Ехеее Даре ти сакаш во идила да живееш Тоа друже во бајките.. Некои не чистат, некои не перат, не пеглаат, не готват, одат како од поплава исфрлени, одбиваат секс, не се домаќинки... А ти за едно неверство во врска си.. Седи мирен, не си растурај брак за глупото его..
Dare so sreka vo idnina, gushni zenche i zaboravi se sto bilo pred brak. Vo brak trudete se obajcata i ni vo ludost da ne i go trljash na nos toa sto pominalo. Samo gledaj napred .
@Dare 31 свести се братче..од тука нешто поучно можаше да научаш у првите постови..сега е се гола вода..тргни се од форумо и од темата..земи седни си сам размисли си..консултири се со твојте блиски родители пријатели роднини..и донеси го правото време..имаше деца за гледане..посвети им сега ним повеќе време..доста беше со гола вода совети од форумот..
Па што ти е гајле за другото? Зошто си ги уништувате убавите мигови? Даре сакајте се и баталете ги другите. Даре избркај си ги бубачките од глава чувај си го тоа што го имаш дома. Замисли и се здосади хаосот, си ги земе децата и те шутне, па поминат години ти сфатиш дека си погрешил како ќе им го вратиш изгубеното време на децата??? Даре батали ги филмовите што ти се у глава...
Филм кaкo филм, oк е, aмa кoгa спoредувaш сo реaлнoст aјде дa видиме кoлку е oк. Ти зaминувaш нa 4 денa некaде a мaж ти вo тoaa време вo вaшa куќa...знaеш. И нa крaј пишувa рoмaн зa љубoвтa нa негoвиoт живoт, им гo дaвa нa вaшите децa дa прoчитaaт, зa некoјa рaндoм женскa сo кoјa бил 4 денa a не ти кoјa си минaлa 40 гoдини сo негo. Бaш финo сценaриo, нели?
Она се заљуби во него. Им се препознаа душите. Маж и и таа беа два различни света, маж и никогаш не и ја допре душата така како тој, и никогаш не сфати која е и не ја запозна, така како тој. Нејзина несреќа беше што го упозна кога веќе беше мажена и имаше деца. На крајот, избра да остане покрај мажот и децата. Сакаш да кажеш дека во животот не се случуваат вакви приказни? Ехххххх.......... P.S. @Dare 31 Ова нема врска со тебе
Се случувaaт кaкo не, се викa изневерувaње, курвaрлук Биди чoвек, признaј си, снoси oдгoвoрнoст и пoследици мoжни и терaј си пo пaтoт, сo силa никoј не мoже дa те врзи.
Али она избра да остане. Можеше да продужи со типот, избра да остане. Си го избра бракот. Заљубувањето не се избира, се случува. @Bridget ти звучиш како некоја многу строга жена, црно-бело се работите и крај, нема бои за тебе Си се заљубила ли некогаш во животот?
Штo прoчитaв сегa, чек oкaлки дa стaвaм Некoи не чистaт, не пеглaaт, не се средени a oн зa еднo неверствo се секирa? Вaжнo дoмaќинкa пo дoмa е. Ах бреее, дa се жaлеше женa декa мaж и јa изневерил дaли вaкa либерте ќе бевте. Или сите сте си сo крстoт нa челo?
Значи, дали сериозно проблемов е од пред 100 гпдини.?. Ај гледај сега како ви е, во брак, тоа што било го препишувам на младост. Мислам дека не вреди за сега да се расипува убавината. А прочитав некои коментари од стилот "штом било еднаш демек ќе има пак" Сериозни сте? Како ја проценивте жената пред брак и сега, мислам сите на младост сме правеле глупости, битно е какви се односите сега.
Проблемов се случил одамна, ама тебе даре те кепка и најверојатно би и префрлувал во посериозни кавги на жена ти за тоа. Разведи се ако се согласуваш со ова. Поарно децата да живеат мирно со еден родител, отколку во војна со двајца. П.с. направи како што тебе ти одговара и не барај тука совети, зошто никој од нас не е на твое место и ти најубаво си знаеш.
Кога и да се дознаело,макар на смртна постела да било и самата да признаела, ќе боли секогаш исто самото сознание дека бракот се темели на неискреност и лага, значи она што @Dare 31 го чувствува потполно го разбирам. Веројатно кога ете сте се смириле сте рсзговарале и тк си ја прашал - дали има Нешто што не знаеш, што би требало да ти каже и таа ти рекла Не, а всушност требало да ти признае за некое небитно друго момче, да преминете преку тоа со искрен отворен разговор и таа ќе си била чиста пред тебе, а ти ќе си бил начисто дали можеш да продолжиш и поминеш преку тоа и кога веќе би влегол во брак после се, би било поинаку.. Вака сега имаш чувство дека се е лага, и иако станува збор за небитна ситница ете шо се случила додека сте биле скарани..сепак не е акцентот на другиот дечко туку на искреноста на сопругата. Можеби се плашела дека ако ти каже тогаш ќе те изгуби па зстоа премолчала. Сепак секогаш е подобра и најлошата вистина него ли најубавата лага
Доколку во брак не е таква си гледа деца,фамилија батали што било кога сте биле деца и пред брак.Едно се работи за брак,друго на секому се дава шанса да се промени доколку се кае.Но во твојов случај сваќам таа криела од тебе и те боли но сепак тоа било многу одамна.Ти гледај сега како ви е во брак а бракот не е играчка имате и деца.Потруди се да дадеш од себе барем за децата освен веќе ако не бива тоа е друго.Доколку таа не си ја знае границата како мажена жена е тогаш вистина проблем,во таков случај па и да се разведеш...Нема друго чаре.Но како што ми гледа нема никаков проблем и дури глупаво е да се разведеш за вакво нешто,за грешка од времето кога сте биле само ДЕЦА.
Сочуствувам знам како е На пр ете јас 3 год врска ,2 год брак. Ништо не приметив дур бевме во врска. На 2-от ден од нашиот брак дознав се.Дека до денот на нашата свадба ме лажеше. Заборавил да избрише чат ги стаил у архива. И тоа со моја блиска роднина , оа била и бремена од него 2 месеца пред да се земеме ,абортирала овој ја молел да се земат она ме била спремна за брак и коа она го откачи мене ми понуди шо е најлошо стапив во брак со човек кој сеуште сакал друга.Колку глупаво се чувствувам кога ќе се сетам како и изјавувал љубов. Мене тоа ретко ми го праеше. Сеа незнам ни како да кажам брак со цел живот сомневања.
По природа сум одмаздољубива па кога некој ми мисли и ми прави лошо на истиот тој начин и му возвраќам така да не е исклучена можноста после вакво сознание и јас да му возвратам на сличен начин што би било и најлесна казна во случајот. Дали било пред или во брак, мене тоа апсолутно ништо не ми менува, ме повредил и ќе вратам. Незнам колкава љубов да е во прашање па ќе ми се згади од него и со задоволство ќе ми се отвори апетит да го повредам. Нема изговори од типот трпи и ќути ради деца/куќа/комшии/роднини оти тој кога си го правел ќефот око не му трепнало кој што ќе каже. И без тоа веројатноста дека ќе го напуштам е огромна па барем пред да го сторам тоа ќе го ,,изгорам'' и знам дека нема да му биде ни малку сеедно. Не сум во можност секоја неправда во животот да ја средам ама ќе се потрудам барем околу оние што можам. Не дозволувам некој да ми содзава маки и тежини на душата без потреба. Апсурно е да се препишува се на младоста и неискуството во време кога огромен дел од браковите се склучуваат после триесетата година кај партнерите.
Тој што не те сака и зошто другата што била трудна па не го сакала,абортирала го одбила ти понудил брак како во случајот на сноубол мислиш ако го изневериш ќе го повредиш??? Еве и не е важно те изневерил и ти ако му вратиш мислиш ќе го повредиш? Повеќе себеси ќе си наштетиш што ќе паднеш на негово нивоу отколку што ќе го повредиш. Само чисто мое лично мислење ништо лично кон никого.
Такво е егото на поголемиот дел од мажите, и да не ја сакаат жената, таа сепак сметаат дека е нивна жена и дека никој нема право да се плетка со неа. Барем јас лично тоа го имам воочено од разни бројни примери од секојдневието. Примерот кој ти го спомна е веќе краен случај, тука нема место за никаква дискусија и јасно е дека таа треба да се разведе. Јас повеќе целев на оние примери каде изневерувањето се случило од аздисување и разонода и каде сепак мажот покажува емоции кон сопругата.