Zdravo,sakam da ve prasham dali stvarno knata pomaga pri rastenje na kosa,slusnav deka postoela bezbojna kna pa sakav da probam..mozhe sovet?
Денеска си купив кана од арома но читам на паковањето дека можела да предизвика алергии или тоа е вообиченото со го пишат на сите фарби ја има ли некој користено оти јас имама користено кана од тие малите паковања од по 10 г. мали пакетчиња и не ми предизвика ништо еве каква е темно кафена костен
Дали некој знае каде во мк може да се најде индиго прав?Ми треба за бојадисување на косата во црна боја,бидејќи природната к'на е црвена,а јас умирам по црна боја,но сум алергична на фарби и не би ризикувала ни со комерцијалниве к'ни..
Сестра ми користи к'на еве веќе 5 години со црна се фарба и убава и е косата сјајна ја приготвува со Руски чај ова к'на ја купува горе на кутијата има дека е оригинална по тоа сјајното,дека на некои нема и не се добри.Ја купува на Дуќанџик кај џамијата пд десна страна има дуќан 100 денари е кутијата само гледај да го има горе тоа сјајно етикетче.Има и на женски пазар црвена на мерење и посебно се купува црн камен и се меша,а ова ти е во кутивче.Не може да се прави споредба к'ната од тука и од Арабија таа е вистинска к'на.Не постои безбојна к'на и во други бои тоа не е вистинска к'на само бизнис.
Да пробаш со на lush кната. Се продава во Сити Мол. https://www.lush.com.mk/shop/product/product/path/147_153/id/391/--Caca-Noir
Пред да ми се јави алергијата,ја користев само оваа к'на и бев многу задоволна,меѓутоа откако ми се појави алергијата на фарбите,зедов повторно од к'нава сметајќи дека е природна,но по некоја случајност ајде реков да видам што пишува на упатството,кога на крајот читам можно е да предизвика алергиски реакции и не се осмелив да ја употребам од страв зошто реакциите ми се страшни...сепак ти благодарам на одговорот
Девојки да не знаете дали ја има оваа фарба во Скопје? Се раствора само во вода, инаку е прашак, а амбалажата е мало шишенце. Може да ја видите на линковите... http://www.bigen-usa.com/pp-how_to_use http://bigen-usa.com/permanent-powder.php
Немој воопшто да се мачиш да ја бараш воопшто не е добра намсто кафена е ептен црвено портокалова како морков а и не ни фака како што треба
Колку време ви стои бојата? Мијам коса секој втор ден инаку. Од каде да купам никогаш не сум користела?
Околу месец и пол или два. Зимно време поради ладното ич не ми се става. а летно време би можела на недела или две. Ја имаш по тезгите на пазарите, најчесто на тие со козметика. Кутивче ти е 40-50 ден. На женски пазар чашка црвена кна е 50ден Имаш црвена, кафеава, црна. И имаш и на Лаш таа е околу 1000 ден за 325 гр.
Има ли кната ефект да ја зајакне косата, да стимулира раст и густина или само ради боја ја користите? Размислувам за кна како опција наспроти класичните фарби.
Ima efekt ako ja koristis redovno ,a ne samo ednas i da ja rastvoras so caj zavisi i so boja stavas i mozes vnatre maslo za kosa ,zolcka kapki bilo sto i da ja cuvas podolgo vreme .
Пред месец дена се фарбав со црна кна и за некое време сакам да ја пробам таа со виолетови нијанси. Мислите ли дека ќе фати или треба постепено да пробам да ја осветлувам?
Јас од ко се зацрнав, црна останав Постепено само осветлување Имаше пишувано членката @Sesil во темата +-40 разрошкај постови