Еве, ако си од Скопје на сите овие места во центар можеш да ги најдеш. На странава има повеќе информации отвори си. https://www.prirodnakozmetika.mk/index.php/kade-da-kupam.html Инаку, производи на Санте има и во други градови не само во Скопје.
Kade mozam da najdam niz bitola kna za da mi bidi kosata crvena nakaj bordo i da se poznava?kako da ja stavam i kolku pari e?
devojki neli vikate jajce da stavish vo kna da ti sjaela kosata,sega neznam dali celoto jajce ili samo belkata ? ve molam pobrzo
Za nijansata neznam,inaku ima vo noviot pazar na tezga za igracki I dr. bi trebalo da ima i vo drugiot pazar.Vo prav e I se rastvora so voda,da dobies smesa kako kasa I se mackas so narakvici za farbanje, ja nanesuvas kako kolor sampon, inaku 40/50 denari e
К'на е и брзо се одмива,не ти ја препорачувам ама баш ич.Џабе ке дадеш 500 денари за такво ѓубре,подобро додај некој денар и од лаш купи си.
Ставив кна пред 2 дена и задоволна сум, по препотака на другарка турчинка. И ви препорачувам на сите доколку ви опаѓа или ви е мрсна и сл. Иначе најобична кна од пазар користев!
Од дамна немам ставано кна,ама ете сега морам ,посо 1 месец дена како се исфарбав и некако гледам сува ми стана ,а ми се мрсти на скалпот,и почна некакако да ми паѓа не многу ама некако ми спласна ,а баш пред да ја исфарбам појако ми беше влакното и повеќе волумен ама ајде пусти мерак ,ми здосади темнокафеавата боја ,ама ете си добив потенка и посува коса и помрсен скалп,па сега ке ставам кна да ја оправам,прашањето ми е зедов од афродита темен кестен,значи дали може да ме направи шарена или сл,не мора да ми смени боја,пошо и онака кна е ја земав само да ми даде цврстина сјај. и помалку да ми се мрсти коренот.
Јас имам темно црвена коса и еднаш си ставив к'на ама од арома колор, исто црвена (демек). Не ми ја прошара, уопше боја нр ми фати ама ми ја зајакна. Ама да знаеш дека секоја коса е различна и не се води по тоа дали на другите им фаќа или не, од искуство ти кажувам
Девојки,јас денес пробав со оваа кна од афродита ова бројче 9ка,светло плава,инаку имам фарбана коса интензивно бакарна ама многу светла бојата ми е,особено на коренот малку како на златникаво руса иди,и откако се намачкав немав големи промени,дали бојата се развива по неколку миења? И не забележувам многу промени во квалитетот на косата,освен што ми е малку посјајна и поубава бојата,некако освежена,поинтензивна и малку повеќе на кај златно-руса оди. Инаку ја растворив со топол(не жежок) чај од камилица,малку повеќе од пола кесичка од овие афродита ставив,и околу 100мл дури и помалку од чајот,јајце,маслиново масло и малку ракија,и тие маслата што се заедно со кната(бадемово и серум некој) . Ја чував мин 3 часа.Дали непшто направив погрешно и дали има некој искуство со ваква кна ?
И јас денес ќе ставам кна,од афродита само јас земав темен кестен,пошо продавачката ми кажа дека другите удирале на црвено,оваа не толку ,инаку и јас сум фарбана 1 месец и нешто некоја чоколадна боја,ок задоволна сум од бојата иако јас сакав малку потемна нијанса,ама квалитетот мн,ми падна некако сува,дури и малце почна да ми паѓа,и некако потенко влакно,па затоа сеа со кна малку да си ја обновам,е сега и јас ќе ја правам со камилица,ама зошто не ја вареше,значи не да ја куваш,ама малку барем 5-7 мин ,мислам така повеќе пушта боја,ја тргаш да се олади,топла ама не жешка ја ставаш,малку ме збуни ракијааа,зошто ставаш.маслиново си е ок,можеш било кое е сеа незнам ,знам орахово потемнува,маслиново мислам не,јас имам макадамиа,од тоа и од маслиново по малку ќе ставам,кажи ми која ти е должината на косата пошо имаш пишано дека повеќе од половина кесичка имаш ставано мене ми е нешто подолга од врат,и да паѓа бојата од кна после неколку измивања,рамномерно си опаѓа бојата,само и јас незнам дали кната ќе ми смени нешо на боја пошо ми е фарбана,ама не мора само нека ми даде сјај ,цврстина на влакно.
Не би рекла дека к'ната ја ревитализира косата ... Сестра ми се фарба од зимата , единствен добар ефект од неа е што расте можеби побрзо , но влакното станува многу суво и се кине . Истото и на фризер го кажаа. Кај нас нема природна к'на .
Мене косата ми е на степен најдолгите праменчиња ми се до рамена,инаку ставам маслиново зошто добро ја негува косата,а тука негде прочитав дека е добро и јајцето,исто на интернет некаде прочиртав дали тука на форумот,не памтам точно дека ракија се ставало за поинтензивна и подоллготрања да е бојата. Мене ми осветли малку,еве веќе две миења до сега,ми е повеќе на кај плава,значи менува бојата малку,сепак за фарбана коса се работи.
К`ната не е регенератор за косата туку поради тоа што не се става хидроген се смета дека помалку ја оштетуа косата, а исто така подолго трае и бојата е констанрна малтене до шишање, да не подраснува со години може да стои. Дали косата ке се кине или не, не зависи од к`ната туку од квалитетот на влакното и негата на вашата коса многу пред да ја нанесете к`ната. За квалитетна коса не е важно само квалитетна фарба, туку секојдневната грижа за неа, па дури и временските прилики можат да имаат влијание за да дојде до кинење на влакното и сл, посебно летно време кога температурите се екстремно високи а влагаѕа во воздухот ниска.
Јас имам кафеава коса и досега немам ставено ни фарба ни кна ништо ама многу ми е оштетена па сакав да ставам зошто сестра ми става и е презадоволна.. таа става црна многу време и сега би и требало можеби и година за да ја врати природната боја, затоа прашувам за безбојна бидејки не сакам црна коса и дали ако ставам кафеава би можело да испадне некоја црвено протокалова нијанса .. во дилема сум
Јас имам ставано кафеава кна на кафеава коса и воопшто немало црвена нијанса. Единствено ако ставиш црвена кна тогаш добиваш црвенкаста нијанса. Моментално сум со црвена кна, имам кафеави и по некое црвено влакно.
Имам ставано една к'на, на црвено ми испадна ако кафена ја земав. На една моја другарка многу брзо и порасна косата од к'ната и беше до рамената и после 3 пати ставање косата и е сега скоро до половина.