Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кобната втора шанса

Дискусија во 'Брак' започната од Црна Ружа, 8 август 2021.

  1. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Многу убаво преку пример си доловила во каква личност се претворило детето растено во таква средина.Родителите се тие од кој децата учат односно децата го копираат нивното однесување.Во такви семејства децата ќе превземат образец на однесување од еден од родителите.Некои ќе го превземат тепањето,алхохолот,како нешто многу,,нормално,,бидејќи така сметаат дека треба.Други ќе се стават на страна на мајката односно жртвата и ќе формираат заштитнички однос ,или ќе створат одбивност кон алхохол,дрога и др.Некои ќе продолжат во животот ,но секогаш ќе се повлекуваат ако некој им се обрати со повисок тон,ќе премолчуваат и онаму каде не треба зошто се научиле дека со премолчување сигурно нема од никој да бидат повредени,дека е побезбедно така.Тие се сите до еден со скршена личност.Браво за тебе што си успеала навреме да се оттргнеш,сигурно доаѓаш од стабилно семејство и ги знаеш границите.Многу манипулатори точно знаат каде да нишанат. Обично се тоа ранливи личности,без самодоверба,личности на кој им е потребна заштита(како девојчето што го уби скоро насилникот полицаец).Тогаш манипулаторите стапуваат на сцена.Нежни,дарежливи,сочувствителни.Откако ќе те фатат во мрежата,ќе ти направат деца,ќе ти оформат такво чувство на вина дека тие се такви од тебе ,дека ете биле добри ама ти со твоето однесување си ги направила да се нервираат итн.Жените како жени прво си мислат ќе се промени,потоа ќе се соживеат во улогата наметната од насилникот дека тие се тие што нечинат,некои ќе се срамат од средината да заминат некои од страв, а некои што рече членка ќе го прифатат,,нормалното,,и ќе продолжат да живеат со убедување дека сите семејства така функционираат дека нема никаде ,,идеално,,.
     
    На Idedemja и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630















































    Не да размислувам, сум видела. Го остава насилникот, и пред да тргне детето во школо се враќа кај насилникот оти не можела да го издржува.

























































































































































































































































































































































































































































    Јас не сум видела образована жена, со некој општествен статус, да е скапана од ќотек и да молчи. Ако си водела, ок, може си во поинаква средина од мојата. Сешто има. Сум чула многу жени кои рекле „да имав работа, немаше да го трпам“. Кај ќе оди ако нема свој дом, и најлошо нема плата. Па и да има плата, кај ќе оди со минималец?
     
    Последна измена: 24 октомври 2021
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630







    Moja сосетка е во таква ситуација. Им се заканува дека ќе ги пребие сите. Човекот тепал и досега други жени, има кривични и никому ништо. Да не си фатите работа со такви, после црно ви се пишува.
     
    На mal.ecka и simona_baby им се допаѓа ова.
  4. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Убаво доловив преку пример, зошто убаво се изгорев и осетив се на моја кожа. Да потекнувам од стабилно семејство ама многу ги повреди мојата болка, мака, жртви што ги направив за него на крај да ми врати со насилство и да не одам во детали со какви не грозотии. И да ќе ги развлекуваме ваквите по форумов на конкретната тема за да научат жените колку се силни и да не се плашат, а особено кога имаат блиски како поддршка, своја лична група за поддршка да направат прв исчекор па бејби степс после и пополека така до целосно изборување за слобода. Бар во овој 21 век полицијата е многу флексибилна и излага одма на терен, ако не ми верувате мене прочитајте ја ситуацијата во која беше @bokace1 во темата семејно насилство, нејзината втора дадена шанса по тепање заврши со развод. Така треба, а не да им се плашиме, абе поддршка имаме и ај да трпиме, без поддршка идат во организации за тоа и се извлекуваат. Една ја знам така, се пресели во Скопје, 30год. има најуспешна приватана фирма во таа област, зошто навреме се тргнала од него што ја тепал, пиел и ги зимал парите и ги коцкал. Собрала преку ноќ стварите и децата и правец во Скопје, почнала од 0, со поддршка од нејзините и упорна сега е таму кај што е. Не треба да им се плашиме, овој пијандурава од примеров пак се тресел на таткото на жена му, тој колку пати идел ќерката и внуците да ги прибира и му се заканувал, зетов не смеел да му писне. Ама ќерка му пак назад и така тој крвнички ја претепувал за понашањево на татако и, па на крај нејзините дигале раце, таа им викала да не идат за да не ја млати ако им бара помош и се откажала од се. Па децата и се тие кои се, кои околината им допуштила да се, вака незаштитени од насилникот. А за крвично дело сум го пријавила, доби опомена да не ми се приближува, нека не се секираат некои што ништо не искусиле како е ваква врска со злоупотреба.
    А пред во полиција да отидам барав поддршка од друштвото негово, родителите на некои и една мајка викаше а, како тој е најмирен во маало не е вака, а ќерка и живеат испод нив сама ми кажуваше што слушаат од кај нив дома и каков е он на почетокот, ама јас наивна и презаљубена не им верувавв. Пишав душа ми излезе да се тргнам од сето ова, благодарение на тоа што бев љубопитна, идев барав стручна литература, се едуцирав, немаше тогаш вака интернет, форуми, се сама се справував со огромна поддршка од моите. Ама само јас знам колку жртви направив и што дома ни се случуваше, никоја да не осети на своја кожа, на кожа на ќерка и, внука и, другарка и, сестра и...
     
    Последна измена: 24 октомври 2021
    На bokace1, Nikolina35, Mikha4 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Сѐ супер ова што си го напишала, но ако си била во кругот, треба да бидеш свесна дека постојат и неуспешни приказни. Животот е таков, луѓето се различни. Некој ќе успее да се избори, некој нема да успее. Тоа не дава никому за право да кења со извинение.
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Без извињење кој кај да кења дома да си кажуваш, јас убаво објаснив што ми е целта. Ти го пријавувам мислењето за оф топик и ај откачи ми се веќе еднаш во секоја тема тоа па тоа закачена за мене, прочитана книга.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Изгуглај де, ќе видиш колку познати и славни жени на кои ние им се восхитуваме биле и се жртви на насилство. Висината на платата врска со ништо, единствена врска има воспоставениот зависнички однос меѓу насилникот и неговата жртва.

    Кој сака да го разбере мојот коментар, ќе го разбере. Секое добро.
     
    Последна измена од модератор: 24 октомври 2021
  8. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Да секако сме различни,некој интелегентни,некој и со подпрос
    ечна интелегенција .Сите се надеваме дека ќе допреме до свеста на жртвата да се извлече од злото.Но тука сме и да им покажеме дека сме со нив дека ги разбираме и сочувствуваме со нив а не да ги напаѓаме дека се сами криви и со тоа да ги убедиме дека во право бил насилникот за нив.
     
    На Tanjamm и Idedemja им се допаѓа ова.
  9. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Јас убаво те разбрав и ти исто така сите убаво не разбираш, еве јас тебе и на темава конкретно те разбирам што се обидуваш да кажеш, ама не си во право за се, осоебно не за ова потцртаново.
    Делумно си во право, ама не целосно, зошто не е секогаш до воспоставениот однос, како ќе се поставиш и реагираш така ќе е контра-реакцијата. Јас ако не сакам да дискутирам со тебе ќе пресечам муабети така, ќе ме натераш да ти зборам пак? Ако не сакам на трепки да дубиш нема да ме натераш, иако ова е минорен пример во однос на тоа што се случува во ваква врска на злоупотреба и манипилација.
    Јас едно сметам дека е пресудно самопочитта, ценењето и љубовта кон сама себе, ако ги немам и ти ќе ме убедиш дека ''кењам'', и било кој или која ќе ми наметнува се по нивно да размислувам. Ама ако имам самодоверба, вистински се ценам, работам на себе џабе им е се на манипулаторите. Е сега да не одам во детали се себевеличам да не опишувам што паралелно со оваа врска ми се случуваше и на секое поле издвојував победа, освен само на едно.
     
    На Nikolina35, Mantub и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Епа кога се обидов да кажам да не се пишува за жртвите дека "сами си го барале" нешто многу луѓе се вознемирија многу страстите Ане. Што друго да се додаде.

    Прво скокаш и пишуваш неумесни коментари, без да прочиташ дека пред твоето мислење се развила дискусија. "Кењањето" што толку те увреди ко да сум ти убила најмило, воопшто не се однесуваше на твојот коментар, на твоето искуство и мислење, напротив. Се однесуваше на идејата поради која воопшто е отворена оваа тема, некој да прочита и да си даде кураж. А како ќе си даде кураж кога чита дека сам си е виновен за ситуацијата во која се нашол (повторно не во твојот коментар, туку во дискусијата). Во нормални околности, таков коментар не е од помош, туку е повеќе навреда. Механизмите меѓу манипулаторите и жртвите се различни и можат да бидат многу интензивни, само сетете се дека постојат секти и култови, до тој степен човек е способен да му наштети на друг, да го сотре и да го убие у поим. Некому му се посреќило, се извлекол, некој едноставно нема да може да го направи тоа. Не значи дека заслужил таква судбина. Ете тоа ми беше поентата.
     
    Последна измена од модератор: 24 октомври 2021
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ама цитираш мој коментар и пишуваш кењање и сега јас треба да тумачам дека не мислиш на моево мислење тука на @Tanjamm ли ја има отворено темава? Еве помина немам, зошто ич не гледам кој ја отворил темава и што како, со неа јас имам сукоб во тема избори и што сега да и пишам кењаш, бла бла. Нема врска биди поконкретна, а за да ме напаѓаш со вакви навреди како јас некому најмило да сум убила прво увиди дали јас некаде, било каде пишав дека некоја си заслужила или е виновна што е тепана? Нема, не читаш, ок тогаш, разизлаз така? И биди појасна што ти боде очи, а не ќе ја цитирам Трајанка па ќе плукнам во тоа мислење нешто за Стојанка за која што мислам кења во мислењата погоре го прочита и се пронајде, а не не пасив-агресив не, јасно и гласно. На крај како на секоја тема што ти викам џабе ми рипаш исто размислуваме, ама тоа е, само драма за ништо.
     
    На Nikolina35 и Mantub им се допаѓа ова.
  12. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Те разбирам јас што сакаш да кажеш.Затоа пишав дека постојат и подпросечно интелегентни,лица со посебни потреби,лица потонати во депресија,лица што веќе потекнуваат од такви семејства ,кои и не е баш така лесно можат да се извлечат.Но ние од се срце ги потикнуваме да направат чекор и да се охрабрат,еве кој со сопствен пример,кој со сочувство.
     
    На Abel, Idedemja и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Не сум била тепана, боже сачувај за да зборувам од лично искуство. Форумот не е за светски ликови, не можам да се заморувам цел свет што прави. Сигурно има и богати тепани, ама јас за нашево општество мислам, не можам да филозофирам до бескрај. Сегде има секакви. Од она што сум видела, силно и стабилно семејство не прима пијаници, насилници, наркомани, коцкари дома и крај. Имав другарка која потекува од добростоечко семејство, и нормално дека ќе имаат пари кога работат како мравки. Вода стои, тие не стојат. Фаќа другаркава дечко кој потекува од дисфункционално семејство, разведени родители, сестра која се мажи со старци, оди со Албанци, и какви не, и родителите штом дознаа и извршија силен притисок и го остави. Нив како вредни и чесни им беше срам да станат род со такви ликови. Фаќа втор дечко, кој има татко алкохоличар, и кога запнаа пак притисок, и таа го остави и овој по 2-3 излегувања со него. Инаку, денес тој е исто така пијаница, женет, пие суши, се оболе од алкохол. Фаќа другаркава трет дечко, полицаец од чесно и вредно семејство. Со ширум раце го прифатија, и се омажи за него и сега има ок живот.

    Сите што сум ги видела, а биле тепани, се жени кои се омажиле млади, без доволно да го познаваат партнерот, не се образувале, не работеле и сега за една кутија цигари, за едни гаќи мажот ги пцуе пред сите „а маме ти ебам, од чии пари купуваш цигари“. Да ти е срам да ги слушаш или гледаш ако имаш вакви комшии. Знам доста професорки, адвокатки, докторки, и колку што тие добро заработуваат, мажот зработува исто или двојно, купуваат куќи, станови, се средуваат, патуваат, шетаат, глас нема да им чуеш.

    Ааа како е по светот, како сака нека биде, мене да не ме тепаат на крајот на краиштата.
     
    Последна измена: 24 октомври 2021
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Јас не ја отворив темата, извинете, и често менувате аватари, не можам да ве следам кој сте кој, така што твојот коментар во темата за избори не го доживеав како сукоб, скраја да е. Можеме секој свое мислење да кажеме, не мора да се сложиме, и нема потреба од навреди. Форумов како бојно поле е.
     
    На Nikolina35 и Idedemja им се допаѓа ова.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Нема потреба ништо да тумачиш, само да прочиташ. Ти читаш изолирани коментари, не ја следиш дискусијата вооптшо и затоа моето писание ти нема логика. И не, немам ништо против никого на анонимен форум каде не познавам никого побогу. Тоа е само твој став, не е одраз на моите коментари, извини.
     
  16. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Па тоа посочувам дека не треба така да се гледа, ај сега имам различни ставови од тебе во друга тема, тоа подразбирам за сукоб и тука ќе те вреѓам, кењаш, вака така. Чак и различно и тука да размислуваме исто како на таа тема само дискутираме без навреди, коректно.На крај на денот секој има право да си мисли како сака, ако мирно спие и си живее со тие ставови ок, која сум јас да те вреѓам директно или индиректно преку цитирање на друга мислење, ама ти и твојата претходно, погоре развиена дискусија да биде окарактеризирана со навредлив збор. Се разбираме, ок си е вака, нема потреба да е бојно поле форумов тоа велам и јас, полека, достоинствено без навреди.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Во ред.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ама како читам изолирани коментари кога мене ме цитираш и при тоа вреѓаш, можда немам време да исчитам се, нема ни потреба, ми стига нотификација мене си ме означила и тоа е тоа. Е сега ми имаш дадено до знаење со тебе кога ќе се дискутира на некоја тема претходно цела да ја исчитам, да знам дали за моето мислење ти е коментарот или мене ме цитираш, а мислиш на се погоре пишано. Види сите не живееме на форум, има живот и надвор од него, ти пишав стига нотификација и ти во цитат на мој коментар ми пишуваш да не сме кењале, ама ок, тоа е.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Нормално. И каков е тој збор кењање. Ако јас не сум видела адвокатка, судија, учителка, административка да е пребиена од ќотек и да трпи, можеби таа видела, па ќе каже дека има и такви пример. Што е тука спорно или навредливо.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Немој аман, јас сум размислувала балкански.
    Побалканско нешто од тоа да ти е нормално тепање деца или изложување на децата да гледаат насилство нема. Многу се вознемирувате за тепани жени, а за децата ќотекот од рајот е излезен.
    Пак ќе речам, да нема каде, е сосема друго.
    Ама јас лично познавам жена што имаше каде, имаа нејзините доста пари од фамилијарен бизнис, насила сакаа да ја тргнат од кај него, таа на сите ги убедуваше дека не е толку лош тој само се нервира кога ќе се напие.
    И двете ќерки исто ја отпишаа кога пораснаа. Заслужено.
    Сценарио видено милион пати.
    Се дури си се оправдуваш - многу сум манипулирана, многу го сакам, ќе си се сносиш со последиците. Ништо од тие оправдувања не го менува фактот дека децата трпеле трауми што ќе ги носат до крај на живот, а можеле да бидат избегнати.
     
    На Nikolina35, Mikha4, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.