Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книги за самопомош

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од ariela09, 12 јули 2014.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    И мене ми се глупост овие книги, дур сама не решам нешто да сменам, не книга, ни св. Петар, ни св. Павле не може да ми помогнат.
    Ама имам другар што кога беше во депресија дијагнозирана од психијатар и како препорака од докторот добил да чита вакви книги и навистина му помогнале, дали така се вклопиле во периодот не знам, но рече дека го освестиле многу и му биле од помош. Сепак чим се популарни сигурно на некого му влијаат добро, сите сме различни... :)
     
    На WildMk и Elf им се допаѓа ова.
  2. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    3.594
    Пол:
    Женски
    Ако немате самодоверба и немате со кој да правите моабет, да корисни се. На мене ми имаат помогнато премногу, за да поминам тежок период. Не само тоа ти нудат и методи како да се справиш со стрес зошто не секого ја има привелегијата да оди на психијатар.
     
    На GirlVolley, Guns N` Roses, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Ќе се сложам со ова.
    Дефинитивно книги кои ми помогнаа и мене во животот се духовните, спиритуални книги.

    Мотивационите книги да онака добри се, но премногу е исфорсирана таа позитивност што ја прикажуваат и ни ја пренесуваат на нас читателите.
    Да во ред е да си позитивен, но неможеш постојано бидејќи животот не е една боја.
    Затоа не се сложувам со нивната постојана позитивност убаво е за моментален поттик, но сепак не е едноставно ниту па совршено за човек да е постојано среќен и тоа е во ред зошо секоја емоција е правилна и треба да си ја дозволиме.
     
    На Cristina Yang, Guns N` Roses, MeowMeow и 3 други им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Јас имам една придобивка од овие книги тоа е што ми го подобрија ренчникот и изразувањето. Многу се убаво пишувани.
     
    На Cristina Yang, edna_malecka, злоба и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.500
    Допаѓања:
    166.001
    Пол:
    Женски
    Да не е слично со ова тема?

    Како и да е, не ги држам ваквите книги високо. Дават моментална помош и утеха и не работат на подлабокиот проблем и многу често луѓе се навлекват на нив место да одат на терапија. Моментално решение, на долгорочен проблем. Турнат проблем под теших - се појавува пак. Ако ваква книга не е единствен извор на барање решение можи да е полезна и да дај некаква поткрепа на тој шо чита и уствари многу да помогни зошто во моментот дава енергија и снага и мотивација шо е како туркање во точниот правец ако има кој да те усмери на тој правец, а ако е единствен извор на барање решение таа поткрепа залудно ќе се потроши и ќе има потреба постојано да се бара нешто слично постојано и буквално да се скока од книга на книга. И зато толку многу вакви мотивациони книги и книги за самопомош излегуваат на годишно ниво. Неопходно е да прифатиме дека ако не направиме промена, наредната книга за самопомош нема да ја направи промената за нас. Истото шо го кажав само подетално - линк.
     
    На edna_malecka, daylight, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    5.209
    Немам многу прочитано, две, три максимум и дури ги читав бев као ‘ваууу,браво’ на моменти, после тоа се враќав во реалноста и бев nah :^).

    Не сум сигурна дали беше во ‘Моќта на потсвеста’ (простете ми ако сум грешка, пред 15 год. ова), имаше еден пример како некој врвел пред извесна продавница и секој ден застанувал пред излогот и посакувал нешто, и ‘нештото’ после извесно време ‘оп’ во негови раце!

    Да, ако си го купиш брат!

    Инаку во глобала верувам во позитивни мисли, силна воља и моќта на молитвата, а тоа дека ако секоја вечер пред да заспијам си замислувам како сум CEO во Силиконска долина и за три години стварно станам...што знам, пораснав одамна.
     
    На edna_malecka, Traveler91, Ugly Duckling и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    А под мотивациски книги ги подразбирате само овие што се занимаваат со позитивни мисли и слични работи? :?:
     
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.855
    Немам добро мислење за книги од овој тип.

    Неколку имам прочитано. Освен што некои содржеа нешта кои е лесно да се кажат, ама не толку лесно да се применат, некои од нив беа тотална глупост како "со добри мисли ќе повикаш добри нешта". Исто така, во животот факт е дека постојат многу многу непознати, на кои секој разумен човек е свесен дека нема да ги одбегне ако само мисли позитивно. Не велам дека треба да сме песимисти, туку едноставно сметам дека треба да сме реални и тоа е многу поздраво за да се справиш со потешкотиите во животот или да постигнеш нешто, отколку лажниот оптимизам кој се продава во книгиве.

    Сметам дека се исклучително штетни за луѓе со аксиозност, панични растројства и стравови, зошто сметам дека во така ранлива состојба, може само да се зголеми притисокот кој и онака постои од околината и да се набие чувство на вина, од аспект, јас не сум способен/способна за позитивни мисли. Секаде го начекувам тој момент на мисли позитивно, а никаде не сум начекала техники за справување на пример, со негативните мисли. Многу е лесно да се каже мисли позитивно од некој кој не искусил како е да се мисли негативно и едноставно самиот да не можеш да се справиш со тоа.

    Друг тип на мотивациски книги од типот на како да стигнете до врвот и да си ги остварите целите исто така сметам дека се скоро па невозможни. Книги од типот станувајте во 5 наутро и правете некоја "рутина за успех" ги сметам за апсолутно бескорисни, зошто сметам дека успехот за било што доаѓа само со посветеност, љубов и работа на нештото, а не со некога магична формула како станете во 5, трчајте 2 километри наутро и направете vision board, само кажано на малку поелабортивен начин.

    На крај да кажам, сметам дека доколку кај некој предизвикуваат некаков позитивен ефект, тоа е добро и немам против да бидат читани. Само не сметам дека можат да донесат некаква значајна промена, и ако може нас останатите да не не' прават песимисти и негативни ако не веруваме во начелата од книгата, би било супер :D
     
    Последна измена: 24 јануари 2021
    На Peperutce1115, noteforself и Autumn Love им се допаѓа ова.
  9. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.185
    Допаѓања:
    7.352
    Пред да се почне да се чита книга од овој карактер, битно е да се тргнат тие бариери и стигми кои ги имаме замислено/зацртано во глава. Треба да и дадете шанса на книгата, и да размислувате за тоа што го читате и да размислете како би влијаело на вас како личност доколку одредени работи ги примените. Најбитно е дали вие самите сакате да се подобрите или не. Доколку не сте решиле да работите на самите себе и да сте истрајни во тоа, џабе е и 10000 книги вакви да прочитате.

    Јас имам читано некои, но како најдобри би ги издвоила:

    - Патот по кој поретко се оди.
    - Клубот 5 наутро.
    - Моќта на позитивното размислување.
    - Моќта на потсвеста.
    - Алхемичарот.
    - Калуѓерот што го продаде своето ферари.
    - Таблета против стравот.
    - На англиски ја читав „The Saint, the Surfer and the CEO".

    Мене искрено ми се од полза. Имам променето многу работи кај мене, и знам дека голем дел од мотивацијата ми беа книгите.
     
    На Cristina Yang, Bojana890, LaTama и 14 други им се допаѓа ова.
  10. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    5.891
    Ми имаат доста помогнато, ако знаеш да ги искористиш можеш да научиш доста корисни работи за дисциплина, менаџирање на време, финансиска слобода, работа на своите цели, почитување и сакање на себеси итн.
    Постојано читам ваков тип на литература. Овие книги се вели дека се за нешто што ти треба моментално, односно обрнуваш внимание на тие работи додека читаш, не се романчиња па за да ти е интересно или не. Имам многу почнато и недовршено па по некој период ќе ги дочитам, а некој со еден здив. Зависи што ми е потребно во моментот.
    Еден од подобрите автори на ваков тип на книги ми е Брајан Трејси, а најдобри книги што ги имам прочитано ми се:

    1. Моќта на самодисциплината
    2. Богат татко сиромашен татко
    3. Уметноста на почетокот
     
    На Guns N` Roses, simoncelicius, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Во овие книги обично не пишува нешто кое не го знам или самата не сум го заклучила, единствено што таму е подетално образложено.
    Јас немам ништо против нив, ниту ми влијаеле, можеби затоа што никогаш не сум им пристапила како на четива за самопомош, туку сум ги читала од љубопитност, како и секоја друга книга. Повеќе ми се нашле во животот книги кои не припаѓаат на овој жанр.
     
    На poenta, edna_malecka и Celltica им се допаѓа ова.
  12. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    nit sum citala, nitu imam namera da citam
     
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Штета не можеш да имаш, но ни придобивка. Менталното здравје се сочучува само доколку самиот работиш на него. Книгата не говори, нема комуникација, туку пишан монолог, од каде се согледува само туѓата страна.
    Секој човек има различен животен пат, различно размислување, различна генетика, а книгата е напишана за општа употреба. Нам ни треба индивидуален пристап. Затоа секогаш е подобра варијантата на психолог, каде самиот си пишуваш книга од која влечеш поука, ти дава кураж и мотив да одиш напред, согледувајќи и обработувајќи ги сите аспекти од минатото.
    Единствениот афирмиран мотив кој може да го добиеш е од самиот себе.
     
    На Peperutce1115, poenta, tinka-mace и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    12.627
    Само ме релаксираат затоа што се пишувани со така лесен стил, едноставен речник, и нема врска со реалноста. Мисли позитивно и се ќе биде во ред. Како да не.
     
    На Fallen.Angel, tinka-mace и Осе им се допаѓа ова.
  15. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Ја имам читано Моќта на потсвеста, стигнав до пола некаде. На почетокот ептен ме привлече, си реков ова стварно може да ми влијае и да предизвика некоја промена кај мене. Ама цело време едното исто се повторуваше, позитивни мисли, форсиран оптимизам, и некако ме напна и ја оставив. :D
     
    На edna_malecka, tinka-mace, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека се корисни.Освен што се мотивациони,повеќе би ги нарекла потикнувачки.Мислам дека те поттикнуваат да размислуваш малку подлабоко,работите да ги гледаш и од друг агол за кој порано не си размислувала.Не се баш лесни за читање бидејќи те тераат да размислуваш.Секако треба да се има в предвид и дека се што ќе прочиташ во книгите не значи дека е вистина.
     
    На Guns N` Roses и edna_malecka им се допаѓа ова.
  17. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Хм. Почнав едно време прочитав две-три. Калуѓерот што го продаде своето Ферари,Кој ќе плаче кога ќе те нема и Моќта на потсвеста. Само кој ќе плаче кога ќе те нема ми остави впечаток. Моќта на потсвеста не ја ни дочитав ,а калуѓерот ми беше ептен безве. Во секој случај мислам дека не може да се научиш да бидеш позитивен . Или си или не си .
     
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.500
    Допаѓања:
    39.112
    Пол:
    Машки
    Сум прочитал неколку, кај мене имале ефект, меѓутоа краткотраен, т.е. додека ги читам и неколку дена откако ќе ги завршиш.

    Инаку, и мене Брајан Трејси ми е одличен автор на вакви книги, не труби за позитивни верувања и сл., туку дава техники за подобро менаџирање пример, кои се корисни.

    Робин Шарма, одличен. Пишува популарна психологија, меѓутоа на поинаков начин некако. Како роман, во кои вметнува кратки "лекции". Ми се допаѓа.
     
    На Kerim и simoncelicius им се допаѓа ова.
  19. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Убави се додека се читаат.
    Од нас зависи дали ќе ги примениме работите што сме ги научиле од одредена книга.
    Мене убави ми се.
     
    На Kerim, Guns N` Roses и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.468
    Допаѓања:
    12.416
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам книгата Postajes ono o cemu razmisljas - Inge Rock, како духовен водич ми е..
     
    На Kerim и simoncelicius им се допаѓа ова.