Штом си останала со него во брак и сега плус си бремена најдобро ти е да не мислиш на тоа изневерување иако сигурно ти е претешко и цел живот ќе те јаде тој црв. Ама за твое добро и доброто на бебето што доаѓа обиди се да не мислиш. Тогаш си простила сега џабе ти е да се нервираш и да мислиш на тоа. Инаку јас да бев на твое место уште тогаш ќе си заминев и ќе ставев крај, немаше да можам да простам и да живееам со него. Ако таа се согласеше на брак со него тој тебе ќе те оставеше без око да му трепне.
Не знам неможам да си објаснам.Заминав кај мајка ми две недели решена да се разведам ,овој се акаше од земја не бев раат. Плус дознав дека сум бремена месец ипол,се зачнало пред да се земеме, за абортус неќев да слушнам ,мајка ми не прифати да ме чува со детето , туѓа крв у моја куќа неќам така ми кажа, па се вратив кај него, се обидуваше на секаков начин да ми угоди 24/7 внимание , после почна да искажува љубов,па спонтан доживеав, беше покрај мене цело време и една година ми требаше да стекнам доберба, сеа Бог знае најјдобро што си носи во душата тој , ама 2 години брак неможам да се пожалам, ми помага во се,виси над мене па дури ако закашлам, не може без мене барем така сите викаат,нема искачано со другари можеби 4-5 пати толку ,остало све со мене ,ваљда втората шанса е похрабар и подобар избор од развод.Животот е голем пресврт. Прошката е убава работа. Можеби сеуште неможам да заборавам, понекогаш боли, но при секој негов топол поглед се ублажува. И ете пак бремена среќно ја чекаме ќеркичката.
Во ваква ситуација откако ја изневерил мажот од аздис и таа му се одмазди со неверство а мажот има чувства кон сопругата по изневерувањето сопругата слободно може да се поздрави со чувствата на мажот. И ова е често причина за развод. Сепак поарно секој сам или со друг посоодветен партнер среќен отколку двајца во брак несреќни кои само се изневеруваат меѓусебно,ама кој како љуби така нека чини.
Што вели сега мајка ти за новата бременост? Не се лути, ама мене мајка ми така да ми каже за мое бебе не знам како би изреагирала.
Мене повеќе не би ми биле потребни никакви чуства од маж кој ме изневерил и истите би изгубиле секаква вредност. Баш ќе го ставам во ситуација да види како е кога некој ти забива нож во грбот. Секако не би останала со него, пред да заминам барем додатно ќе го повредам. Дури тој ќе биде и во полесна ситуација затоа што поинакво е чуството да знаеш дека некој ти вратил за нешто за кое ти самиот си виновен а сосема е поинакво чуството некој кој многу си го сакал и почитувал да дознаеш дека без никаква причина те лажел во очи и одел со други додека ти си се радувал и мечтаел за секоја средба со него.
Ќути не и прозборев неколку дена, за новата бременост,се радува секако(барем така изгледа) Баш така , не сум одмаздољубива, иако мн ми имаат прободено нож у грб. Што знам неверството во брак е полош чин одколку во врска, сепак врска е врска секој втор изневерува и машко и женско , но брак... Да му вратев ќе бев полоша од него. И како ќе стекнеш доберба кај некој друг маж кога ќе разбере дека си го изневерила бившиот заради одмазда? Неверството нема оправдание. Поарно отворени карти седни на маса збори ко чоек( татко ми велеше масата е за две работи, едно за јадење и второ да седнеш да збориш ко човек) одколку да му вратиш. Барем јас така мислам.
po ova prestanav da gi docitam komentarite,pa zarem ovaa tvojava majka se narekuva? tugja krv vo nejzina kujka? a stanuva zbor za nejzino vnuce. ami ako e taka i mazot treba da si go izbrka on pa vo sekoj slucaj e tugja krv.
@Dare 31 мој совет ти е - било, поминало. Боли, ама и тоа ќе помине. Сексот е преценета работа според мене. Искрено, да дознаам денес дека дм ме изневерил пред 5 години, сигурно дека нема да се чувствувам убаво, ама дека сѐ ќе фрлам во вода заради некое сексање некогаш, не би рекла. Ова на @СноуБол90 е друга приказна, преку тоа не знам дали баш би поминала. Затоа што не е само секс во прашање, туку многу повеќе.