внимавајте да не испрскате да не накапате нешто после не се вади и опремата со која ке фарбате ќе треба да ви биде за една употреба зошто не се измива,јас така знам
Ставам к'на веќе подолго време и сум презадоволна. Порано се фарбав црна, но оваа година почнав со к'на. Го прави влакното поцврсто и помага при раст. Ја користам од Eagles, ем е добра и квалитетна, ем не e скапа воопшто. Ја држам од 2 до 3 часа. Ја растворам со топла вода. Воопшто не ми се одмива, и по две недели ставам пак само на коренот што ми има пораснато.
Здраво девојки И јас се фарбан со црна кна подолго време. Последниот пат кната беше во вакво паковање. А претходно се ми се чини дека последната фолија( таа сребрената со повеќе сликички) беше или само бордо или пак бордо со златно не сум точно сигурна. Е сега прашањето ми е која кна е оригинал? Поздрав
Од искуство, кната не паѓа, односно можеби малку избледува ,ама не паѓа. Ќе треба да почекаш да израсне и да ја скратиш косата
Ова со три кесички е оригинал, другите не, колку што јас сум запознаена од мислења на други девојки а и мене секогаш ми е со три кесички.
^ Јас мислам дека е оргинал к'на таа што е во плавото паковање.Затоа што само таа е имам среќавано по продавнициве и парфимерииве.
Убава е к'ната, навистина. Дава јакост и сјај на косата. Јас 2 пати си ставам, колку да променам малку и само пофалби добивам за бојата Се зезнав малку сега, ама така ти е кога не мислиш. Си ставив к'на пред 1 недела, саботата пред велигден, демек јајцата црвени и јас црвена, а планирав да се шишам неделава. Е сега ќе почекам да престане да паѓа црвена боја кога ја мијам косата па ќе идам да се шишам
Паѓа кната. Со секое миење ти опаѓа малку од бојата. Кога ке ти опадне скоз зависи од тоа каква боја си фарбана и каква ти е природната боја. Јас имам природна кафеава коса и се правев лани ова време со црвена кна 3-4 пати и до пред 3 месеци ми беше веќе вратена мојата боја, но со малку црвеникав сјај.
Здраво девојки Значи вака пред година и пол можи има прекинав да користам кна а пред то користев 3 години. Користев црна кна и се измачив ја извадов и косата како метла ми се напрај ама нема врска успеав да ја вратам мојата боја на косата и сега пред неколку недели ја шатирав косата и се мислам коке почни да ми расти мојата коса да не ја шатирам пак туку да ставам кна... Ама неќам да ја прам црна сакам кафеава ама незнам дали ке ми фати на шатираната коса, а и дали воопшто фаќа кафеавата кна!? Дали има некоја со слична ситуација да ми помогни ) ?
Јас знам дека врз кна не фаќа фарба, а врз шатирано дали фаќа кна не знам, ама мислам дека да. Со среќа
Ја направив косата со колор шампон црвена ама темно црвена што е. Е сега сакам со к'на да ја напрам но ме интересира дали исто како за фарба си бираш нијанса или има само една нијанса на црвена на пример?
Ќе купиш кна зависи од должината на косата, за коса до раменици користев две кесички. Во сад истури ги сите пакетчиња и полека ставај вода и мешај го додека не се соедини целото (звучам ко на емисија за готвење хахахаа) и не треба да ти биде ни многу ретко, ни многу густо. После ставај на коса и држи го околу 30-40 минути. Иначе многу смрди тоа Со среќа !