Имам тенко влакно и светло кафена коса па сакав да ја зајачам со кана малку. Барајки по нет, читам дека освен црвената и црната кана што се природни другите бои се полни со хемикалии и наместо да ја подобрат косата може да наштетат. Муабетот ми е, дали некоја од вас што има светло кафена коса пробала црна кана и каква боја доби? (нејкам да станам црна, нијанса на потмно може)
Јас имам светло кафена коса,ама кога прв пат ставив кна бев црна гламна .Ама мене тоа ми беше целта. Има и кафена кна што не пробаш со таква. А и колку што знам ја сите се исти безразлика на бојата. Е сега има некој нови кни по продавниците,ама јас сум пробала само од онаа на пазар со индиката на слика. http://t2.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... 5la_FenKpt (еве слика) Спојлер Лепешка си е лепешка . Да се се живи и здрави камиливе.
Дали сеуште постои безбојна к'на, сегдека имам прашувано во Скопје и ми викаат дека не се произведувала повеќе таква..ако некојa знае каде има пишете ми ве молам
http://tinkturedrsulca.com/2014/02/06/p ... anje-kose/ еве ви доказ дека постои и безбојна к,на, уште да знам кај може да се најде
Гледав некои туторијали на јутјуб за фарбање со кна..Сите со Лаш кака руж се мачкаат Ја има некоја испробано,вреди за толку пари? И на повеќето им испаѓа најсовршената џинџер нијанса што можам да ја замислам.. http://38.media.tumblr.com/bc5f54de046c ... o1_500.jpg
А како изгледа таа безбојна кна? Може слика? И како да ја пепознаам дека е безбојна,една другарка купила демек безбојна и испадна портокалова
Бојата на косата ми е ваква на дневна светлина, на темно секако е потемна малку. Е сега, сакам да добијам некоја темно кафена боја како чоколадна, како сликите во спојлер. Што мислите дали ако ставам кафеава к'на, ќе го добијам тој ефект, да не испадне некоја сосем трета боја? хм Спојлер
Bi sakala sovet i mislenje od vekje iskusnite ...se farbav polovina godina, pa dobiv nijansa na svetlo plavo.posledniot pat se farbav so garnier i od mnogu gusta zdrava kosa kosata pocna mnogu da mi paga, da mi se kine. citam i slusam deka knta e dobro resenie za revitalizacija...no dali ako stavam kafeava kna ke mi ispadne kafeava ...da ne dobijam portokalova...nekoj da ne ima takvo iskustvo?
Па не е препорачливо да ставаш кна ако пред тоа си била фарбана,може ептен лошо да испадне,не портокалова зелена !
Decki,vo vrska so k'nava,dali znaete kolku cesto e ok da se stava?znam deka demek ne e stetna ama sepak...pozz
И уште ова Имам подолга коса (но не мн бујна) и сега со к'нава ми е потпораснат коренот (црвена ставам) , па дали имате искуство, колку пакетчиња да ставам овој пат? Инаку ставав по 5 некаде за да фати на цела коса, а сега нез колку да ставам Има ли некој совет?? Благодарам!
Се фарбав со црна фарба, но последните два пати се направив со црна к'на. Дали сега доколку земам црвена или друга нијанса на к'на ќе ми фати? Фала однапред.