Познавав едни, имало неверство у врската од негова страна, она дознала и пак се земаа. Значи до одлуката е.
Друже тоа било поминало а и тој што ти пуштил слика во денешно време да веруваш на слика тоа е малку што знам смешно ако жената те сака она можеби направила грешка или можеби не тоа е само слика која може со денешнава технологија се да се направи ... Мој совет имаш дечиња кои се надевам ти значат а и она ти значи да не ти значеше ќе ти беше полесно и затоа смогни сила и мисли позитивно
Ова е навистина сериозна ситуација. Уште кога беше прво поставена темава прочитав и стварно немам некој коментар кој можи да кажи што мислам. Прво се обидов да се ставам себеси во ваква ситуација и се збркав. Доколку некој ме изневери, и јас дознам би раскинала. Но ако се венчам, имам деца и знам дека во брак нема ништо правено не знам зошто би се сменала ситуацијата, но на некој начин е смената, има деца. Би ми се створила апатија кон партнерот, и искрено доколку сме гневни на партнерот нема смисла да останиме со него зошто во тој случај само би наштетувале на децата. @Dare 31 како си? Што ти се мота низ глава? Дали разговараше со сопругата сериозно, што вели таа? Мој совет е, прво разговарај со неа. Колку што прочитав си видел слики, ама сепак мислам дека ова е нешто за кое треба срце на срце да имате разговор со сопругата. Што мисли таа, што мислиш ти, одредено решение, да се види што со децата. Со среќа.
Нема назад... Гледај да простиш колку можеш, децата се најбитни. Знам дека не е лесно да замижиш но прати во иднина дали ќе има намера за истото. Не си единствен, не ти го кажувам како утеха, но има некој што не знае а таа продолжува и тоа со години трае. Навистина ми е жал, најмногу за дечињата, секој немир дома на повозрасни години им се одразува.
Е добро де, што очекуваше од 18 годишно девојче? Си ја зграпчил во процес на изградба, се уште се мислела каде што со животот, ти сакаш само тебе и никој друг На таа возраст ретко ќе најдеш девојка што е созреана интелектуално, емотивно, социјално, девојка што знае што сака, каде сака и со кого сака. Џабе ќе се караш, расправаш сега. Ни ти, ни она не може да го врати минатото. Заветувајте се на верност од сега па натаму и терајте со доверба. И немој сега да и љубомориш, да и бараш пасворд од емаил, фејсбук, да и проверуваш смс пораки, телефони, глупости. Дури тогаш ќе си го упропастиш бракот. Затоа немој да покажуваш љубомора и недоверба, туку верувај и и терајте го бракот опуштено и уживајте во љубовта. Ако си добар сопруг и љубовник, нема ни да има потреба да шара на страна.
Јас друже би простила..пред се за себе. Затоа што е бедно да седиш вака навечер како мене во 4 ѕида и да се прашуваш што би кога би .... Дај си шанса на тебе и на бракот .. Да те изневерела во брак, можеби поинаку ќе ти речев.. но години се поминати, поминало.. А во браковите чуда се случуваат... па пак опстојуваат...
Познавам еден пар, пријатели, жената дозна дека мажот ја имал изневерено во младоста, тој и признал. Таа не можеше да се соземе, ама со две деца, ем неверството било случено пред 4-5 години. Не е исто кога ќе дознаеш дека те изневерил вчера и пред 5 години. Ама, сепак боли. Си останаа заедно, тој побара прошка, таа му даде, ама низ нос му истави се. Иначе Даре, не знам дали вистина го имаш овој проблем, малку сомнителен си ми во пишувањето. Но, ако е вистина, мора да разговараш и дознаеш од жена ти. И јас сега да одам на познаник/пријателка моја да и речам, ама маж ти те изневеруваше пред 5 години, па кој ќе ме верува така лесно и наивно ? Не можеш ти така лесно да веруваш на трети лица. Бракот да си го расипиш само за некој што кажал нешто без доказ без ништо?
Тешка ситуација Еден ќе ти пише разведи се, друг не ради децата. Сепак твое е како чувствуваш така прави. Направете уште еден отворен муабет. Навистина ми е жал Се гледа колку ја сакаш/си ја сакал. Друго- мислам треба да си отворен и да и кажеш кој ти кажал, зошто верувај има многу злобни луѓе, ништо не ме чуди намерно да мести другар ти Јас толку слепо не би верувала (жена ти не признава како што разбрав).
Па неверството било кога тие не биле заедно. Биле раскинати 3 месеци, она за тоа време била со друг. Тоа не е неверство според мене, со другиот била од очај по тебе колку и да траело било и поминало. Тогаш сте биле деца, сега сте возрасни. И не треба да размислуваш веднаш развод она ова, тебе ти е криво дека седеше мирен на 1 столче и кога сте биле раскинати, ти да ја изнервереше ќе бараше секакви оправданија тука. Ако ти е важна чесноста помини го ова. Може и не те изнееверила, може тебе те излажале. Така да мој совет ти е да баталиш оваа опседнатост и да си го тераш животот до сега совршен.
Какви слики ти имаат пратено ? Кој ти ги има пратено тие слики ? Повеќе веруваш на други, место на жена ти ? Знаеш дека денес се може да се исфотошопира, пораки, слики... Прво смири се, па провери ги доказите убаво, наврати се, анализирај... Велиш сте имале долга врска која прераснала во брак и сте добиле две дечиња. Не си свесен колку среќа си имал во животот. Можеби некој од страна не успеал, можеби ви завидува... Тој некој може да биде дури и твојот најдобар другар. Не знаеш на што се спремни денес луѓето од очај да упропастат туѓ живот, имам видено ситуации со свои очи. Не им верувај на луѓето, злобни се. Никој ова не ти го рекол со добра намера, верувај.
Знаци вака се има десено 1 година пред да раскинеме траело 3 месеци паралелно и со него и со мене с него од време на време кога можела и он имал долга врска за која сегашнава жена знаела и ние бевме веке 4 години во врска и претходно 2 години многу добри другари значи ја знам како дише вика знаев дека кратко ке трае кога веке почнавме тоа е а он не ја оставал девојкаму дека имал корист многу од нејзе и и вика добро кога веке знаеше каков е знаеше дека и тебе ке те искористи само и кути незбори имаме зборувано многу за ова но сепак нема промена ништо не се доизјаснува не кажува само незз на нешто ке одговори на повеке незз тоа ме вади од такт барем сега кажи се и крај нека се знае па ке видиме и што е најлошо пробуваше да ми наметне дека се има десено додека не сме иделе па потоа самата се фати во лага знам и кога почнало . Многу е лошо ова вака да дознаеш за особа која ни на сон нема да ти се верува Луге знаци потврдено е од нејзе
Значи таа ти призна. Пробувам да се ставам во твоја кожа, помислата ме излудува. Зошто криење кога еден ден се ќе излезе на виделина. Не знаеш што да очекуваш од ваква личност. Тоа не се случило еднаш велиш од време на време, значи повеќе пати. Штом се гледала паралелно и со него сигурно имала некои очекувања... Што ако те одбрала тебе бидејки тој ја искористил и оставил, а ти си добар, верен човек. Може ќе го одбрала него на крајот, но тој ја шутнал, не се знае. Јас не би останала во брак со таква личност.
Колку што разбрав , неверството се случило одамна . Од моја гледна точка , велам да не се разведеш , не само поради децата , туку и поради вас самите . Тоа се случило веќе и таа не може назад , и да сака . Што ќе добиеш со тоа што ќе ти признае ? А и во време на ваква технологија , се е возможно , како што пиша некоја феминка поназад , чуда се прават . Не се замарај , било и поминало , гледај да не се случи додека сте во брак , тоа е поважно .
Da tocno se slucilo odamna i se.krielo do sega i sega ok uzivaj top ne e bas lesno ne mu posakuvam na nikogo vakvo nesto