Прво што ми падна на памет кога ја видов темава е дека парите што ги лупнаа на шмизине на портата и Ацката, би ги дала таму каде што стварно ќе послужат. Ако не друго, би купила нова апаратура во болниците, сите знаеме колку е потребна и би ги подобрила условите таму а не јадните доктори кога ќе одиш на дежурен се тресат од студ, не можат ни да те прегледаат.
Што би променила? Апсолутно се! Почнувајќи со ништење на сегашните партии и апсење на секој еден нивен член.
Би забранил да се употребува преставката ВМРО кај современите политчки партии во Р.М. кои поради имиџ и лажење на народот се китат со ова име чие место е во музеите и учебниците по историја.
- Нема вработување со врски, партиски книшки и сл. - Платени работни места. - Нови работни места. - Место споменици низ цело Ск, со парите ќе ги направам сите патишта низ Мкд, регионални, магистрални, градски, селски... - ВМРО и СДСМ и сите други партии ликвидација - Образованието - Смртна казна за: Педофили, манијаци, семејни насилници, силувачи и сл. и што не друго
Целово општество од корен. Нема да е капитализам, кој има уште повеќе да има, кој нема уште толку да нема па да умре од глад еден ден. Ќе биде социјализам, сите ќе имаат кој повеќе, кој помалку. Ќе направам посебен фонд за семејствата каде има болни и хендикепирани кои воедно трпат за леб, ќе одземам од сечија плата по малку, за да имаат и тие некаков живот. Еден за сите, сите за еден. Исто и за бездомниците ќе биде, додека да најдат работа, а откако ќе ја најдат истата самите ќе си заработуваат. Ќе има работа за сите. Чистач? Чистач. Ќе си има и тој плата некаква, бар нема да седи дома или да проси. Нема да им биде страв на невините луѓе да излезат надвор на улица, ќе им биде страв и срам да пуштат рака да украдат една мастика од продавница, зошто ќе следуваат мнооогу ригорозни казни за криминалците. А криминал е и крадење мастика и грабеж на банка, само со различен степен на тежина на делото. Така лошо има да бидат казнувани што нема да им падне на памет бе да прават штета во државата. Казните ќе се одредуваат покасно. Ќе му обезбедам на народот така убав живот, што нема да им текне да прашаат за друга партија освен мојата, единствена. И луѓе како луѓе, секако алчните ќе се јават и ќе сакаат да имаат многу повеќе од другите, но јас ќе им ограничам. Ако сакаат тука да седат - вака е, ако не поздрав у странство. Нема заебанции. И алчните ќе си одат во капиталистичките земји, а оние останатите ќе останат овде и ќе живеат многу мирен и спокоен живот, и повеќе ќе се сакаат луѓето меѓусебе!
Ако почнам да набројувам,сигурно интернетов би ми завршил,а во краен случај кога навистина БИ ја имала таа можност,ако почнам да реализирам,животот ќе ми заврши,уште во првите реализирани нешта. Можеби темава подобро би било обратно да се преименува,затоа што многу работи треба да се променат,а малку,многу малку да останат исти.
Ќе прогласам неутралност! Каква ЕУ каков НАТО! Внатрешна политика на ниво, се од корен ќе сменам! Нови закони! Знамето ќе го сменам она старото! За инат на Грчиштана! За народот ќе работам! Оние кои што плукаат и го палат нашето знаме зад решетки, а тие што крадат икони, 100 камшици и 5 години затвор! Ќе има задолжителна веронаука во училиштата,христијанска и исламска во зависност од тоа како ќе си изберат децата т.е родителите! Ќе го зголемам фондот на часови за физичко воспитување, и ќе внесам задолжителни презентации за борбата против дрогата, половите болести и слично! Ќе има многу научно истражувачки екскурзии финансирани од владата! Ќе го унапредам здравството, и правниот систем! Не ја заборавам и надворешната политика! Ха ќе правам Роуд шоу.........ух се уфилмав.......можам уште 1000 страни да напишам!...
Ох, колку работи би променила...... Но, најтешко е да го промениш менталитетот на народот, а народот ја сочинува државата. Каков народ - таква држава. Што правиме тука?
Се би променила, од корен тотална реорганизација, со луѓенца кои стварно си ја сакаат државата, цакум - пакум ќе направам, има да сјае и цвета државичево А проблемот со името, Грците, е тоа е посебен проблем ептен им значиме чим со години ни обрнуваат внимание
Би сменила многу работи, би вовела големи промени во образованието, во здравството. Би направила да се отворат нови работни места и за секого да може да се најде работа. Би сменила многу работи.
- Ќе забранам увоз на земјоделски производи кои ги има квалитетни во македонија, како на пр. домати и лук. - Ќе отворам фабрика за соларни панели и турбини-ветерници за да по поефтина цена се испонабават доволно од истите за на тој начин повеќе од пола (ако не може цела) потрошувачка на ел. енергија да биде еколошки чиста и бесплатна, или со надомест за одржување. (веќе гледам како ЕВН коваат завера за неупсешни избори )
Уф,од каде да почнам.Од образовниот систем.Би направила на секој ученик/студент кога ќе оди на часови на клупата да го чека една пластична чаша кока-кола и мало чоколадце Зошто да не? Инаку сериозно има многу дупки во системот,не чини.На пример би можеле да го олеснат процесот на документација при студирање.Значи сите такси,уплати,пријавување испити и слично многу замараат и не знае студентот дали да се фокусира на учење или административни уплаќања.Најчесто таму можеш да се зафркнеш и најмногу студените имаат нервози при вакви ситуации.Да беше само учење и толку.Па работиме или учиме? Потоа кој колку ќе си научи тоа е друго ама секој се запишал со цел да дипломира и се разбира дека ќе му биде полесно за учење.
Со сигурност би сменила пракса... т.е не би направила реклама во која главната порака ќе ми е нешто у стил: пензионери, внуците ви седат дома?! А, без работа се?! Епа, кој е крив за тоа? Купувајте македонски производи? Епа, што чекате? Некој да дојде да ви го земе внук ви? Да ви го однесе у не знам...ххх? Вие сте одговорни за судбината на вашите внуци!!! Купувајте македонски производи!!! Македонските производи се СУПЕР! Македонските производи се квалитет! Значи, доколку за време на моето владеење, во земјата не се отвараат фабрики, и внуците на бабите и дедовците седат дома без работа, во тој случај би си рекла дека е моја вина. Вина на мојата некадарност да створам услови за да прво и основно ги привлечам македонците во дијаспората да инвестираат, а да не зборувам пак за останатите. Моја вина би било, вина на моите министри, доколку мојата економска политика не вроди со плод. Вина на моите одлуки за погрешно насочени инвестирања на народни пари, во цели кои не носат профит, не создаваат работни места во државата, особено во период на криза секаде во светот. На мојот недостиг на идеи, за тоа како парите што ќе ги потрошам на краткорочни проекти за намалување на безработицата, ги искористам за рестартирање на фабрики и тако даље и тако даље. Ако некој не ја гледал рекламата, фино нек си гледа Наша Тв да се просветли.
Кога би била на власт прво би се залагала за народот а не за тоа што попрво да украдам. Би се залагала за сиромашните, кои немаат леб да јадат, одколку да трошам пари на други работи. Тоа е најголемиот проблем во нашата ни држава, сиромаштијата, а другото се со ред
Би ги смениле членовите на регулаторната комисија за енергетика и би поставиле луѓе кои ќе ја вратат ефтината тарифа за струјата повторно да биде и во текот на денот од 13-16 часот како што беше до 1.08.2012 (сега ефтина струја има само од 22-07 и недела цел ден)
Би ги зголемила платите,пензиите... Би им дала право на сите животни да може и они да одат на места кои одат луѓето(маркети...).. Би ги тепала до смрт тие што убиваат животни,силуваат деца... Би ја вратила пак ефтината струја,ама не од 13-16 него од 13-20 Би им давала месечно на луѓето што просат по 20.000,а ако пак просат и ги казнувала.. Би отворила нови работни места.. Spoiler ако има уште нешто ќе допишам
Прво-ќе се погрижам сите да имаат дом и храна.Потоа ќе покачам плати,пензии...За неработените ќе направам специјални курсеви за тренинг за работа,и потоа ќе ги запослам во некоја фирма.Ќе направам да се оди во пензија на 60 за мажи,на 55 за жени.Децата без родители,инвалидите и хендикепираните ќе имаат посебен третман.Посебно ќе се залагам за тоа лекарството да биде поевтино и сите да добијат лекови.Ќе се погрижам да има награди за одличните ученици и за другите кои го заслужиле тоа.Ќе се потрудам и за тоа да се подобри културниот и ноќниот живот во Македонија.Претстави,концерти...И мноогу друго...