Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кобната втора шанса

Дискусија во 'Брак' започната од Црна Ружа, 8 август 2021.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Да не го вметнувам мојот коментар повторно, бидејќи сите го гледаат и читаат, пишав "да не се ќења" и објаснив на што се однесува тоа, и потоа дообјаснив дека не се однесува на тебе, уште помалку на коментарот на Тања. Не знам што друго да ти кажам стварно. Си стојат коментарите, кој разбра во ред, кој не разбра пак во ред е.

    Некаде пишав дека оправдувам насилство? Врз било кого?
    Проблемот е што ти мислиш дека жртвата се правда, а жртвата е всушност манипулирана. И наместо темава да послужи за нешто паметно и добро, служи за што точно? Што ќе прочита тука некоја жена жртва на насилство?
    Еве @Anne Boleyn нека протумачи, од мене стварно толку.
     
    Последна измена од модератор: 24 октомври 2021
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Е така да си ми жива и здрава дообјасни, ама да не завлеговме во муабети надвор од темава како што во старт ти пишав, и за мене и за било која еве и @Tanjamm ти посочила кењање е навредлив збор, можеше и многу подостоинствено да објасниш наместо да и се ''искењаш на темава''. Сфаќаш со навредливиов збор што го пишав што ти кажувам? Знам сфаќаш, се разбираме и јас тебе и ти мене, ти пишав ок тоa е, да во ред е вака гледано дека мене не ме вреѓаш, ама сепак некоја друга и нечие друго мислење ги навредуваш како и јас тебе кога би ти пишала еј ја ''искења темава'' така да тоа е.
    Која разбра, навистина разбра што е навредливо, а што не, јас се повлекувам.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Луѓе јас не знам каков е тој однос на жртва и насилник, па да трпи пребивање со години. Јас за тоа не сум стручна, тоа некој психолог и психијатар треба да си каже. Ме болел изречен збор кој значи емотивна манипулација, искривување на вистината, или перфиден обид да ме задржи да не му раскинам и сум се прашала „оо боже, зошто сум со него два месеци, а дозволив ова да ми се случи, дали сум толку глупава и не сфатив дека овој сепак манипулира“. Ова за дечко, а не маж со кој имам деца на пример. Децата се побитни од се, ова го мислам иако немам деца. Пребивање со години до степен да има модрици? Како јас тоа да го оправдам? Зарем тоа не боли? Една шлаканица боли, а не пребивање? И да го гледаат децата тоа? Па жалосно за децата и таа штета не се поправа. Убаво пишаа погоре, како ќе се поставите таков однос и ќе добиете. Се почнува од една шлаканица, а завршува со пребивање. Жално, и јас да ја жалам не бива крива. Нема јас што да ја жалам, за жалење и се децата со трауми. Отварајте очи. Секој насилник и психо се издава со нешто. Не давајте момент на заљубеност и физичка привлечност да ве занесе и заслепи. Ако фатите работа со насилник, после пола комшилук и полиција нема да ве отнат од тепање.
     
    Последна измена: 24 октомври 2021
    На Nikolina35, Idedemja и Mantub им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Темава служи за разменување мислења ко и секоја друга тема.
    Ако прочита некоја жртва треба да знае дека нејзината љубов кон насилникот не треба да е поголема од нејзината одговорност кон децата.
    Манипулатори постојат и исто така постои можност да си го земеш животот во свои раце.
    Ако си сама, можеш да бидеш манипулирана, одговораш само за себе.
    Ако си родила деца, тоа твое подлегнување на манипулација ги афектира и децата.
    Ако не си ја исполниш мајчинската одговорност кон децата да ги заштитиш, немој да очекуваш дека ќе имаш некоја убава врска со нив кога ќе пораснат.
    Толку е едноставно.
     
    На kalinaka, MissBreezy, Nikolina35 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Мислам дека и профилот на самата жртва игра голема улога. Најчесто се жени без самодоверба, воспитувани во патријархален дух или емотивно поосетливи особи и би пружале помал отпор на почетокот во врската, затоа што насилството и манипулациите не се случуваат преку ноќ, туку постепено. Дури се свестат веќе толку се индоктрирани што за себе имаат слика каква им направил насилникот за нив и самите мислат дека самите не вредат без него.

    Тука за жал образованието и околината потфрлуваат како фактори кои влијаат на девојчињата од најмала возраст, уште од кога им се наметнуваат навидум незначајни женски работи, женско однесување и сл., им се дава сигнал дека се различни и на некој начин поинакви од машките деца, перцепцијата дека мислењето на комшиите за нив е битен фактор во однос на сопствените животни одлуки...
     
    На MissBreezy, Anne Boleyn, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Точно. Не верувам дека тоа се случува одеднаш и немало црвени знаменца, па жртвата не можела да препознае. И за мене не е исто да се мажи девојче од 17 години, кое нема ми средно завршено и мисли дека се што лета се се јаде, и зрела жена од 30 години, со работа, и независност. Таа жена што е зрела, веднаш препознава маж манипулатор, насилник, неработник и по едно испиено кафе со него, прекинува контакт. Тие што испадите на љубомора и насилство ги сметаат „ееехх, љубоморен е, ме сака“, на крај лошо поминуваат. Има еден куп успешни жени кои се со успешни мажи, и еден куп неуспешни жени кои се со пропаднати мажи. Јас се воодушевувам кога ќе видам здраво и среќно семејство. Сакана и почитувана жена се познава од километар, а и несреќна жена се познава од километар.
     
    На Idedemja, Indiegurl, Nikolina35 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    19.935
    Пол:
    Женски
    Сте го гледале "Maid"? Ја обработува во целост оваа проблематика. Ви го препорачувам на сите тука.

    https://www.imdb.com/title/tt11337908/

    @Tanjamm навистина сметам дека не е реално тоа дека после едно испиено кафе се препознава насилник. Насилниците најчесто се и алкохоличари, но исто така може да бидат во мн различни форми. Има и такви кои се мн големи манипулатори и баш напротив, често знаат да остават впечаток на мн фини и совесни луѓе. Секако дека жена на 30 години и на 18 нема исто искуство, но верувајте ми секој може да наседне.
     
    Последна измена: 24 октомври 2021
    На Nikolina35 и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    А психичката состојба на жртвата, ја земаш во предвид?
    Стенфорд експериментот, за една недела успеа да им смени мајндсет на луѓето, не пак со години да живееш со насилник.
    Стокхолм синдромот?
    Не е тоа љубов.

    trauma bonding

    прочитај на линковите

    Сите прочитајте.
    Може ќе ви се разјаснат некои работи и во иднина ќе размислите два пати, пред да ја обвините жртвата.
     
    Последна измена: 25 октомври 2021
    На Nikolina35, MarijaMi90, Anne Boleyn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Никој не ја обвинува жртвата, бар јас се трудам така да разберам, ама ај малку преку лични примери да прозбориме . Еве јас можев да останам да бидам жртва, или косоработник не знам како да го именувам ова во таква врска полна со злоупотреби и манипулации. И ти си можела, и Тања и х особи, ама сме прекинале така? Друго сме можеле цел живот да сме нечии жртви и утре ден и нашите деца да ги изложиме на такви злоупотреби и манипулации доколу сме ги имале така? Ама сме собрале сили и сме го прекинале се тоа. Јас еве на почеток имав поддршка од моите , после кога видоа нема ефект дигнаа раце, се сама се мачев да откријам што ми се случува, како потпаднав на такво влијание, одев барав книги, читав, се едуцирав, немаше ни кој да ме насочи, се сама, а можев да оставам се само на случајот и да останам жртва така? Дури и на стручно лице бев и ми кажа тоа што ми кажа, барав од сите што не познаваа поддршка, ама не не бил тој таков. Инаку кога ќе дојдат деца и во таква брачна заедница можам да претпоставам колку е тешко,тој од една страна, насилникот, децата од друга страна колатерална штета трпат од се и таа жртвата. Ама ние што пишуваме неколку членки тука е дека има излез, само да се сака да се излезе, зошто често жртвите не сакаат, не наоѓаат воља да се тргнат и од страна личи дека не ги заштитуваат доволно своите деца. Треба баш децата да им се главен мотив за излез и спас на самите и нив заедно, ама ете во примерот што го кажав таа љубовта кон мажот ја ставаше пред децата и денес е така, уште се заедно иако таа имаше можност многу одамна да го остави. Навика, зависност што и да е тоа што ја тера уште да се заедно, се е тоа нешто само љубов не. Јас секогаш си мислев децата кога ќе им заминат и таа ќе го напушти, ама не ете ја уште е слуга на него, по маркети таа пазари, таа влече се, таа работи по дома се, таа со внуците, тој легнат, цигарите до него, понекогаш алкохолот, рокни музиката или филчиња од сабајле и тоа му е животот. Ако излезе до кладилница, со другарите ако заседне се опијани и се одново секој божји ден. Е сега кога е потрезвен и читав да ја облева и опсипува со љубов, нормален е како да кажам, ама тоа е 2 дена неделно во најдобар случај инаку најчесто или вика или се жали на судбината како му с епаднале вакви карти од врвна кариера со неа да остане и без ништо, да не одам во детали и тоа одново се повторува, а таа трпи иако во овие години нема потреба, може да се тргне.
     
    На Nikolina35, Mantub, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Утки ќе има, ама поретко. Позрела жена со цврсто Јас побрзо проценува со кого си има работа, и успева да спречи наместо да лечи.



    Тоа е поентата. Сите сме можеле да бидеме жртви, ама сме прекинале. Имам пишувано за еден фб пријател, кој ме покани на кафе, и онака без некој план и намера си реков не е ништо, ќе пиеме едно кафе, и не мора нешто да биде, ќе имам познаник плус. А живееше близу до братучетка ми. Излегов, типот ми кажа дека само што останал без работа, правевме муабет, ама му излетува муабети демек ќе дојде кај мене, па што е како е ќе се уверел. Чекај, ако пиеме кафе нема за жена да ме зема и да ми доаѓа ако не го поканам. Ми се виде прост и нападен. По 2 или 3 одбивања за кафе, оти ми беше карактерно одбивен, почна да ме манијачи и навредува дека сум била спонзоруша, сум барала пари, а тој немал пари. Јас поим немам дали има или нема пари. Го блокирав, па правеше постојано профили и сакаше да го додадам. Манијак. Сето тоа поради едно пријателски испиено кафе. Да не требаше да се мажам и да правам деца со него, па сега да ме тепа и да ми ги собира парите? Ако се доведете во таква ситуација, ни осуда, ни жалење ќе даде ефект. Поголем дел од жртвите сами се заглавуваат од наивност или заљубеност. Моја сосетка трпи смртни закани, од човек кој пред неа имал два брака, двете жени ги пребивал.Што очекувала таа ако овие факти ги знаела? Нејзините умреа од страв манијакот да не и го силува девојчето од прв брак, кое татко му тежок алкос сакал како бебе да го фрли во септичка јама. Кои трауми се тоа. Кога еднаш те тепал насилник, иди најди некој што само сок пие или седи сака, а не од пијаница на пијаница, деца раѓај, јади ќотек, оди по судови....
     
    Последна измена од модератор: 21 ноември 2021
    На Nikolina35, mode-kristina и Idedemja им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ја земам психичката состојба на децата. Толку.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Е така, ако еве не осудуваме ама молчешкум испаѓа ''го оправдуваме ова'', каква младина ќе имаме, сршени личности уште од најмали години, години кога треба да се безгрижни, да научат вистински вредности, што е права љубов, а што учат, ај не сакам ни да мислам на тоа, жално бре луѓе. Мајка да сум, абе во заби ќе го ставам тоа насилникот да ми ги малтретира и трауматизира децата, не знам кој да е, нешто недопустливо ми е тоа. Во развиените земји за семејно насилство се пријавува насилникот и лежи во затвор, а на мајката и се даваат можности да се адаптира и ресоцијализира, вработи ако не е, сама да ги издржува децата и кај нас ете има исчекор на тоа поле.
    Не e работава трпи и ќути има и полошо без него, без секого се може. Ама што знам далеку сме ние како држава, општество од развиените земји, ама ете има и примери на успешни приказни, Беквалац неа ја нападна 3от маж, не пред децата, тие не виделе ништо, одма развод. Ете и славни личности кои ја покреваат свесноста за тоа, ама прво мора од самата себе да дојде таа сила, таа моќ и да се направи првиот чекор, а се нaдевам од децата поголем мотив да им обезбедиш поубаво утре нема.
     
    На Nikolina35, Tanjamm и Mikha4 им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Абе ако ја разбираш психолошката состојба на жртвата, не значи дека промовираш насилство, туку дека треба многу повеќе работа за да им се помогне.

    Најлесно е да се речи 'крива е' и да кренеме раце.
    Вака ко ќе ве чита некоја од жртвите, уште толку ќе се затвори во себе.
     
    На MarijaMi90 и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    И јас многу ги жалам децата. Замисли моево комиче кога дознало дека татко му сакал да го фрли во септичка јама како бебе, па мајката го спасила и се тепала со пијаница, по што веќе немаше каде и морала да го остави. Тоа е хорор. И детето не е криво за ништо. Мајката се мажела за 3 дена, немала ни врска со него, ни ништо, туку и рекле комшиите „ајде кога ќе се мажиш, кој ќе те земе, и нашла маж за 3 дена и се мажи“. Потоа го оставаше детето дома, се шета, ашикува со насилник, курвар, а детево ај што нема контакт со таткото, па мораше да седи со баба и дедо ( ни домашно не можат да и помогнат да напише оти се стари), се додека жената не се премажи, и детево и таму трпело навреди, мажот ја тепал мајка и. Замисли да знаеш дека татко ти сакал да те убие и одиш кај непознат маж кој гледаш ја тепа мајка ти како стока, а не можеш ништо да направиш. Потоа со торби од куќа на куќа, под кирија. Страотно. А мајката доволно била возрасна, оти не се мажела млада и можела да мисли, ако еднаш згрешила, не оставај златно дете само за да си тераш ќефови со некое ѓубре кое направило претходно 3 деца, не чува ниту едно од нив, и веќе тепал две сопруги, и не знам колку љубовници, тие не се бројат, никој не знае колку биле.
     
    На mal.ecka и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  15. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ама за да помогнеш некому треба да сака да побара помош или еве и да не побара, а ти и понудиш да сака да ја прифати.
    Многу од жртвите не сакаат помош и кога ја бараат и им се дава или и кога не бараат а ти претпоставуваш им треба и ја нудиш, мислам да бидеме реални сите знаеме барем по еден ваков пример, нажалост. За примериве што постојат нажалост, дека ем не им е убаво, ме ништо не прават да сменат нешто.
    Никој не крева раце, напротив не една, две раце нудиме, велиме да отвара очи, ако не за нејзино добро иако треба прво за неа добро да чини, за да е функционална во се и како мајка, ама еве ако не за нејзино добро, за добро на децата. Што мсилиш кои се посреќни деца тие со двајца родители ама вечито малтретирани или тие со самохрана мајка која пресекла, може се мачи и тие се мачат за финансии, ама душите им се мирни имаат мирен развој и мирно минување низ развојните фази?
    Друго може да се затвори и ако прочита и си вика аха ако трпам и јас и децава, еве никој ништо не ни вели, епа добро може и полошо од ова биде, ете да трпиме и траеме вака.
    Од кај да знаеме точно која како ќе реагира, дали ќе се затвори или отвори за промени. За секоја промена мора прво воља, желба, замисла и реализација. А помош и поддршка се секогаш добредојдени, ама и да ги нема ако сакам ќе сменам, ама и тебе и мене и на секоја која минала низ ова јасно ни е колку е голем стравот, грижата на совест, го напушташ него, стравот што те чека. Ама сите живееме со тој страв од непознато, независно и дома да ни е вака или одлично.Тоа е тоа, секоја одлучува за себеси и својот живот, ама кога е мајка и за животот на најмилите, ако таткото е еве ваков како во описите, воопшто незагрижен за децата и дополнително претставува опасност за нив.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Абе така е.
    Одиш на психијатар и ти вика: Ти си крива.
    Одма ќе те мотивира да преземиш нешто.
     
  17. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Мене да ми рече ти си крива, ме мотивира да, да побарам второ мислење, не е единствен и не е крај на свет. Ако сакам нешто идам до крај. Ај малку ќе умешам теми, знаеш на колку жени им рекле нема никогаш да родат, отишле кај друг и ете успеале. Муабетот ми е ако сакаш нешто се што ти е при рака, достапни, расположливи средства ги користиш да успееш. Ајде барем сега 21век, интернет пристап на дланка полесно е, што да кажам јас во мојава младост, поима немав кај да се обратам па и на која личност, служба да и се обратам зошто осеќаш не иде вака на долги стази. А можев и да си трпам и ќутам, да си се земеме, дечиња и да си тераше се вака, а јас да си седам со мисла па добро е, можеше и полошо да е. Од седење и чекање, верувај, а и знам дека знаеш ништо од небо не паѓа или на врата не доаѓа.
     
    На Nikolina35 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Абе како споредуваш неплодност со живот со насилник?
     
  19. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ама реков ќе умешам тема, споредувам од аспект ако некој доктор ми рече крива си или нема да родиш, за доктори зборам, не е крај на свет, барам друго мислење и услуга.
    А ај сега ти кажи ми кои деца имаат поиспарвен развој тие во фамилија со татко насилник или тие со самохрана мајка на раат од него, не ми одговори претходно па ми личи дека израмнуваш дека и тие деца супер ќе се како другиве без насилник?
    Еве јас ако споредувам, ти изедначуваш така или не?
    Нема врска муабетов иде во ќор сокак и ти мислиш не сум во право, а и јас ти дека не си, а и јас и ти делумно сме во право. Затоа што има жени што реаграат ти како што велиш се затвораат, а и некои жени реагираат јас како што сум пишала се отвараат кога добиваат вербална и/или физичка поддршка така да беспредметно е да се убедуваме која што прави или не прави.
    Само децата кога се колатерална жртва не боли сите и тебе колку и да одбегнуваш да одговориш за штетата врз нив што се прави во ваква ситуација како да се отклони.
     
    На MarijaMi90, simona_baby, Nikolina35 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Што и да прочита на форумот не верувам дека ќе помогне или одмогне на некоја жртва на насилство. Ако има каде да оди, што да прави, и од што да живее, ок, ако нема кој да ја прими назад, тешко неа. Битното е , учете ги ќерките да препознаат насилници. Ако имаш силно семејство зад себе, ќе те пресече во старт, и ќе прекинеш пред да биде доцна. Стабилни семејства сечат во корен.
     
    На black dress, mal.ecka и Nikolina35 им се допаѓа ова.