Девојки ај ако сака некоја нека стави слика како и испаднала к'ната, било кафеава било црвена.. И јас сакам да се исфарбам со к'на, имам темно кафеава коса а сакам нешто посветла да ми биде како медова или пак ко на Хадисе, од Пенти реклaмата да ви појаснам малку ))
Имам ваква боја на коса И сакам да прашам каква ќе ми испадне ако ставам кафеава кна?? Дали многу ќе ми затемни да не испаднам црна??И која кна е подобра, таа на докторс или таа со индијката на слика? Ако знае некоја феминка нека ми каже пошто 100 пати се премислив дали да ставам или не
имам темно кафеава коса и сакам да си купам светло кафеава кна за коса (прочитав дека има две нијанси светла и темна) ќе ми фати или ќе имам само сјај, не е грешка и иста ако ми биде само да немам црвен сјај, можно е ли не?
конечно купив кна и се двоумам дали да ја ставам, досега ниту сум се фарбала ниту кна сум ставала, па ми треба подршка и совет, разгледав и сите сте задоволни, па затоа и ја купив ама сеуште сум во двоумење, како се нанесува исто како фарба??
Ист е процесот само во прашокот со к'ната ставаш и чај,жолчка од јајце,маслиново масло Јас кога се фарбав со к'на многу пати се случуваше на опаковката да пишува дека е црна а внатре прашокот кафеав! Иначе за црна к'на прашокот е маслинесто зелен така ќе ја познаете
благодарам за одговорт јас купив светло кафеава, а косата ми е природно темно кафеава е сега или ќе ја осветли или само сјај ќе и даде тоа незнам, ќе ви кажам утре, незнам колку долгу ќе ми држи кната??
Кна- за ревитализација на косата тоа значи дека ја обновува косата, јас не се согласувам кната ја ретчи косата зошто во Индија ја користат кната зошто сте приметиле сите жени таму имаат густи коси и со кната ја оретчуваат. Јас лично не би ставила кна на косата моја па да почне да ми паѓа па да незнам што после да правам.
^^ во Индија користат кна за коса за побрзо да му се регенерира и да му паднат мртвите клетки,затоа што имаат густ и коси, а не да му оретчи косата, кој сака ретка коса?? за подобра регенерација и ревитализација на косата е кната, но ако ја користис долго време можно е и појава на оретчување на косата но тоа е резултат затоа што претоа косата не била здрава! сега си ставив кна па ќе ви кажам резултати иначе прв пат ставам!
Лина 24, извини ама кај ја купи таа светло кафена к'на? И каква е Јас имам црна коса ама сакам да ја осветлам малку само, за нијанса
Само да ви кажам ако до сега не сте ставиле кна,да не ставате воопшто ако планирате да менувате боја после тоа.ЈАс за да ја извадам црнта кна се бланширав два пати и се фарбав 4 пати и уште ми е црвена косата,а порано од црна фарба со едно бланширање паѓаше црното.Затоа ве советувам да не експериментирате многу.А за убава ја прави убава косата,јас бев задоволна,ама затоа сега ми е никаква едвај ја извадив и тоа не потполно
А каква ти е природната боја на коса? Јас имам кафеава и сакам да се направам со црна кна.Е сега да те прашам нешто:дали кога ќе почне да паѓа бојата ќе се познава кај коренот?Пошто јас сакам само еднаш да се направам црна колку да сменам малце,а не цело време да се фарбам Е сеа дека имам кафеава коса(иде накај потемна) незнам дали ќе се познава многу кај коренот кога ќе почне да паѓа
Има и плава, јас денес си купив 120 денари е бугарска од Афродита До сега имам 2 пати ставано, и сум задоволна од резултатот ја избледува малку косата. Инаку јас имам светло кафеава коса но сакам уште по светла па затоа ставам
Малку ја осветлува косата ама ако имаш темна коса можно е и да не ти фати. Инаку мене убава ми е и дава сјај на косата
Јас имам некоја златно смеѓа боја на коса и да се познава,колку и да ти е темна кафеавата црното сепак е доста потемно.Е сега јас кната не можев со две бланширања да ја извадам,а како ќе биде кај тебе не знам.Не ти препорачувам чим ти е само за еднаш,поубаво пробај со колор шампон.
Еден совет од моја страна: Ако мислите дека ќе ја заштитите косата фарбајќи ја со кна гадно се варате, зашто од кна косата паѓа. Порано турчинките зашто имале многу густи коси, ставале кна за да ги изретчат малце, така да со текот на времето им станувале се поретки. Само еден мал совет од стручно лице
јас користам кна веке 6-7 месеци и сум задоволна,посебно зашто ја растварам со јајце и црн чај...претходно косата ми бесе изретчена и бев ужасната,ама фала богу сега ми е ок......дали би пагала од кна незнам.....кај меен засега не пага,напротив...имам многу нови влакненца...освем кната пијам и вигантол капки (видамин д ) и тоа е се
Од кај ја извади оваа историја СДК дека низ историјата ставале кна намерно за да си ја изретчат косата и да им опадне зашто имале многу густи коси Незнам колку си стручно лице, али еве јас како лаик и лице што ставало кна на коса ќе ти кажам дека не се сложувам со тебе. Користев кна 5 год па ниту ми опадна ниту оретна туку сеуште имам коса на глава. За оретчување на коса си има други методи, хидроген 12%, фарби, бланш, шишање.... Факт е дека кната го храни влакното на косата и и дава сјај и бујност и не го гори/уништува влакното.