@Jane Lane и јас ја користев таа на Лаш ама катастрофа е џабе толку пари дадени - инаку и јас се фарбав пред месец и нешто со оваа кна што ја постави @Justicija и се уште не ми е падната кната од косата , баш е трајна. Таа од Лаш осврн што не беше трајна косата ми стана кафена а не црна
@Justicija @koritsaki Буричкајќи низ темава видов дека се фарбате со црна кна, како сте задоволни? По колку време паѓа бојата? Има ли некаков бенефит за косава, густина, сјај?
Еве за мене ке кажам Можеби си видела со каква кна се фарбам (во кесичка ) , бојата уопште не пага (со еден збор со здравје да си ја носиш ) јас инаку имав проблем со пагањето на коса , откако се исфарбав со кна не ми пага уопште , сјај имам и тоа значителен , густина и така и така Тоа
Софија и јас сум презадоволна - со иста кна се фарбаме и јас и @Justicija , досега имам пробано 3 кни , едната на Lush , втората од зелено пазарче и третата од градов кај што живеам , највеќе ми се допадна таа од з.пазарче што ја земав. Со кнава гледам на два месеца да се фарбам поради коренот. А инаку косата ми е каде каде многу погуста
Да прашам, дали ти ја суши косата, оти долги години користев црвена кна и косата ми стана сува ко слама!? Што се однесува до густината, не приметив ништо..густа ми е цел живот, но многу ми паѓаше кога се фарбав со кна, затоа баталив.
Па не ми ја суши многу , по миењето со шампон ставам маска секогаш и ја оставам косата со маската по 20мин во врска со паѓањето исто незнам има моменти што косата ми паѓа интензивно , ама и кога се фарбав со фарба истото ми се случуваше.. како и да е , позитивното е што косата изгледа по густа и сјајна. А и хемикалии не ставам на главата уште поважно
Уште ова прашање, колку пари е едно кутивче, и отприлика да не знаете колку пакувања би биле потребни за коса долга до гради?
Јас го купив 40 денари , 6 пакетчиња за коса до половина но не ми е толку природно густа , со кната малку ми се згусна ...
Ова сериозно за згуснувањето делува? Може да речеме пример со години човек да ја користи и да нема негативен ефект од неа?
Не , мене ми е изворедна , нон стоп ми пагаше косата , секаде имаше влакна мои , но со фарбањето со кна и не ми пага и ми се згузна косата .... Е сега бојата е долготрајна а јас се премислив .....али само со шишање се остранува .....Ова за мене кажувам , за други нека кажат другите ...
@koritsaki од каде ја купуваш оваа кна? На Зелен пазар ја има? И колку е цената на едно цело кутивче ако знаеш да ми кажеш би било супер. Мајка ми никаде не можела да ја најде, па да земам повеќе за да има.
150 ден е едно кутивче внатре има 6 ќесички. Ја има на зелен пазар јас ја земам поточно од едни маж и жена ја држат тезгата - жената е со плава коса малку пуничка а тука во близина има тезги со играчки и маски за м.телефони мислам ок објаснив
Пред неколку дена се исфарбав со кна,земав костенлива нијанса,делува ептен природно,косата ми е мека и сјајна,како да е погуста малку,втор пат ставам кна,претходниот пат не бев толку задоволна,сега сум повеќе,инаку со јајце ја растворив наместо со чај,така ми кажа продавачката,се гнасев додека се фарбав,ама се исплатеше на крајот