Jas bev satirana i mi bese potporasnata kosata okolu 10 sm. Staviv kafena kna od DM tri pakovcinja posto kosata mi e pod ramena. Odlicna izleze. Kostenliva boja so mnogu ubav sjaj a kaj sto mi bese satiranoto mi fati malce posvetlo kafeno ali sepak ubavo izgleda. Jas sum epten zadovolna
Па да паѓа постепено, посебно кај шатираното, секое миење е се посветло. За еден месец мислам дека паѓа бојата и треба пак да ставиш
Здраво девојки, сакам да се фарбам со кна само не знам дали негде се продава т.е дали воопшто постои ваква боја на кна? Ако некој знае ве молам за одговор, фала
Знам, ама се работи за квалитетна кна. Или пак оваа на Khadi, но само да ја порача од ecco vеrde страната зошто ја нема во Македонија.. @Biodevojka ја има користено Другото се е шкарт по пазарите, може да си направи беља
Не знам за тие по пазарите ама сакам да опоменам за таа од ДМ. На Р беше фирмата, метла ми ја направи косата. Морав да ја кратам и да ја оправам година дена после тоа. Најтрагично што ни ц од црвено немаше. Мислам дека ден денес не ми е оправена од тоа. Порано користев бугарска, ја купував о локални маркети, одлична беше, таа ми поттикна раст и ми ја згусна.
Здраво девојки сакам да прашам бидејќи јас сум фарбана плава а природдна ми е светло кафеава косата и ми е порасната повеќе од пола дали кна ќе ми фати секаде исто со боја или може да биде посветла со потемна како што ми е сега? Инаку сакам д асе направам со кафеава кна некоја посветла блиску до мојата коса но мие битно да биде на крај целата во иста боја?
Ќе има одредена разлика. Посветла ќе фати на плавиот дел. И внимавај, кна ниту се вади ниту се прекрива лесно со фарба.
Се имаш бланширано или? Јас би ти препорачала да го шишаш тоа плавото па да ставиш фарба одозгора зошто 100% ќе ти двои. Општо кна јас не би ти препорачала да ставаш, мене од неа ми опаѓаше косата. И не се вади на никој начин потоа
Малку подшишај се, ако неможе целото плаво барем дел. Потоа офарбај се со квалитетна потемна фарба слична на твојата. Најдобро е на некој добар фризер. И да ти фати исто, со тек на време фарбата паѓа и ќе треба повремено повторно да се фарбаш додека да отпадне плавото со шишање.
Да се имам бланширано ама плавиот дел е многу долг и не сменува многу дека ќе ја скратам бидејќи косата мие кратка а кна користеше снами и вика дрка паѓа целосно за 2 до 3 месеци само сакав да не бидам повторно пола со пола а не сакам да користам фарба зошто мие оштетена и од фарбата и бланшот многу ми паѓаше одвај си ја донесов повторно во ред