Одкако користам кна косата по4на да ми паѓа.Влакното ми стана многу тенко и кршливо.Ви препора4увам на оние кој размислуваат да стават кна да не го прават тоа,но сепак кај секој е индивидуално,кај вас мошда ке даде позитивни резултати<--<--@
Имам кафеава коса(повеќе накај темно кафеава оди) и сакам да се направам со црвена кна,ама не ептен црвена туку бордо...мислите дека ќе фати? Каде можам да најдам квалитетна кна? Да ми препорачате некоја? И колку пари е? И ако може да ми кажете точно како се раствара,што се става...?
Фарбање на коса со к`на... Имам темно кафена виткана и многу бујна коса. Сакам да се напрам црвена. Пробав со колор шампон, ама немаше фајде. Слушнав дека со к`на многу подобро фајќала бојата. Ве молам за помош, што мислите, бидејќи сум слушнала дека не само што не е штетна туку дека и ја храни косата? А и не знам како треба да се нанеси. Знам дека ова до некаде е пофторување на тема, ама не можев да најдам никаде упатство за употреба, ако некој има искуство го замолувам за помош. Благодарам
Да споделам искуство , имав темно кафеава коса многу тенко влакно а и ретка. Подолг период се советував дали е паметно да и ставам к'на. Пред месец дена конечно се одлучив да ставам к'на на мојата коса, земав од бит пазар темно кафеава. Бев воодушевена од резултатите после првата употреба, мојата коса доби поголем волумен расцветаните врвови повќе ги немаше. Навистина сум презадоволна од к'ната ваквиот ефект неможе да се постигне со фарба хидрогенот ја гори косата а к'ната ја потхранува дефинитивно. МОже да се користи и повеќе пати во месецот јас веќе три пати ставав на мојата коса.
Кажувајте спас за мојава коса. Се фарбав црвена последен пат пред околу 3 месеци, и сега сум портокалова, не е мн лоша бојата, ама нема никаков сјај Не планирам фарби веќе да користам, сакам да пробам со кна. Ќе вр замолам да ми дадете линкче henna или lush , како треба да изгледа бидејќи никогаш немам купено
После многу читање за к'ната научив дека ретко се наоѓа 100% природна к'на. Природна к'на има зелена боја и треба да мириса на свежо косено сено. Бојата што треба да излезе е црвена. Како што читав, различни бои кна не постојат, т.е нијанси (кафеаво, црно, па дури и безбојно). Повеќето имаат некои си метални соли, и други вештачки додатоци, кои можат да ја оштетат косата. Треба убаво да се провери што мишува на пакетчето, иако, за жал на повеќето пишува 100% к'на и покрај тоа што не е. Значи, сите тие останати бои што ги користите, не се чиста к'на. Евентуално црната може да не е штетна за косата (да биде дури и корисна) ако е мешана стриктно со индиго. Инаку к'ната не може да биде штетна за косата во никој случај, на против, го храни скалпот и влакното, и се препорачува против опаѓање на косата, вошки, првут (и останати габични заболувања на главата). Тие што не сте имале добро искуство, секако дека сте купиле вештачка к'на. А останатите, внимавајте што купувате, ако сакате здрава коса, купувајте 100% к'на
Ај ќе ве замолам тие што имаат ставено кафена дали е баш кафена или црвенкаста?Долго време се фарбав црна,ама веќе пола година сум кафена во косата,па сакам да се фарбам со кна така косата ми е многу поубава,ама не знам кафените какви се...има две нијанси,ама не сакам црвенкаста јас...
Девојки да ве прашам, к'ната се измива како фарбата така, после измивањето се нанесува шампон, маска нели!? А се користи 1 месечно или!?
Да, се измива додека водата да стане бистра, т.е. да нема боја. Си ставаш нормално шампон и регенератор или маска. А за користење, можеш еднаш месечно, или кога сакаш, кога ќе осетиш потреба
Абре девојки, па мене ова ништо не ми фати на коса. Веќе два месеца сум пола кафена, па нема да глумам црвена Шакира валјда Имам некоја иритација на кожата на главата што ми се појавува и губи па сакам да апстинирам од фарбиве. Дали тоа кната не се фаќа на фарбана коса или не беше убава јас таа што ја земав, или нешто погрешно ја приготвив? Дај просветлете ме ве молам, малце ми фали пак да си купам фарба. И кажете како ја миете после тоа, пошто ја косата си ја искубав вадејќи ја
Јас пред неколку дена за прв пат се фарбав со к`на и сум презадоволна. Косата ми е многу убава. Ама што ми се случи. Читав во погорните постови дека имало два вида на к`на, вистинска и фалсификат. Отидов и си купив две пакетчиња Спојлер од иста продавница и кога ги отворив беа различни. Баш како што објаснуваше некоја од феминките. Сета среќа што прво читав на форумот па решив да се ги купам. Едната беше вистинска и беше зеленикава кога ја отворив, а другата (таа што нема слика на неа) беше розеникава и секако фалсификат. Не се осмелив да ја растворам розеникавата па ја оставив и отидов и си купив уште една Среќичка моја што ми се погоди вистинска
Јас имам светло кафеава коса.Ако пробам со кана може да ми излезе црна боја на косата? И ако може некој да ми ја каже целата постапка.
Ако ставиш црна к'на на косата црна ќе ти излезе.На прашокот од ќесичката му додаваш чај , маслиново масло и вода , ги мешаш да се добие смеса , ставаш на глава држиш саат ипол - два се миеш додека водата не стане бистра и тоа е тоа.
Женскии одамна се двоумам дали да се исфарбам со кна. Имам темно кафена коса сакам да се исфарбам со црна кна. Сакам да ми кажете дали ја има во аптеки и како да познаам дека не е фалсификат како треба да биде надворешното пакување а каква бојата внатре? Доколку некој се исфарбал со црна ве молам пишети ги резултатите, каква ви е косата во однос на бојата и на сјајот. И ставате цело јајце или само жолчката?
Постојано експериментирам со боите, ама не ми се случило ептен драстично да ја променам бојата, сега сум плава ама сакам да пробам црна, дали со кна би ми фатило црно бидејки ми е светла косата, и дали пага кната?
Фаќа и тоа многу црна јас исто бев плава и пред една недела ставив црна кна одма фати еве сега бидејки секој ден имам ангажмани ја мијам косата ептен често скоро секој ден или преку 1 ден и ми паѓа полека бојат сега сум кафена се надевам ти помогнав ....