А, навистина ја зајакнувала косата? Ако да, за колку време отприлика треба да ги имам првите резултати?
Ќе ти кажам од мое искуство, со к’на ја имам правено косата едно 5-6 пати.Првиот пат кога ставив к’на дури и не ми се веруваше, ја измив косата нели и кога се чешлав немаше влакна (добро едно-две мора да има нели ) стварно имаше видливи резултати, а и понатакаставав к’на 3-4 месеци кога ќе почувствував дека има потреба, еве како што пишав пред две недели ставив, не дека немаше ефекти но еве пак ми паѓа, помалку но сепак паѓа
Има ли ваква боја на к'на . Мојата коса е мека но нема ич сјај со што веќе не пробав, па викам уште ова да пробам да добијам сјај . Немам искуство со к'на и фарбање не се оштетува нели
Јас топло ти препорачувам к’на , и косата не се оштетува напротив може да имаш само позитивности, а за боја оди на пазар јас би ти ја препорачала Афродита има 9 нијанси , сигурно некоја ќе ти се допадне
девојки јас се направив црна со кна и веќе ми помина меракот, корент малце ми порасна и се невирам сега.. затоа сакам да ве прашам, ако некоја од вас користела деколорант, дали успева да ја извади кната (пошо слушав муабети дека деколорантот вади само фарба, а кна потешко) .. :/
Значи девојки,јас порано имав проблеми со опаѓање на косата ... потоа се реши проблемот ми се збујни и во ред беше..ама откако почнав кна да користам по два три месеци после второто ставање почна да ми опаѓа,знам дека е есен и период на опаѓање ама се плашам да не е од кната сеа незнам дали пак да се фарбам,а сакам бидејќи ми е потпорасната малку осветлува кај коренот..ибнаку и природна сум потемна темно костен боја..дали мислите дека кната влијае на опаѓањето на косата ??
Никогаш немам пробано к'на на косата..Мислам и дека нема да имам потреба. Сум слушнала разни работи за неа и не би ризикувала...
Афродита е 120 денари ,големо паковање е како фарба има масла некои што се стваат внатре во кната и балзам за после, ракавици и капа, иначе имаш и други по 40-50 денари ќесички , во кои имаш само кна
Феминџики јас се направив црна со кна, поточно кажано се сјебав за сва времена! на никоја од вас НЕ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМ да се фарбате со кна, пошо нишо живо не ја вади после, никакви деколоранти, ни нишо, боље земи исфарбај се со фарба, бар полека паѓа бојата со миење и нема да имаш црвен сјај као шо остава кната.. кната не паѓа за жива глава!! ми здосади да бидам црна, и сакав да си ја вратам мојата природна боја - кафеава, земав се издеколорирав на фризер, и косата ми беше во сите бои (црвено кај шо највише ми фатила кната, портокалова кај шо помалце фатила, негде кафеаво, и коренот жолт).. морав после тоа да се фарбам и земав 3 кафеави фарби ама нишо не ми фати и сега сум си со прамени - портокалова со црвена у главата (костен боја).. значи единствено добро кај кната е што ја зацврстува косата, а негативно е шо никад нема да ја вратиш природната боја (освен ако не шеташ со израснат корен и чекаш да ти израсне твојата коса или да се ишишаш кец -.-) и косата паѓа повеќе од вообичаено! .. сега очајно морам да се фарбам или темно кафеава, или да ја бланширам цела коса па да ја префарбам во мојата боја, ама као и да е косата ќе ми стане метла.. така да, ве советувам да не се заебете со кна
Јас имам само пофални зборови за кната. Прво бев плава, па со кна се направив црвена џиш, ми се чини в очи дупев кај и да поминам, е откоа ја издегустирав и ми помина кефот за црвената, си ја направив црна и немаше и нема никаков црвен сјај. Ваква боја не се добива со фарба, па од земја да се акниш. Плус и ми ја обнови и ми даде неверојатен сјај, затоашто премногу ми беше оштетена од времето коа ми беше плава. На кој му треба фарба, коа имаш кна? Фарбите ненормално многу ја уништуваат косата, зборам од искуство. Мене дури почна и да ми паѓа, се дури не ставив кна. Тамбс ап за кната. :up:
Истото прашање го имам и јас, да не најде решение? Се мислам да не испадне многу нападна плава нијанса, сакам да испадне по темно плава
Се согласувам со Decapitated.Hanna. Мојата коса има поминато виножит со фарби и беше метла. Година ипол користам само црна к'на и косата сега воопшто не ми е оштетена, има само позитивни ефекти, мека, сјајна и жива! Фарбите ја горат, а к'ната ја потхранува косата!
Можеш да најдеш на пазар, јас купувам од зелено пазарче и според мене Афродита ти е најубава, внатре имаш балзам, масла, ракавици и капа.