На сите децата им студираат во странство или бар шетаат нон-стоп, да не мислиш во Македонија ќе се остваруваат
Јас сум властољубива, ама не би сакала во мк да бидам на власт, срам ми е со толку прости да владеам. Башка, ќе ме тргнат мене итно, потполно различен светоглед имам од мнозинството и ќе воведувам промени кои не им одговараат. Ми текнува пред некоја година кога протестираше раја против дом за дечиња со посебни потреби, подолу не можеа да паднат убила ме туџа срамота.
ОБРАЗОВАНИЕТО! Се почнува и завршува таму. Најлесно се владее со необразован народ. Не за џабе е кажано ако сакаш да срушиш една нација, еден народ само р'чни им во образованието и гледај им го сеирот. Држи вода, со години се мачиме со неквалитетно образование, години наназад бркаме квалитетен академски народ, а од "шупелки" правиме дирекори. Едукацијата е клучот за една здрава нација, клучот кои ние одамна го имаме таму некаде изгубено... (многу избегав од темата а ) После образованието доаѓаат здравството и судството. И тука мислам дека се затвараат најголемите проблеми. Кога овие три се добро подредени и здраво организирани - се натаму е мал залак.
Само уредувањето на државата. Во едно партиски систем, диктатура заради ред и дисциплина, модерен социјализам како Кина, и малку национализам оти целосно ги изгубивме националните чувства, традиција, култура, благодарение на политичариве наши.
1. Најстроги казни за сите што работеа на уривање на уставниот поредок на Р. Македонија 2. Спроведување на законот за потекло на пари и конфискација. Конфискуваните средства ќе бидат употребени за обнова на државата. 3. Велепредавството да се казнува со смртна казна 4. Отпуштање на цела администрација и повторен оглас за вработување со тестирања и ветинг
Досадно ми е. (Речиси) Сите членови на партииве ќе завршат во затвор зашто се познати нивните мотиви, само според тој "критериум" се вработени или вработиле блиски, башка активно шират раздор и омраза. Ќе ги оставам на слобода единствено сиромашните кои "не се снашле", ќе поминат со предупредување и памет за друг пат.
Социјална помош земаат многу луѓе кои се работоспособни. Не мора да имаат врски, туку немаат имот на свое име, автомобилот ќе го префрлат на мама или тате, немаат приходи на сметка, а си работат на црно и така си тераат со години. Ако се јават од АВРМ да ги вработат, се снаоѓаат со изговори од типот „далеку ми е фабриката, јас сум од село, не ми одговара, немам автомобил“, ако ги викаат на обука, пак изговори од типот „гледаш ли адреса, јас сум во село, со кои пари да ти дојдам на обуката, јас немам пари за превоз“, а тој лаже, на градилиште е, си работи на црно. Дел Македонци и многу од малцинствата си добиваат социјално на тој начин. Губи државата, ПИОМ е во лоша кондиција, а ваму се празни државаната каса од здрави, млади и прави луѓе. Би намалила и ограничила социјална помош, можеш да ја земаш во рок од 3 години и чао. Здрав, прав, на работа, ќе ми билдаш економски раст, а ако си болен е друго. Денеска ми текна колку луѓе сум сретнала кои се дојденци во државава, а се сместиле на високи позиции, нешто што за Македонец во друга земја е скоро невозможно. Сме имале порано и во разузнавачите човек од далеку, далеку, а Македонецот ако отиде во таа земја, може само метла да му дадат или евентуално маламашка, ни по 10 поколенија нема да го примат во државно, не па во високи структури. Но, Македонија е хотел промаја, кој од каде дојде, што сака прави.