Јас бев плава скоро 3 години кога решив да ја затемнам и да ја растам мојата. Косата ми беше многу оштетена, влакното како конец. Решив да ставам кна темно кафеава како мојата природна. Добив зелени прамена на одредени места, најверојатно кај што имав бланш ставано претходно или незнам/немам друго објаснување зошто така ми се деси. Кога ставаш кна треба да бидиш решена дека додека целосно не ти падни кна/та, да не ставаш никакви фарби за да не биде фарбањето за џабе.. Јас повеќе пати имам користено кна, исто и мајками. Ние кната ја растворавме со топла вода и едно јајце. Комшивката редовно користи кна и таа ми кажа дека со јајце ја раствора и добива и потхранување плус.
Јас користев кн и ми ја направи косата полошо. Почна многу да ми опаѓа а да не зборувам за тоа што црното не се извади додека не се ишишав. Никогаш повторно не би ставила кн ,кај сигурно баш не е кн правилна. Не знам на лаш може е добра .
Да ,јас ставив чоколадно кафена, и се мислам да ја пробам сега оваа неутралната, ај ако ја пробаш пиши како си задоволна.
Кога ке можам ке сликам на дневна светлина, природно костенлива, ама ако имаш бланш не ти препорачувам ке станеш шарена најверојатно а може и зелен тон да добиеш така читав во темава,види претходни мислења на членки
Ставив вчера од безбојната. Преубаво. Ја држев 2 часа на главата. Се стврдна. Едвај ја измив. Ама убава е косата. Малку посветла ми изгледа. Среќа не добив зелени нијанси на бланшираното.