Го изварала дечкото во врска причина не се знае и плус од кај знаете дока кутриоов тогаш не го заслужул тоа може он е крив за тоа може врската им била во криза,никој правото не го кажува тоа да си знаете. Е сега после некој си 7 години во брак се појавува некој кој сака да им го направи пепел бракот. Таа жена згрешила во девојачки денови после се омажила со него и две деца му родила ако имаше нешто за овие години во брак ваљда ќе приметеше.
Имање деца и нивно воспитување/одгледување не е комфор зона. Нивно напуштање и немање толку голема одговорност како повторен ерген е комфор зона,од многу проста да не пишам глупа причина(едикој си на жена му кога биле дечко и девојка му рекол нешто тарлала). Не е лесно се тоа што се дознало,доверба-тематики ама па дигни раце и оди си е најлесно секогаш.
Сепак се во животот на тема неверство независно пред или по брак е личен point of view. Така да тој самиот најдобро си знае што како понатаму.
@Dare 31 Даре, на форум не се бара решение за ваков проблем. Формов е јавен и анонимен, и секој има право да пише што сака...И деца пишуваат, и нормални луѓе, и ненормални...Ти не знаеш кој се крие позади екран, ама секој има право да ти соли памет. Ти си доволно зрел и возрасен за сам да решиш. Жена ти гешката ја направила одамна кога сте биле дечко и девојка, а не додека сте во брак. Ако сметаш дека можеш да и простиш без да и вадиш низ нос при секоја кавга, тогаш ок, прости и заборави на овој проблем...Стави точка и уживајте заедно со децата. А ако мислиш дека цел живот ќе те јаде црвот, ако сакаш децата да се разделени на сите страни, плус ако мислиш дека можеш да живееш без неа, тогаш разведи се. Мисли и на себе, ама мисли и на децата во какво семејство би растеле...Не е убаво ни со кавги да растат, а не е убаво ни со разведени родители да растат. Ти одлучи, па дури и замини на некој ден да бидеш сам некаде и размисли за се.
Za deka.ke me jade sigurno nema sansi da prostam a decata gi sakam mnogu edinstveno da se zrtvuvam za njv a so nejze samo formalno drugo resenie negledam ili ako mi pomine crvenata linija ode se
Да било неверството во брак, немаше потреба да и даваш шанса и да и простуваш...Ама, неверството се случило пред 100 години и мислам кога ќе размислиш со ладна глава, ќе сфатиш дека треба да се смириш малку и да заборавиш на тој настан. Сепак таа те одбрала тебе, имате деца, имате многу моменти споделено...Те сфаќам дека одендаш се ти се срушило врз глава, дека си бесен и лут на неа, ама ете пробај прво формално да бидеш со неа а со тек на време може ќе размислиш и ќе се смириш. Навистина не вреди да си уништуваш семејство заради случка од пред многу години, но сепак ако не можеш да поминеш преку оваа работа и после некое време, тогаш размисли и за развод отколку да се мачиш.
Тогаш разведи се. Ако не си способен да простиш, ниту ти а уште помалку жена ти, заслужува да живее во таква заедница. Колку за информација, заедно под ист покрив во формален брак, за децата е многу полошо од разведени родители. И ова ти го кажувам од искуство. Не знам што толку се испотресе за неверство во врска, ниту ти дала ветување дека ќе ти биде верна ниту се обврзала на нешто. Врската е за тоа, да уживате во неа.. бракот е веќе заедница, на сосема друго ниво. Знаеш, секогаш велам дека неверството не е без причина. Најди ја ВИСТИНСКАТА причина, а после размисли.. ..и што ако ти си таа причина?! Никој од чиста мира не оди да изневерува..
Најди на причината, ќе го најдеш и одговорот Јас не сум ти жена за да ти кажам..тоа таа ќе ти го каже или сам ќе го откриеш
да сум на твое место би прошла преку се поради децата. остави го тоа во минатото и помири се со фактот дека верност не постои.
Од истата причина заради која и ти одкако сте раскинале си и се вратил. Те сакала, се вратила. Си ја сакал, си се вратил. Ако гледаш од поубавата страна ќе сфатиш дека да не бил тој некој во нејзиниот живот, можеби никогаш немало да сфати колку и значиш.
Од моја гледна точка би простил само ако чуствувам уште љубов кон неа ,би раговарал со неа отворено би сакал и она да ми се отвори да ја најдиме причината за неверството и ако има уште жар во љубовта би продолжил со неа ... Никој не е совршен ,секој може да згреши но не ти вреди да се разведеш од неа заради некоја причина која била пред да стапете во брак .. Е сеа друга работа е што не ти кажала и ако те излажала но стави се и ти на нејзино место може сакала да те задрже тебе и се плашела да не те загуби , а и сега сепак ти родила две прекрасни дечиња па вреди и да и дадеш уште една шанса и да и простиш ... Ти си одлучуваш само дај си време и размисли ..
Ти премногу ја сакаш, по пишаново така дожиеав и те боли што не ти признала. Сега знаеш зошто не ти признала? Премногу добро те познава за нејзина грешка да ви уништи се. Знаеш читам и не си верувам. Благословен си со деца,добар брак, барем не се пожали дека таа е нефер спрема тебе во бракот. Зошто да си ја гнасиш душата со што било некад и што би било кад би било? И зошто баш сега се појавува тој машки лик со заедничко минато со жена ти и зошто иако е во брак сака пак да си проба со жена ти и ти рекол дека не знае дал и таа еслободна за мување? Зарем ти на фб криеш дека 5-6год. си во брак со таа и таа жена и овој машкиов лик тоа не го знае а? Во денешно време ништо не може да се сокрие нит твојот развод ако се решиш за тоа. Јас пак ќе ти повторам не ти е лесно претпоставувам, но развод нема шанси. Со тек на време ќе гледаш со други очи на сето ова. Не чини толку бес и гнев збрано во срце што толку си ја сака сопругата. Нели е така?
@Dare 31 едно прашање?! Дали ти ,сега,во моментов ја САКАШ сопругата? Ако одговорот е да,тогаш што се замараш со вакви мисли?Што е битно тоа што било кога сте биле во врска,патем сте имале и прекин ,зар не?А можеби и ти не си бил безгрешен.Преиспитај се ,не мора тоа да било неверство,може да било однесување,почитување... Ако одговорот е не,тогаш барај адвокат. Просто и едноставно.
Не се фокусирај на жена ти и не брзај со разводи, анализирај го малку муабетот од претходно. Многу е битно колку ти е близок тој пријателот што ти ја наметнал приказнава. Ако се познавате подолго време, убаво пиша Алиса, зарем до сега тој не знаел која ти е тебе сопруга? Те нема на фејсбук пријателов? И дај те молам, па не живееме во Мексико, барем со интернетиве денес не би му било тешко да дознае дали е мажена или не, ако ја побарал на фејсбук ќе знаел. Што знам, многу lame ми е приказнава негова и фактот што ти си земал се здраво за готово без ни малку резерва. Можеби сето тоа било однапред смислено и со некоја цел. Мора да постои причина зошто баш сега му текнало на пријателов да ти се исповеда за нешто што се случило одамна итоа баш тебе, која "случајност". Тоа што било, поминало и не може жена ти да го смени и да сака.Туку јас да сум на твое место би го побарала пак дотичниот, да го прашам со која цел ми го спомнал тоа ама онака, искрено без фолирање од типот - извини, не знаев, случајно беше.