Што кна ставаш, јас до сега не сум видела баш кафеава нијанса,освен на лаш,ама скапи се и не даваат на парче,а инаку афродита немаат кафеава нијанса освен темен кестен,ама мене тие ми се ок,имаат пристапна цена и ок квалитет.
Да,и мене ми и е исто на степени,ја растам ама споро расте,кажи ми пола кесичка еве нешто повеќе е ок да ставам од кната,инаку не ми е густа,пошо имам приметено и дома а и на фризер некако се останува повеќе фарба,па на крај ми ја шлапаат колку да не остане,а ова со ракијава(да видам ако моите имаат) ај ќе пробам само кажи ми колку ставаш.
Од овие имам ставано, ама одамна. Имам ставано и Лаш, ај што е скап, ништо посебно не е. Инаку последниве години ставам црвена кна од оваа. Г Ги има по пазарите.
На зелено пазарче има и колку е цена,за последната слика зборам,и дали удира на црвено или онака само отсјај на црвено.
Jaс ја купувам од Буњаковец, пазарчето. Ја имам видено и на влезот на женски пазар на Бит пазар. Би требало да ја има и на Зелен пазар. Цената е 40 или 50 ден. Јас ја купувам 3 за 100 ден. Јас оти имам темнокафеава коса, ми дава само отсјај на црвено И белите влакна ми ги бои црвено Јас би сакала да ми дава црвена боја на цела коса, ама толку фаќа. Иако што све немам ставано во неа: цимет, црн чај, црвен пипер, вода од варено цвекло. И со саати сум ја оставала да ја развие бојата, ама џабе. Бидејќи кната ми ја суши косата, во смесата ставам неколку капки етерично масло или некое ладно цедено.
Јас пробав 2-3 пати со различни видови. Ама едната многу лошо мирисаше. Два месеца косата ми мирисаше на запалена пластика. Каква да купам сега? Овие на Doctors добри ли се? Која цена се?
Девојки ми треба помош. Сега сакав да се фарбам со кна, имав купено 3 пакетчиња црна кна од таа што е со девојката индијка на сликата, и добро ги отворив двете пакетчиња и беа со зелена боја(како погоре што има една феминка постирано) ,а последното пакетче беше со црна боја. Сега се збунив, каква боја треба да е оригиналот? И дали сега да се фарбам или не, да не е штетно ми е страв? Ве молам за совет, итно е .
Зелената е оригиналот,ама немаш гајле секогаш во 5-6 пакетчиња има по едно барем такво јас ги ставав,не се секирај
Имам пишано повеќе пати,значи кната никако не паѓа,јас со три пати бланширање не можев да ја извадам,нека не ве лажат дека е привремена,баш напротив потрајна е од фарби