Кога ви приоѓа инвалид...

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 12 април 2010.

  1. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    90
    Девојки колку сте спремни за да би влегле во врска со инвалидизирано лице?Дали би влегле во врска со инвалидизирано лице?Што кога во вас е вљубено инвалидизирано лице и ви приоѓа како би реагирале?Ви се случила ли таква љубов,врска и со какви мислења сте излегле од таква врска?Според мое мислење многу многу ретко некоја особа би сакал/а да влезе во врска со некое инвалидизирано лице скоро никогаш(со исклучоци).Како е чувството да живееш во агонија,да не бидеш сакан,да бидат сите со тебе порад сожалување ,а не поради самиот ти?Можеби ќе чуеме и мислење од некој/а особа со инвалидитет којашто е на форумот и како ја/го доживуваат потенцијалните партнери/ки.Сакам искрени мислења .........
     
  2. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    807
    hm...zboruvame za mentalen ...ili fizicki invaliditet...a i ima razlicni stepeni na invalidnost....a so toa i razlicen stepen na socijalna involviranost na poedincite i moznost da se kontaktira so istite..
     
  3. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    90
    Во право си не го допрецизирав прашањето мислев на лице со физички (тежок и лесен) инвалидитет но и со лице со лесна ментална заостанатост(даунов синдром и тако даље.....)
     
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Мислам дека БојФромДТаун мислел на физички инвалидитет.Кога го читав постот прво што ми дојде на памет беше неподвижен дечко во количка. Познавам еден пар во кој дечкото после долго време од врската остана инвалид, и тие и понатаму се заедно.Во таков случај, мислам дека и јас би продолжила со врската, а инаку искрено не би влегла во врска со такво лице.
     
  5. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    255
    iskreno da kazam ne znam dali bi vlegla vo takva vrska, ako cuvstvuvam i jas nesto za nego (so ogled na toa sto toj e invlaid) bi vlegla, a ako ne cuvstvuvam nisto,ne, samo od sozaluvane ne bi vlegla.zboruvam za fizicki invaliditet, a za toa sto rece daunov sindrom (toa ne e lesna mentalna zaostanatost),kolku sto znam jas, lugeto sto se so toj sindrom (mentalno) se kako 5-6 god deca,i taka ostanuvaat cel zivot.
     
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Во таква врска не би влегла, но ако не дај Боже му се случи нешто вакво на дечко ми, никогаш нема да го оставам заради тоа, туку со сигурност дека ќе продолжам со него, затоа шо ништо не е посилно од тоа шо го сакам јас него. Ама тоа го тврдам за дечко ми, а најискрено не би почнала врска со инвалид.
     
  7. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    67
    Tesko e da se zboruva za ova...
    Pred se imam kolega koj e invalid (ne so nekoj mnogu visok stepen) no sepak e invalid bidejki ednata raka i ednata noga mu se epten svitkani i polu paralizirani a i ima problemi so zboruvanjeto... no sepak jas go obozavam, normalno kako kolega, i mu zaviduvam za rabotata koja ja vrsi...
    No, sakav da gi prasam tie koi odgovorija deka dokolku nivniot decko stane invalid i ne bi gi ostavile... a sto dokolku toj vas decko ne daj boze ne moze fizicki da bide aktiven i da ve zadovoli so seksualni odnosi? dali cel zivot bi ziveele taka?
    znaci lesno e da se dade samo odgovor, no tesko e da se pocuvstvuva vo svoja koza, i nemojte da bidete sigurni deka sekogas bi ostanale pokraj nego bez da go izneverite itn... a sepak, po lesno bi bilo da go ostavite otkolku da go izneverite i lazete... ne deka mene mi se ima sluceno vakvo nesto, no sepak realnosta e taa... i ne bi posakala na nikoj da mu se sluci...
    a vrska so invalid, sepak mislam deka i toj invalidiziran ke si najde nekoj so takva slicna sostojba sto sepak mislam deka najdobro ke se razbiraat i ke ziveat... pozz
     
    На Svetilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. glammur

    glammur Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    19
    Најискрено не би влегла во врска со инвалид. Но доколку мојот дечко (не дај боже) му се случи нешто се надевам дека нема да го напуштам поради неговиот инвалидитет. Инаку на мојот другар татко му е инвалид, нема една нога поради земјотресот од 1963 и уште од тогаш тој е на штаки а преклани му ставија вештачка нога.
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.031
    Пол:
    Женски
    Фри е во право, лесно е да се даде одговор, но не може човек да знае, затоа што се додека, не дај Боже, не се почувствува на своја кожа, не можеме да кажеме како би реагирале и што би направиле...
    За ментални инвалиди не знам, ама не мислам дека некој од нив е способен за врска, бидејќи кај нив менталната ретардација е причина повеќето да останат на ниво на деца, барем кај оние со средна и тешка ментална ретардација, а кај нив за љубов, физичка привлечност и не може да се зборува, пред се затоа што тие не гледаат на тоа како останатите луѓе...
    Физички инвалидитет не е само парализираност, седење во количка и слично - тука спаѓа и глувост, немост, слепило, вродени деформитети или недостатоци - дали ако ви пријде некој што е глув или нем, или слеп, би му дале шанса?

    Јас, ставајќи се на мое место, би му дала шанса, зошто да не?
    Самата имам лесен физички хендикеп, кој сум го стекнала во раната возраст и кој и не се забележува толку лесно, но сепак бил причина за комплексите што ги имав како малечка и за време на пубертетот - ама научив да живеам со тоа... иако моите ме учеле да не се срамам, и дека не сум ништо поразлична од другите луѓе, кога почнав на школо, децата беа навистина сурови спрема мене и така се појавија комплексите... сепак подоцна тоа се промени - вистинските луѓе ме прифатија, таква каква што сум и сфатив дека тие што не ме прифаќаат, не заслужуваат да бидат дел од мојот живот... тој хендикеп направи да бидам толерантна спрема недостатоците на другите луѓе, затоа што хендикепот е дел од нив самите и направил можеби да бидат подобри луѓе отколку што може да биде некој што е целосно здрав и прав...
     
    На eliesaab и DELFIN-15 им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.263
    Допаѓања:
    36.367
    И јас мислам дека не би влегла во врска со инвалид. Не сум се дружела до сега со некој и немам вакво искуство, меѓутоа мислам дека не би можела.
     
  11. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    90
    Пример кога дечкото и покрај тоа што има лесен инвалидитет ,а е културен,мирен,фин,образован,посветен на работата дали би влегле во врска со такво лице?Ајде.......
     
  12. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    67
    jas licno da... poznavav eden takov, bese mnogu zgoden i imase posebna harizma... iako bese invalid... mene licno mnogu mi se dopagase kako licnost voopsto... imase prekrasni oci, crna kosa i volsebna nasmevka... no bevme samo prijateli i sorabotuvavme eden period, bidejki jas veke bev vo vrska i ne go gledav so takvi oci, no isto znam deka imase devojki koi sakaa da bidat so nego... sega veke patistata ni se razdelija, bidejki toj raboti na drugo mesto i jas na drugo... no iskreno takov ne bi mi smetalo...
     
  13. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    189
    физички инвалидитет не би ми бил пречка само ако стварно го сакам и он мене не може ништо да ме спречи да бидам со него. Само од сожалување не зошто ако нема љубов кога тогаш ке пукне работата, а тогаш ќе му биде уште потешко :( , ама на пример ако го запознаам се заљубам тоа сигурно не би ми било пречка
     
  14. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    264
    најискрен одговор... мојот дечко го сакам премногу навистина и животот би го дала за него.. но ако се деси вакво нешто навистина ке го откачам колку и да боли а за влегување во врска не доаѓа во обзир не дека таквите луге не ги почитувам но знам дека во иднина ако останам со таков дечко ке имам навистина гооолеми пробелми :worried:
     
  15. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    565
    би го ДАЛА ЖИВОТОТ за него, ма ако му се сличи нешто такво би го откачила??????
    ај вака... седни си и уште еднаш замисли се дали можеш да кажеш дека го сакаш толку.. ;)
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    1.733
    пред пубертетот имав прилика лично да бидам во инвалидска количка а потоа на патерици
    доколку се случи некогаш да имам нешто со инвалид(мислам на физички) би му дала шанса , ама со ментални пречки во развојот, не дека сум дискриминатор, ама не би му дала шанса
     
  17. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    34
    Знам колку им е тешко на тие личности али не можам да бидам со некој само заради сожалување, треба и двајцата да уживаат во таа врска не само едниот.
     
  18. teo0

    teo0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    nz dali ke go procitate ova, sepak- jas sum 18 godisen- hendikepiran.(ne invalid zatoa sto toa znaci nevalidno, a mene mozokot mi e 100% validen) znam deka 90% za da privleces nekoj e potreben bodytalk, koj go nemam. taka da od koga padnav i skrsiv vrat samo gledam okolu kako decki koj se mn ponisko nivo (ne se precenuvam, zboram za odreden broj decki. ne site) fakaat okej devojki. znam deka glupo lici da "setas" decko vo kolicka. vikate bi ostanale so decko vi ako stane hendikepiran zaso go sakate i imate opravduvnje zasto ste so nego (ste se fatile koga bil okej) . site ke vi se divat ako ostanete vo vrska .| so veke hendikepiraniot sto ako vi odi muabetot go zasakate -ne e mozno zatoa sto odma se zatvarate, drugite ke vi se cudat i ke ve zalat ovojpat nema da se divat. toa e balkanski sindrom. i tvrdam deka sum podobar od 70% pozz
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.633
    Па не знам, искрено не знам. Најлесно е да речеш дека не би влегла во врска со таков човек и дека не можеш да сфатиш како некој би сакал да влезе во врска со инвалид, ама што ако се заљубиш?! Зборувам конкретно за мене: искрено кажано не сакам до мене да има некој „сноб„ кој, условно речено, зависи од други. Но, што ако љубовта е поголема од се друго? Нема да го одбијам сигурно! Им се восхитувам ан двојките кои ги знам, во кои мажот/жената е инвалид па фукционираат супер. Се сакаат и тоа им е најважно. Можеби еден ден ќе бидам во врска со најнормален човек и оддеднаш може да се случи нешто па еден од нас да остане инвалид. Тогаш треба поддршка од некој кој си сигурен дека те сака.
    Не би го оставила сам во таков случај, а не би го одбила некој кој ми се допаѓа, кој е скроз океј а има физички ивалидитед.
    Но, ако некој има дури и најмал ментален инвалидитед, а тоа се приметува, тогаш не! Би го одбила со цела сигурност, дури и да го сакам! Не би можела да живеам со некој кој во даден момент може непромислено да изреагира и сешто да направи.
     
  20. Svetilka

    Svetilka Нов член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    14
    Многу е тешко да се коментира на тема, која е неактивна речиси година дена но можеме пофторно да ја активираме и да поразговараме, и да видиме дали нешто се променило во нашите свакања, и ако може да ја допрецизираме темата. Значи да поразговараме дали би влегле, во врска со лице со полесен т.е умерен хендикеп значи тука не станува збор за лица болни од церебална парализа параплегија итн кои имаат и проблем со говорот движење...... Значи зборуваме за лица кои се како и сите останати и кои од некоја причина или вродена маана се движат, со омош на штаки или количка.
    Голем дел од вас рекоа дека воопшто немале контакт со вакви лица па дури рекоа, дека незнаат како овие лица се однесуваат и јас не ги окривувам тие луге бидејки тие не се виновни за своето незнење, едноставно немале прилика да запознаат такво лице.
    Е сега мое мислење тешко е да се одговори на ова прашање бидејки постојат многу препреки на тој пат, потоа околината, потоа љубомората, бидејки овие лица поради комплексот на пониска вредност знаат, многу често да бидат љубоморни и посесивни. Потоа девојка која е научена нон стоп да биде во движење со ваква личност тешко дека ке може тоа темпо да го продолжи, значи треба многу труд за да една ваква врска успее. Значи не викам дека е невозможна но тешко остварлива и читајки ги вашите коментари дојдов до заклучок дека ова општество треба уште многу да направи за да ја приближи, оваа категорија и да ја интегрира во општеството со тоа и ова општество да стане потолерантнои да сватиме дека сме сите исти и дека секој од нас еден ден може да се најде во таква ситуација.