Дали е добро да се става кна врз фарбана коса? Никако не ми се погоди фарбата, а и ми здосади плава па сакам да се направам кафеава.
Епа вака женски ми треба совет Имам 14 години, и имам така темно кафена коса, на сонце ми е нешто посветло кафена.Летово си ставив степче црвено и имам уште траги на косата од црвеното, неколку пранови. Ама пустаа моја желба да имам црна коса, многу сакам да пробам.Прво размислував за фарба али итака ми е косата ептен осетлива и неќам пепел да ја сторам па сакам летово да пробам со кна, мама цело време се фарба со кна па има ептен здрава коса. И сеа дали би ми препорачале да се направам со црна кна, и отприлика ако не се бендисвам за колку време би ми паднала бојата?Или сепак да си пробам со колор шампон црна да видам како ќе ми стои, па ако се бендисувам да се напрам, зашо ако ја утнам работата тешко дека црна кна ќе ми излезе некогаш.
Ако ја ставиш к'ната многу тешко ќе ја извадиш. Пробај со колор шампон прво, нема да ти ја оштети косата, а ќе видиш дали ти стои црна коса и дали ти се допаѓа. Тоа обавезно прво да го направиш.
Јас имам еднаш ставено кна над фарбана коса, фати на цела коса. Но, пази каква кна ќе ставиш, ако сакаш кафеава може да ти фати накај црна. На 14 год. да се исфарбаш црна ? Младо девојче си, мислам дека со црна фарба нема да ти личи (јас и воопшто не ја преферирам црната фарба, ама посебно на млади). Ако се направиш со кна имај на ум дека може и цела година да не ја иставиш бојата, а ако не се бендисаш или ти здосади ќе ти е тешко потоа. (а, може и за неколку месеци да ти излези, зависи). И јас мислам како девојката над мене, стави колор шампон (без амонијак се, не се толку штетни), брзо се вади, полесна е постапката, и ако не се бендисаш полесно ќе ти излези самата боја. Ете, нека те советува и мајка ти, но јас мислам ако се направиш со црна кна, ќе згрешиш. И имај на ум дека и да си фарбана црна (со што било), пак е можно да ти остани тој црвенкав сјај кој те нервира.
Окејј, решена сум ќе пробам со колор шампон, ама сигурна сум дека ќе ми се допадне, обожаваам црна коса.Ама сега за сега не, на лето ќе се направам Фала ви девојки ;**
Имам едно прашање, во скоро време ке пробам да се фарбам со црна кна бидејки многу ми опага косата и воопшто немам сјај,е сеа а што додека се фарбам се намачкам од кната по лицето или ушите или вратот дали со миење се вади тоа
На цело лице и врат околу косата намачкај се со помрсен крем и нема да се извалкаш, а ако се извалкаш, лесно ќе се исчисти вака. На раце строго стави ракавици, иначе две недели нема да ја исчистиш бојата.
Па што знам...мене ми излезе темно црвена и според мене не ми се познаваше доволно затоа што сакав мн посветла. Задоволна бев, со тек на време полека бојата паѓаше. И да - и дава сјај на косата и тоа многу. Зависи каква ти е природната боја на косата, ако до сега ништо не си и ставила и ако ти е посветла можеби ќе ти излези посветло црвена
девојки мојата коса е ваква но сакам да ставам кафеава к'на,па што мислите дали ке ми фати и ке ги покрие жолтите прамени? но несакам да испадне црвена
Па да ти кажам право не сум сигурна дали ќе успее кната да ти ги покрие жолтите прамени,сепак кната не содржи ни хидроген и сето тоа е на природна база така да кажам па мислам дека е подобро да не експериментираш.Јас да сум на твое место не би ставала.А и зошто би ставала мислам ти трае еден месец приближно,со секое миење ти станува за нијанса посветло.Јас имам ставано пред неколку години и штознам дури ставив ми излезе бојата.Ако сакаш промени и да си сигурна дека нема да ти излезе црвено подобро појди си на фризер нека ти стават превиа фарба и да си бидеш сигурна дека нема промашај.Сепак ти си знаеш ама според мене големи се шансите да ти излезе друга боја таму кајшто ти се русите прамени.
Со среќа, само имај на ум дека бојата ќе ти паѓа кога ќе се бањаш, па на одмор кога ќе отидеш може да ја офарбаш водата а и пази на алиштата бидејќи не сум сигурна дали се вади бојата.
И јас се правев црвена со кна и бев многу задоволна, ама мнооогу долго време треба да падне целосно бојата. Повеќе од пола година помина од последното фарбање и одлучив да се фарбам плава и не ми фати убаво бојата, буквално како феникс бев. Иначе од оваа кна користев http://www.uveklepa.com/uploads/Copy-of-kaniranje1.jpg и добив ваква некоја нијанса http://faithfry.com.hr/wp-content/uploa ... -blica.jpg Ако одлучиш да се фарбаш, сподели ги резултатите
Готовоо решена сум, утре се правам црна со кна.Каков колор шампон, какви бакрачи, нема да се мачам со тоа. ќе ставам слика да ме видите хаха