И јас на секој 2 ден ја мијам косата да изгледа на кој како мене за 2 недели ми паѓаше целосно...инаку и јас сум задоволна од кната а посебно од сјајот што го дава....
Lover вели дека паѓа брзо, Лилит вели дека воопшто не паѓа и сега ? Паѓа или не ? Јас сакам да ставам црвена за да ми се зајакни косата малку, ама не сакам цел живот црвена да бидам
За паѓање паѓа и тоа сигурно 100% значи целосно ..не треба да чекаш да ти порасни па да ја кратиш косата за да ја отстраниш....еве јас ви кажувам ја мијам секој втор ден и за 2 недели ми паѓа...инаку и јас не се имам решено за останам црна засекогаш ...само привремено кога ќе ми текни
јас ваква имам земено од пазар, ми делуваше како природна... ептен сега ме замисливте со вештачките бои на кна . инаку бојава наводно е кафеава мене ми испадна природно црна.
Имам користено кна за косата, можам да кажам дека кната не ја оштетува косата,не ја гори,дава сјај на косата, ја заштитува. Не е како фарба за коса, која ја гори и оштетува косата.Мислам дека е најдобро да се користи кна,отколку фарба за коса, поради претходно наведените причини што ги споменав Вајлд Чајлд тоа што сакаш да ставиш црвена кна,сјајот ќе биде црвенкаст и после тоа,нема да е многу приметлив, барем јас приметувам кај мене после долго време откако прекинав да се фарбам со кна,има црвенкаст сјај косата, но не е толку приметлив,сега тоа веројатно дека сум црна сега доколку има и друга боја на кна,може да се стави и во зависнот од бојата на косата нема да биде приметлив сјајот, значи ќе биде усогласено со природната боја на косата
Е од оваа има најмногу фалсификати- ако кога ја отварате и опаковките внатре се со истата слика- тогаш е оригинал, а ако е само фолија (обично црвена) без слика, тогаш е фалсификат Јас к`на никогаш повеќе не ставам, колку пати веќе ставам фарба и уште ми е темна косата Не си играјте играчка, сјајот останува- уште мавам на црвено
во право си на другарка моја истата кна и беше со црвено обвиткана, а мојава гледам е со сликичка онака мазна опаковка како оние примероците од шампони што ги даваат.
Штом е со црвено обвиткана без сликичка дефинитивно е фалсификат и е штетна- плус помалку к`на има внатре и уште кога ќе го отвориш оригиналната к`на е со зелена боја а фалсификатот има некоја розевкаста нијанса
Па за да не се замислувате дали е вештачка,купувајте си од аптека . А за колку време ќе ви падне целосно тоа зависи од тоа колку време ќе ја оставите да делува . Другарка ми ја остава само 30-45 минути и по 2-3 недели и се враќа пак нејзината боја . Јас ја оставам да делува к'ната додека да ми се исуши целосно косата значи 3 саати отприлика и к'ната целосно ја снемува по два и пол месеци. А за тоа дека има црвенкаст сјај -има, ама сосема малку ,не се ни забележува .
Имам слушнато дека кога ја раствараш кната само со јаце и со една тапа (затка) ракија стои подолго на косата. Дали некој пробал и знае? И со што ја растварата вие? Јас сум решена да се правам црна
Јас ја правам косата црна и имам погоре напишано мене многу ми паѓаше косата и доктор ми ја препорача кната да ја мешам со руски чај и едно јајце....
A што ке биде ако во фарбата ставам јајце за да не ја оштетам мн косата?Негде прочитав дека ставале ама не знам дали цело или само белката?викаат дека од долго користење на кна косата опагала,а јас пред еден месец и повеке се праев со кна не го знаев тоа и имам проблем и со тоа сто малце повеке влакна ми пагаат кога ја чешлам после миење.Штетно е да ја исфарбам сега со фарба?
Ми се допаѓа темава....Најмогу поради тоа што веке одамна размислувам за црвена кна, но слушам и пофалби и поплаки. Иначе имам темно црвена коса со фарба но сакам да пробам кна. Може ли да ми каже некој дали се добри кните на Докторс или некои други да ми препорача
Нема врска бе дека не излегува к'ната. Лично познавам една што се правеше со к'на и тоа црна, па по некое време ја видов кафеава. Ми кажа дека купила деколоранти, па ставила кафеава фарба и и' фатило. Ајде здравје и јас за некоја недела ќе пробам, па ќе ви пишам резултати.
Се вади кната јас пред една недела се фарбав 3пати ја измив косата и осветлена ми е малку колку повеќе ја миеш толку повеќе паѓа ама убав сјај има
јас прегеска бев кај мојта фризерка изреволтирана од мојата никаква форма на косата ја прашав дали да земам кана дали има несакани ефекти и дали излегува со тек на времето ми рече дека повеке ми препорачува колор шампон или фарба без амонјак отколку кана
Јас денеска си купив црвена к`на. Пишува Herbul, Burgundy Henna, а истата сликичка ја има и на паковањето внатре. Дали е чкартна и може ли да ми излезе некоја скроз забегана нијанса?