не е од кната овој период на многу му паѓа косата не се загрижувај беспотребно,земи си шампон alpecin против опаѓање,потстрижи ја и внимавај на храната
Кната мене ми стимулираше нов раст на влакненца , во јануари се офарбав и бев задоволна , и од тогаш не сум се фарбала
Па и јас си викам што па може кната лошо да направи нема ни хемикалии ни ништо. Евентуално да пробам некоја друга, штознам..Се надевав и јас дека е период некој на опаѓање ама па 5-6 месеца мислам не е баш малку ова да се случува. Се мислам дали да одам до кај матичнава да ми даде упат хормони да си испитам
Јас се фарбав со црна кна пред година време и сеуште не ми излегла целосно, иако сум фарбана со црвена фарба моментално, на одредени делови се познава сеуште црното. Ианку да можно е од кната да ви паѓала косата , бидејки и на мене истото ми се случуваше и прашав неколку фризери, ми кажаа дека е од кната. Инаку имам прочитано дека порано индијките ја користеле за оретчување на косата во лето,бидејки сите имале премногу густи коси.
Јас па имам слушнато дека ја користеле за згуснување на косата по ваквите мислења не знам што да правам , сакам да имам црна коса, но на фарбиве не сакам да се враќам ,а пак од кнава мидлам дека почна да ми паѓа многу косата има едни производи Khadi се викаат планирам нив да ги пробам и Биодевојка ми ги фалеше дека мн ја згуснува косата , но додека порачам од Германија , викам на Санте да пробам кна... Навистина незнам што да правам
Не треба да се верува ни на медиумите, на интернет се шират дезинформации, но јас ти кажувам од искуство, затоа и престанав да користам, премногу ми паѓаше , и кога прашав ми рекоа дека е од тоа
Јас жени се вратив повторно на фарбите за коса. Не сакав али тоа е. Се исфарбав со фарба пред 15 дена , косата не ми се плетка повеќе , можам добро да ја расчешлам... Кога ќе се исфарбав со кна , првата недела ми беше многу убава косата , сјајна , бојата топ , но потоа почнуваше да се плетка , не можев да ја расчешлам , плус многу почна да опаѓа. На почетокот бев задоволна , очекував дека косата ќе ми стане уште поубава , ама не... Почнав веќе да не се замарам многу со хемииве , состави итн , доста работи што почнав да користам (природни) гледам дека не ми одговараат , и тоа е тоа.
Здраво девојки. Во последниов период почна да ми паѓа косата многу, па и онака немав некоја густа коса, сега ми е бетер речиси преполовена. Ја скратив и сега сакам да пробам со к'на. Природната боја ми е светло кафена. Каде во Скопје можам да најдам безбојна к'на или кафена, евентуално темно кафена? Битно ми е да нема црвен или портокалов отсјај! Значи сакам или да си ја задржам мојата боја или да добијам потемна, без црвенкаст/портокалов подтон. Што би ми препорачале?
На бит пазар има во пакетчиња во прав кој се раствара во руски чај или вода (рецепти ке видеш назад низ темава) , има црна (мортиша) , темно кафиава , светло кафиава и црвена ... Јас лично се имам фарбано и со црната и со темната кафиава и сум задоволна (темната кафиава кна ми го покри црвенкастиот сјај , а за црната да не причам )
Јас имав плава коса ама откако ставив сива се испозаљубив во неа и најдолго ја носев така. Сивата е по зезната пошто преливи силвер шампони и 300 чуда треба да ставиш за да биде убава. По 2 години ми здосади и решив да се затемнам. Со фарба бев ЗЕЛЕНА и тоа лореал фарба...неможев да се гледам и на крај со к'на се исфарбав. Мене сега косата ми е по "живахна" (не ми текнува др.темин хахаха) и не собирам влакна од мене по цела куќа. Се фарбав со таа к'на како @koritsaki само кафеава. На сонце имам црвенкаст сјај ама мене ми се допаѓа. Во секој случај не сум зелена. П.с уште жалам за плавата боја
А како ја растварате к'нава? Јас порано со јајце и чај и убава ми беше. Неколку години се немам фарбано сега.