Мноогу тешко и долго и макотрпно Ако ти е мерак за црна стави спреј кој се одмива после некое време,за да не зажалиш со к'ната, ко мене :/
Да, но дури откако ќе ти падне бојата, а паѓањето зависи од должината на косата може да трае и година и пол. Последен пат се фарбав почетокот на Ноември 2016 и одтогаш ја имам кратено косата 2-3 и се` уште имам малку на врвовите од кната. Да падне уште малку и јас планирам Мај да ја осветлам малку. Ако не си подготвена да чекаш да падне бојата, не ти препорачувам кна, подобро колор шампон. Јас не се каам што се исфарбав црна, кната ја прави поздрава и густа косата, само ми сметаше малку што паѓа бавно, а природно косата ми е посветла и не ми се допаѓаше двоењетоо, а фарба не фаќа на кна.
може ли од црна коса фарбана да и ставам црвена кна или кафена за да добијам друга боја освен црна ? Ако има некој искуство нека пише некој совет ..
Користев к'на многу одамна. Се сеќавам дека постоеја неколку нијанси, имаше црна, црвеникава и уште една-две нијанси на кафена. Вистина е дека не ја оштетува косата и дава убав сјај. Проблемот е што е навистина тешко е да се офарба косата на овој начин. К'ната се раствора со топла вода и треба да се добие кашеста смеса која кога ќе се нанесе на главата ретка е и се растекува на сите страни. Не фаќа брзо како фарбата за коса, се сеќавам дека многу подолго ја чував на себе. Не отпаѓа со миење, со тек на време губи од сјајот и тешко е да се прекрие со друга фарба. Тешко, кната нема толкава прекривна моќ како фарбата за коса и не сум сигурна дека од црна ќе успееш да добиеш посветла боја. Да беше обратно ќе успееше. Најдобро е да пробаш на некое праменче од внатрешната страна на косата и да видиш дали ќе има некој ефект.
Јас користев кна околу 10 месеци и ја ставав на секои 3 недели бидејќи пишуваше дека бојата држи од 6 до 8 миења. Јас отсекогаш имав плава коса, долга, густа и се како што треба. Но сакајќи да сменам а притоа да не ја изгорам, се офарбав црвена со кна. Потоа за да ја обновам ја скратив мислејќи дека од кната ќе ми се среди. Косата ми згусна, ми порасна многу брзо, но многу ми беше крута, ми се плеткаше и слично. Бев малку изненадена од ова, но сфатив дека има и разлика од кна до кна, а и секое паковање и различно мирисаше и различно ми делуваше. Пред неколку месеци сакав пак да ја осветлам со цел да си ја вратам природната боја, но само фризерката знае кои маки ги имаше за да ја тргне кната, и на сонце сеуште имам црвен сјај. Кната повеќе би ја препорачала некому што е сигурен дека таа боја ќе ја задржи и воедно да гледа од каде ја купува, за после да не плаче како мене
Не е толку страшно бе, еве јас се фарбам со кна некое време, но после месец дена половина и повеќе од бојата паѓа. И добро е тоа што паѓа рамномерно од цела коса, а не како фарбата само коренот да е различна боја. Добро, сега тие со светла природна коса точно е дека потешко ќе си ја вратат назад, но и со фарбите е така.
Јас кога ставив црна, бев плава фарбана со претходно кафеава к'на која се одми за кратко, ама после црната од едно фарбање цела година не се намали интензитетот на бојата ич, мааалку само на црвенкасто доби сјај и коренот ми беше посветол.
Сакам да прашам дали знае некој каде има обична кна и дали воопшто има такво нешто? (можда малку смешно да е прашањето бидејќи незнам буквално ништо за кната )
На Бит Пазар има од продавницата на Атлантик право и лево ќе свртиш на почеток на тезги тоа е женски пазар.Имаш к'на на рефус и имаш во кутија.На Рефус мислам дека е само црвената к'на,а во кутии имаш црна,црвена,кафена.
Девојки , споделете мислења од кната на Lush Caca noir , имам црна коса и се фарбам веќе 14 години, но сакам сега да пробам со кнава на Лаш, како сте задоволни? На колку време ја користите, парчето е 325 гр дали ќе може да се искористи 2-3 пати бидркќи имам кратка коса? Контактирав со две феминки на форумов , но би сакала да прочитам уште мислења...
Јас имам ставано црна к’на тука читам пишувате ви паѓала лесно епа тоа не беше во мојот случај туку мене никако не ми паѓаше пробав и со фарби и со отстранувач абе ништо не ја вадеше единствен спас ми беше шишањето па морав да се ишишам ,е сега почнав со црвена к’на но не ми испаѓа баш црвена освен на сонце косата ми е поцрвена и би сакала некој ако знае некоја црвена к’на што фаќа многу добро да ми препорача ,искуства?
@Alisa22 блазе си ти , дај Боже и мене да не ми паѓа , јас мака мачам со фарбиве , некако брзо ми се измиваат сите. Ти која кна ја користеше?
Е оваа к’на ја користев ја купував по едно пакетше за 50 денари или во базаро едно време ја имаше ја зимав за едно пакетче 25 денари ама незнам дали уште носат,ти која ја користиш ?