1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога би биле на власт што би промениле?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од sonce777, 3 јуни 2011.

  1. la.madrugada

    la.madrugada Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2018
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Живеам во Германија и секогаш кога си идам за Македонија сум се повеќе и повеќе разочарана. Еве зимото баш кога бев во Македонија се разболев и со германското здравствено осигорување отидов на лекар.
    Ме болеше грлото и главата и не можев да голтам една недела па на лекар ми кажаа дека немат уред кој ја чита германската здравствена картичка па мора да ме прегледаат на приватно. Ај што платив 200 ден ми кажа докторот дека ништо не ми е и дека треба да продолжам да ги користам таблетите за смукање.
    Жално е како за се се има пари а за здравсто се нема. И за образование се нема.
    Жално е кога гледам како другарките у Македонија завршуват средно со препишување и учење на памет, они кои треба да ја градаат иднината.
    Учам политика,читам вести и сваќам колку измачен народ е Македонскиот и душата ме боле.
    Размислувам да почам со студии по југоисточна славистика и политика и некогаш да се вратам да му покажам на македонскиот народ што може да има. Оти Македонците се како луѓето од пештерата на Платон и ја гледаат само едната страна и едниот свет, во оној кој пораснале.
    Постојат примери, може да се живее на друг начин во нашиот свет.
     
    На DraganFem му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Би ги намалил платите на пратениците , патни трошоци и трошоците на министрите за ресторани и пијанчење
     
    На New York13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    - Ќе ги избркам од администрација сите несоодветни партиски газолижачи и на нивно место ќе поставам соодветни и квалитетни кадри.
    - Ќе го стегнам и приватниот сектор, ќе воспоставам и таму малку ред а не најдобрите работници и висоокообразовани млади луѓе да ги малтретираат за минималец некои новопечени газди-копуци кои реално и немаат баш муда за да бидат газди.
    -На добрите студенти ќе им овозможам бесплатно да продолжат на магистерски и докторски студии. На сметка на тоа, тие што се влечкаат по сто години и преупишуваат еден ист предмет десет пати ќе им лупнам казни. Кој не го бива не мора да има факултет.
    - Ќе го укинам бесплатниот јавен превоз на старите а и на студенти/среношколци чии семејства стојат добро материјално. Бесплатно ќе биде само за оние кои имаат ниски примања. А не некој со 500 евра пензија гага да трча од автобус во автобус како мува без глава без реална потреба.
    -Ќе вложам во образование и здравство. Жално е во 21ви век да растат печурки по болниците и училиштата додека некој гнете по илјадници евра државни пари по кафани.
     
    На Annora, LollySky и ADOKI им се допаѓа ова.
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Се од корен ќе менувам . Искусните и изработени кадри ќе можат да одат во пензија барем во 60-тата година од животот , да можат да се посветат на фамилија и внучиња , да се одморат од долгогодишната работа , бидејќи животниот век на луѓето се повеќе се скратува . На нивно место ќе поставам кадри што со знаење завршиле студии и се соодветно квалификувани . Кога сме кај политичарите .. Нема да имаат патни трошоци . Нивните плати и онака се доволно големи за да си платат гориво , а ако не се , постојат и други начини да се стигне до работното место . Еве , да не бидам толку сурова , ќе им оставам тоа што им следува за службени патувања надвор од земјава , доста им е . Во поглед на здравството , ако треба ќе ги донесам најврвните доктори од странство и ќе воведам задолжителни часови за дообука на кадрите во клиниките . Нема да увезувам лекови . Секаде ќе има наши лекови , произведени во државава ( и вакцини и се комплет ) . Ќе отворам многу фабрики ( некои и навистина потребни , пр: фабрика за медицинска пластика , која некогаш постоела ) . Приватните компании ќе бидат следени " под будно око " , за да се утврди односот на претпоставените кон вработените . Се што не чини , ќе биде санкционирано . За депониите , не знам што би направила , веројатно би отворила фабрика за рециклирање на секаков вид на отпад . Околу глутниците на кучиња - скитници , би отворила домови ( ветеринарни станици за бездомни кучиња ) , каде кучињата би се прегледувале и вакцинирале , храната што многу месарници , ресторани , колонијали итн , ја фрлаат , би ги замолила да ја даваат на бездомните кучиња , така тие нема да бидат гладни и нема да има луѓе каснати и нападнати од куче - скитник . За луѓето кои од било која причина останале на улица , без кров над глава , би обезбедила една населба , каде ќе се сместат и ќе добијат работа ( на пр: некој ќе се грижи за парковите , друг за чистотата на градот / населбата , трет во ЦК , секој каде што заслужил со своите вештини и способности ) . Во поглед на економијата , ќе настојувам да оживеат многу заборавени занаети , белким ќе ни тргне во нагорна линија животот .

    Можам до утре да пишувам , ама ќе оставам нешто и за друг пат :)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tetrapak

    Tetrapak Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2017
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    1.384
    Пол:
    Машки
    Охоо на оваа тема можжам до утре сабајле да пишувам и малку ќе биде...
    Би променил се од корен,прво би направил ревизија од 1990 до денес и сите што направиле било каков криминал би ги стрпал у затвор со принудна работа(не само да лежат таму туку да допринесуваат за општеството) и секако ќе им го одземам имотот.
    Пратениците од 120 би ги намалил на 80,и ќе барам да бидат редовни,со 3 неоправдани отсуства да се замени и да дојде следниот што бил на листата.
    Ќе ги укинам патните трошоци па кој сака да биде пратеник бујрум.
    Полиција здравство и судство комплетно да се промени се од корен...до сабајле реков можам да пишувам...ај доста е за сега
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Народот
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Како прво полицијата, оти кој стигна полицаец е, да се знае бе џандар да гази по пат кога оди да се знае, а овие сегашниве пиуни лигави.
    Второ судот, ред и дисциплина, правдата да победи.
    Законите да се почитуваат и да важат за секој еден граѓанин.
    Друго се натака по ред
     
    На Tetrapak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Платите и пензиите покачени, сите да имаат за пристоен живот и да можат да си дозволат децата во едно семејство да имаат безгрижно детство.
    Во здравството да има достојни, нормални услови и да биде достапно за сите. Како што имаше еден статус/твит: од буџетот да има за болни деца и сиромашни луѓе, а од донации да се покриваат „патните трошоци“ на политичариве.
    Лица со посебни потреби да имаат достоен третман и да бидат еднакво вклучени во општеството.
    Образованието би го подобрила, училишта па и факултети би направила да се реновираат. Наставници и професори да поминуваат посебни обуки и психолошки тестови, да обрнуваат внимание и да знаат да се справат и со психичката состојба и воспитанието на децата (булинг, тепачки).
    Повисоки и строги казни за силувачи, педофили, сексуални вознемирувачи. Полицијата да работи на тие проблеми и корупцијата и криминалот, наместо на дивите тезги со кои преживуваат најсиромашните.
    Човековите права да бидат на пиедестал, говорот на омраза осудуван. Секуларна држава во која жените да имаат право да одлучат за сопственото тело (без апсурдни закони за абортус) и да, и геј бракови би легализирала :)
    Basically... everything :D
     
    На WildMk и RAF Camora им се допаѓа ова.
  9. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Првин би направил промени во поглед на образованието. Јас сметам дека најголем број од тие кои ќе завршат немаат доволно практично знаење за областа за која учеле. Треба да се воведе практична настава каде што ќе имаш свој ментор кој ќе ти помогне да се стекнеш барем основни практични знаења. А не како во некои ситуации каде што одев на пракса да ме праќаат да им купам бурек или кафе само за да не научам нешто од нив односно да ме откачат полесно. Според мене дури и не знам зошто би имало часови секој ден или предавања на факултетите кога тоа време може да се искористи на подобар начин. Наредно кога е во поглед здравството би создал Фонд кој ќе се однесува само на собирање на средства за оние на кои им е потребно да одат на операции или на лекување и сето тоа да се покрие финансиски преку фондот за сите лица дури и оние кои не се здравствено осигурани. Во Собранието наместо да има толку многу паразити кои го цицаат државниот буџет би ја преполовил бројката и онака ништо не работат. Кога сме кај криминалот секој кој ќе го загрози мирот и стабилноста на државата овде мислам на терористи треба да им биде забранет влез и престој во државата. Полицијата повторно да се врати и да патролира на улиците бидејќи многу ќе се подобрат работите и на тој начин ќе се подобри безбедноста и сигурноста на граѓаните. Политичките партии да не ги финансира државата да се укине ваквиот начин на финансирање бидејќи на овој начин трета опција не може да се носи финансиски со најголемите политички партии. Има многу работи кои треба да се променат. Ова е доволно за почеток.
     
  10. игор.

    игор. Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2018
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    прво судски процеси за сите досегашни гарнитури на власт. целосна и темелна ревизија на приватизацијата и потекло на пари. воведување на смртна казна за: убиство, силување, чедоморство, дилање дрога и национално предаство. формирање на јака армија, полиција и тајна служба. бесплатно здравство. укинување на рамковниот договор. минимална плата 25 000ден.
     
    На Tetrapak му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Ќе ја светнам државата со ригоризни казни за оние кои фрлаат смет насекаде, ќе го подигнам наталитетот кришум, преку спонзорства на фирми и црквата, ќе ги заживеам селата со градење на патишта, канализација, амбуланти, школи. Ќе укинам социјално за пола легачи, ќе воведам строги мерки за насилство врз жени и деца, ќе нудам вработувања на најдобри студенти, да останат тука, по факултет веднаш вработување со просечна плата. Стипендии за млади. Кој ќе се огреши од закон никогаш веќе во политика.
     
    На игор. му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.372
    Кога би била на власт под итно би ја споила Македонија со Бугарија.

    Штом не не бива како самостојна држава, се нешто гледаме да им угодиме на соседите, имам чувство дека за некоја година и голема Албанија ќе се прави на нашата територија. Србите ми се многу лицемерни како народ па не би сакала ништо со такви, не дека бугарите се поарни, ама ко веќе голем број македонци меѓу кои и јас имаме бг пасоши многу поедноставно би било ко би се споиле и преку куров од притисокот од Грција и од неспособните наши политичари. Не би сакала да се случи голема Албанија и двојазичност во државата.

    Ете ви Европа, идете, студирајте, работете по странство, нема да сте ограничени, ионака ништо корист од владата наша , само го исцеди народот.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    И сега постои фабрика за медицинска пластика во Велес.
     
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Не сум знаела . Инаку порано постоела во Тетово , кога ја затвориле не знам колку луѓе останале без работа . Денес објектот во кој била некогашната фабрика за мед . пластика пропаѓа , а земјиштето е на продажба ( така се зборува ) од неодамна за 6 милиони евра . Како и да е , требаат повеќе работни места а и повеќе работни кадри . " Тетекс " работи со четвртина капацитет , а толку облека се увезува од Турција и не знам од каде .. А баш квалитетни работи се произведуваат во " Тетекс " .. Ама тоа е . А и младите денес тешко дека некој ќе седне да шие 8 часа дневно , 6 дена во неделата .. Затоа и ова ни се случува .
    @Tanjamm проблемот е што најдобрите студенти бегаат од тука затоа што бараат поголема плата . Знам по еден од фамилија , ете во декември заминува за Германија со веќе обезбеден стан и работно место со решение со првото стапнување на неговата нога на аеродромот во Германија . Нас овде не не бива за ништо . За греота сме како народ . Не оголија до гола кожа овие никакви политичари , се богатат на грб на народот без никаква совест . Срамота .
     
    Последна измена: 24 септември 2018
  15. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Капитализмов би го искоренила и ќе го вратам комунизмот. Сите закони ќе бидат како што било во комунизам, освен што одењето во црква нема да биде забрането.
    Тито бр.2 ќе бидам, освен што нема да ги пцујам верниците. :lol:
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Отстранување на именување институции, улици,спортски сали и училишта според имиња и презимиња на умрени луѓе. Именување исклучиво со општи и неутрални имиња (мајски цвет, самовила, ѕуница).
    Ем душите на покојниците ќе бидат на раат, ем ќе немаат за што да се фатат противниците на Македонија.
     
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Kje ja digitaliziram celata administrativna procedura, sledstveno na toa, se povekje narod kje se zanimava so fizichka rabota so shto povtorno kje zazhiveat zamreni proizvodstveni granki.
     
    На Herrera и Angie1432 им се допаѓа ова.
  18. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.258
    Пол:
    Машки
    Најголемата болка и трагедија на нашиве простори е што најголемиот дел на држави имаат неостварени соништа и претензии од минатото по однос на други држави...Ама кој високо лета-ниско паѓа...Затоа тргнувајќи од тоа дека по нашиот Устав се вели дека човечкиот живот е неприкосновен и никој нема право да го одземе, за да не се случи тоа преку војни, поделби по разни основи и сл. а и да не се повтори историјата, во име на претходноспомнатиот член од Уставот, би вовел таков закон за забрана на поттикнување и инспирирање на активности кои провоцираат настани за да се издејствува нетрпеливост и национална омраза како и наратив кој иницира насоки и сценарија за барање на територијални отцепувања на делови од државава и припојувања кон нивни блиски и слични по националност и менталитет и да се спречи доминација на еден народ во однос на друг притоа не почитувајќи никаков закон дека се додека еден државотворен народ во случајов Македонците е процентуално позастапен.Се додека е така, во демократски држави негово е правото да креира закони кои нема да ја дестабилизираат земјата, а преостанатите жители на земјата да ги почитуваат тие закони... Во склад со таа реалност мора да бидат извагани и спроведувањето на законите, а не некој да ми се заканува со војни и отцепувања чисто заради тоа што му се може и зошто нема ум да решава проблеми на тој начин туку со јазикот на оружјето, а и не сака да стекне соодветно образование за да направи нешто соѕидателно и позитивно туку да продолжи да биде дрзок и арогантен зошто од гранките не ја гледа шумата т.е. ја гледа само својата...само тоа не е заедништво, остава порака дека не сака да работи на себе и на тоа државата да биде просперитетна за луѓето кои се очајни по подобар третман и животен стандард и не е добар импулс за градење заедничка иднина со почитување на законите на земјава..Ова треба да си го размислат и другите држави во регионот додека не е предоцна Балканот пак да не стане ново уште побрутално буре барут...Мора да се учи од грешките од минатото и да спречите да бидете заведени од усвитени глави кои иснпирираат и потикнуваат немири и хаос по принципот раздели-врзи-владеј...Кога ќе се смират сите овие духови, ќе зачекориме по нова траса на љубов,благосостојба, заедништво, меѓусебно почитување и оптимистичка и светла иднина
     
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Многу работи
    Има прво ред да стаам.
    Масовно отпушање
    Масовно запослување
    Реформи прво во здравство, па во образование па сѐ по список.
    Би пишувала многу искрено ама од телефон сум и неам многу време.
    Иам доста идеи за дупкава наша.
     
    На Dayandnight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.258
    Пол:
    Машки
    Ова што го пишав би го вметнал во Уставот.