButterflyWings Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    И јас сакам да пробам со кна баш,ако може некој да каже која е најдобра,и да го појасни целиот процес,колку вода треба,дали е подобро со чај или со вода,колку треба да стои кната и сл.фала однапред
     
  5. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    670
    имам едно прашање околу кната, јас сум веќе фарбана со обчна фарба пред 1 година и сега сакам да ставам кна на косата, но ми кажаа на фарбана коса не смеело кна да се става, тогаш косата добивала некоја жолтеникава нијанса наместо посакуваната боја, дали е вистина?
     
  6. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    К'ната ми ја спомнаа како одговор на спас од црната коса.
    Ми рекоа дека прво да ја фарвам косата со кна, па после кога ќе се фарбам, ќе фати боја.
    Навистина сјае косата штом ја фарбаш со к'на, ама јас не сум сигурна за тоа, не планирам да користам.
     
  7. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    :rofl: :rofl: :rofl: Eпа супер штом има во други бои :) а баш можам да земам плава да пробам само дали ке ми фати на кафеното? Уствари ако е како фарба би требало да фати ;)
     
  8. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    42
    Нема врска тоа дека не смееш да ја фарбаш косата со кна ако ја имаш фарбано со фарба, па уште ако ти е од пред една година, слободно фарбај се. Јас бев фарбана костенлива (фарба) и по месец и пол се исфарбав со кна црна и нишо не ми беше на косата, баш за разлика од фарбите фаќа секаде .. само како што напоменав горе не смее да се става регенератор оти паѓа бојата и се осветлува.


    Една е кна нема различни врсти на кна, мислам бојата да ама како што има фарби пример палете нз шо нема :) инаку има упатство на кната во колку вода да ја ставиш, се прави или со вода или со руски чај, (не многу топла, ама не и ладна, значи млака за подобро да се раствори кната) ја оставаш да стои исто колку и фарбата, а јас инаку и ставам отприлика 1,5 - 2 шолји за кафе (мали) и ја мешам убаво па после ставам на косата, колку подолго стои толку поубава излегува (последно ја направив потечна малку ама сепак фати) :)
     
    На MarchelineAmaru, interesna и ButterflyWings им се допаѓа ова.
  9. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    42

    Само побарај дали ќе најдиш плава кна, оти мислам сите нијанси дека се потемни, дека нема плава а и немам видено оти јас само црна земам, така да прашај :)
     
  10. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.054
    Пол:
    Женски
    Има и плава, но не фаќа, од искуство, не си ги троши залудно парите.

    Инаку јас имам пола фарбана (светлокафеава) и пола моја коса, сега се плашам да ставам црна кна, зошто мислам дека нема да фати исто на сегде. Некој од искуство дали знае дали ке фати исто или не?
     
  11. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    42

    Според мене, црна на се фаќа ... :D :D
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.250
    Девојки, внимавајте само од каде ја купувате к`ната- има вештачка к`на која е ептен штетна бидејќи директно ставате вештачки бои на косата :o :( .

    Исто така имајте во предвид дека косата ќе ви има некој црвенкаст сјај кој потоа тешко се покрива со фарба :!: - така да не е толку полезно како што ви изгледа.
     
    На marama, JuLleE и karina8 им се допаѓа ова.
  13. ButterflyWings

    ButterflyWings Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Па те погоре видов дека има кна од докторс и баш се зачудив и затоа прашав,никогаш не сум се заинтересирала затоа не знам,за кната единствено што знаев е дека го зацврстува влакното :)
     
  14. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Јас често си ја правам косата со кна (црна)...мене ми ја препорачаја за против опаѓање на косата и за посјајна коса...ми кажаа да ја мешам со руски чај и јајце..и навистина покажа добри резултати ...затоа сега често си ја користам....
    Предност: е тоа дека не ја гори косата не содржи никакви хемикалии (хидроген) се е на природна база
    Недостаток: е тоа што за нецели 2 недели целосно се отстранува од косата (мислам во зависност од тоа колку често ја миеш косата)
     
  15. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    значи можам да ставам црвена па ако не ми се свигја ке сменам у кафена :rofl: а колку има у едно пакување? ке биде доволно за долга коса или треба 2 да земам? дека една фарба на косава моја малку и е :D
     
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.680
    Јас сум решена да ставам к`на на 10 ти јуни, црвена, па што биде, нека биде.
    Мерак пуст. :$ А башка што не ја оштетува косата, па лесно ќе можам да ја оддржувам. :) Само да ве прашам, секогаш ќе ми излегува истата нијанса? :?:
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.996
    Допаѓања:
    90.768
    Зависи од пигментот на влакното.Во секој случај,не е силна до степен да ти ја смени нијансата на косата,само ќе и даде црвен сјај.Ако си темно кафена ќе добиеш темно теткинско црвена,ако си светло кафена нешто посветло,со текот на времето ќе добиеш изедначена боја,но првата недела нема да те воодушеви баш.

    Од кна и бланш нема ништо погадно.Бланшот ти ја умира косата,кната не се вади никако,останува црвеното,па дури и да ја бланшираш после ќе ти стане морков,ама нема да падне бојата по ниедна цена.И двете на крајот се сведуваат на тоа да мора да ја шишаш или пораснеш косата.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  18. shaa

    shaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    6
    Јас еднаш ставав кна бев седмо одделение заедно со сестра ми и братучедка ми зедовме бебојна кна од пазарот и ни ставаше тета братуцедка ми како што бесе шатирана со плави прамени стана црвеноперка во главата што не бевме исклучок јас и сестра ми а ни беше препорачана за зацврстување на косата бидејки имам слаба коса и оттогаш немам никакво искуство со кна а инаку не сакав на одам на училиште и на сликата од крај година на седмо одделение имам црвена коса а мојата е светла нијанса нешто измегу костен и златеста боја хехе ми остави голем спомен до ден денешен кога ке се потсетам се смејам...
     
  19. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    1.607
    Пол:
    Женски
    Јас ја мијам косата секов втор ден и секоја фарба ми паѓаше,а со кната си го решив проблемот не ми паѓа бојата воопшто.На кого како изгледа.Како и да е јас сум многу задоволна
     
  20. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    аа сакам и јас да пробам со црвена :) Ама после ако останам како морков портокалова.... :envy: