Ме надиждивте со оваа кнава, јас се збогував со плавата коса и сега си ја враќам мојата-кафеава. Е гледам препорачувате кна за против опаѓање на косата, а мене не да ми паѓа цели делови ми се паѓаат. Само со овој црвен сјај малку се мислам, но ако навистина помага ќе си ставам.
И јас со оваа ама црвената денес ставив ама ништо останав иста а растворив со индиски чај така ми кажа продавачката ама не добив ефект вероватно бидејки имам темно кафена коса....во секој случај фала
Јас сега си ставив кна, таму каде што ми беше фарбана косата ми фати интензивна црна боја, а таму каде што беше моја коса не фати толку добро само малку потемне, но пак се разликува, инаку косата сеуште ми е како „јамболија“ не гледам никаква разлика и многу сум разочарана.
Па може си купила од тие чкартните Или па не си ја остаила доволно да стои .. Јас обавезно ке ставам само неможам да најдам од тие од докторс. Ако знае некој кај да купам нека пише
Јас користам кна веќе една година и сум презадоволна. Бидејќи имам долга коса ставам четири пакетчиња од онаа што се продава во плави хартиени кесички со индијка на слика Ја растварам со руски чај и едно јајце ставам, тоа е за ревитализација. Ми стои на глава додека не почне да се суши и да станува како корка и искрено ми фаќа ептен добро и не ми паѓа, како што ми паѓаше фарбата. Ми ја зајакна косата и не ми е некако како што знае да биде со фарбата (ккао пластична)
Тие што се чкарт фаќаат повеќе и тоа црвено ептен Ако не ви фатило значи дека не сте ја држеле доволно или не ви стасала к`ната- ако имате долга коса 1 пакетче не е доволно А мене Докторс ми носеа од друг град бидејќи не можев да најдам плава и не ми фати воопшто- не чинеше, впрочем како и се друго од таа фирма
се сеќавам мала кога бев, кај баба ми во летното кујниче видов полно кни за коса во најлонче ставени, но не беа како овие денешниве, со индијка на слика, туку имаа црвено-бело паковање, со камила на слика, и од нив имаше само кафеава нијанса. Е тие се старите, оригинални, вистински кни кои порано жените ги употребувале за ревитализација на косата. Јас копнеам да најдам ваква кна за моево косиште никакво, ама тешко некако . Ја прашав мајка ми дали баба ми ги чува уште тие кните, ама ми рече одамна и биле фрлени, и такви кни кај нас нема повеќе Ако има некој сретнато ваква кна, нека кажи, ке му бидам многу благодарна А за овие кните со жена на паковањето, има само една кафеава нијанса или има светла и темна кафеава?
Јас се мислам што а правам во врска со кнава.... ја фарбам долго време косава (виолетовко така накај црвенкаста, или чисто црвена, накај бордо), некаде 2-3 години ми е таа нијанса. Сум пробала секакви фарби, ама најчесто првата пратка од некоја нова (т.е нов тип од некоја фирма) на почетокот е добра, втората што ќе ја купам излегува катастрофа (не мислам на бојата, туку на времето на траење). И така со години.. и сега се решив да земам кна да си ставам наместо фарба, пошто не се оштетува, и да ми паѓа брзо сепак ќе можам да си ставам почесто, еве 2 недели нека бидат, супер ако е така. само буни една работа, дали ќе фати убаво дека ми е фарбана подолго време со фарба? а за тоа дека не се отстранува, баш ми одговара пошто то го барам јас, не ко фарбиве - фарбај, фарбај, неколку миења и толку од сјајот на косата.. а и од бојата... Па шо препорачувате вие? Ќе ми фати да и ставам кна? има некој слично искуство?
Има две кафени нијанси, е сега какви се не знам немам користено,црвенкаста и црна.ЈАс се фарбам со црната и сум многу задоволна
Вајлд па не би требало,освен ако е си светло плава во косата па да речеме дека може светло ептен да фати,ама не верувам.Сакаш црвенкастата да ја ставиш?
Да, утре или задутре планирам. Немам црна коса, костенлива со малку црвени нијанси ми е. Страв ми е бидејќи после нели фарба не фаќа.
A врз фарба фаќа кна? пак да си прашам јас, оти си купив веќе, ама ја гледам така од страна )) страв ми е да не се зафркнам :Р
Со кната си ја вратив мојата природна боја и сум мн среќна поради тоа Стварно косата зајакнува од кната и добива сјај али мислам дека повеќе ми паѓа или може така да ми се чини. Сеа прочитав и дека помага за мрсна коса да не се мрси толку али не приметив баш такво нешто Како и да е супер е кната и ја препорачувам на сите
Моментално ви пишувам со кна на косава Талентот јас, си ја напрајв многу течна, прочитав некаде низ темава дека некој со 1-2 филџани ја разредувал, па и јас му бувнав толку ) ама на едно пакетче, ваљда сум разбрала грешно нешто инаку имав една од докторс земено, ама другарка ми ми кажа дека не е задоволна па си решив со стандарднине од пазар да му се пробам, не за друго, туку знам мајка ми порано црна ставаше и тетка ми кафеава и супер им фаќаше и си реков да не ризикувам. Да ви кажам право, цело купатило го офарбав заедно со мене, дека и сама се кносував а и дека течна скрос упм се` ошљакав... за некое време ќе пишам резултати, вака засега супер ми изгледа дека фаќа, пошто одвај омивалникот го изчистив, а богами и фацава која ми беше ошљакана до максимум Ако ништо друго, се надевам барем на сјај дека ќе добијам, крај краева пошто не е штетно по 1 недела пак ќе си ставам (ама не сама и не толку течна кна)
Јас веќе две години се фарбам со кна и сум презадоволна. Имам природно црна коса, но за жал многу бели влакна И затоа морав да почнам да се фарбам. Ставам црна кна, од тие од пазар. Сум читала на некои интернет сајтови дека онаа кна која што ја мешаат со разни метални соединенија е многу штетна. Кај нас не може да се најде 100%-тна кна. Али сепак, јас сум задоволна. Пред да почнам да се фарбам со кна косата ми беше како метла , си ја мразев, а сега имам долга, таласеста, бујна и сјајна коса. Многу си ја сакам Мислам дека се е од кната. Како друга коса да имам на мене. Топло ви препорачувам да ја користите подолг период и ќе ги почувствувате ефектите.
Готово. Јас од денес се одлучив да се збогувам со фарбите со самото тоа што решив да ја употребам кната што ја купив (иако знам дека не фаќа фарба после то врз неа), готово и еве сега ми се суши косава, 100 сати ја држев, ја заборајв и уба е сјајна некако а има и фатено бојата убо над фарбаното, а и на коренот. па ќе видиме за понатаму што како. А mp46, на колку време ставаш ти кна? На две недели е ок, или не чини толку често? Поздрав
Девојки јас кога бев бруцошка на факс(пред 4 години) почнав да ја фарбам косата со кна ...редовно и ставав и кна и редовно преспивав со маслиново масло.косата ми беше ФЕНОМЕНАЛНА ! значи сјајна густа долга лелеава таласеста ..бев и во период на растење на косата така што последното одење на фризер ми беше кога бев 3та година средно ..од тогаш не бев ишишана ..сите се чудеа како е тоа можно а имам толку убава коса..се беше од кната и маслиновото масло...јас земав од таа на EAGLE ама оргиналот ја мешав со руски чај и редев едно јајце во неа за да добие косата сјај и да се зајакне ...па вие немате појма каква коса имав за разлика што не бев шишана толку долг период ..кој стигна ми велеше за косата ...и јас проста си и лупнав фарба и ми се оштети и морав да ја ишишам.. па после ај пак си се фарбав па пак се шишав и сега си имам метла денеска си купив пак кна ( 4 пакетчиња , имам коса до пола грб ) зедов од кафената кна ама знам дека пак ке ми испадне црна (секогас ја добивам таа боја ).. немојте воопшто да се мислите доколку имате темна боја кната е спас за косата !! подобро да имам сјајна црна коса и долга и таласеста него да имам кафена ама исчупана како метла ако нешто сакате да ме прашате повелете до сите