Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога дури во брак ќе дознаеш дека си бил изневерен уште во врската

Дискусија во 'Брак' започната од Dare 31, 10 октомври 2017.

  1. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Не, туку пред паузата, она го изневерила.
    Регуларно кога си биле во врска.
    :)
    И после тоа време, направиле пауза.
    Што значи, си имале кризис како и да е. Само на Даре му е жешка главата сега ради повредено его, и не може да се сети што криза имале во таа година.
     
    На cresa-jagoda, crimson и Momichka им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    324.763
    Пол:
    Женски
    уште погрдо тогаш :)
    седела на две столици истовремено.
     
    На theowndemon, DAngel и veteruska им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас разбирам да и прости, да стисне заби и да преџвака ако било еднаш, ама таа 3 месеци имала паралелна врска, плус ако го сфатив добро во постовите тој дури и ја возел на тие нејзини средби. Без перде и срам.
    Точно, имале криза штом пропаднала врската, ама... Која и да е причината што изневерувала, факт е дека таа не го сметала него за достоен да му биде верна. Зошто тој да ја смета за достојна да му биде сопруга?
     
    На Kathrynn, joy1, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Ај да сметаме дека си во право. Чаре,да не му биде сопруга повеќе. И помаж ќе биде по тоа а?:^)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    324.763
    Пол:
    Женски
    па не е решение ни да остане во брак каде ке биде мачење и за него и за неа.Се гледа дека он со тоа не се помирува така да ке и се набива на нос секој ден за тоа пред децата.

    да речеш ке прости ај
    ама не простува

    па разводите крај краева зошто постојат?
     
    На theowndemon, AURUA, zalosna и 2 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Помаж ќе биде ако секој ден се караат пред децата?
    Негово е да одлучи, ама цело семејство ќе страда ако не може да прости.
    Ако може, тогаш нека останат во брак.
     
    На cresa-jagoda, Dust, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  7. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Да можел да прости нема да бара совети тука,нели гледате дека го боли тоа и неможе да се помири,човеков сигурни низ пекол поминува...можеби не спие...на дијазапами е
     
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    24.956
    ^
    :rofl: Драматизација левел 999

    Реално, поминат е само 1 месец откако дознал за се' што се случило пред многу години. А 1 месец е претерано рано за да донесеш драстични одлуки кои може да го променат животот на 4 луѓе засекогаш.

    Прво и основно, треба да си дадеш повеќе време. Да "легне" информацијата, да размислиш повеќе и подобро. Да комуницираш со партнерот, да бидеш со семејството.
    Второ, имај на ум дека луѓето се менуваат. Луѓето учат и од своите грешки и искуства и од туѓите. Зошто па да не веруваш дека токму тоа едно искуство на измама ја нема променето неа засекогаш? Можеби токму од тоа искуство научила дека тоа е грешно и никогаш повторно нема да го направи?
    Трето, да, измама е измама, НО... покомплицирано е од тоа. Измамата е направена пред многу години и пред брак, што не е оправдание, но сепак треба да се земе во предвид во целовкупната моментална ситуација. Измамата е направена кога персоната била многу млада, што исто така не е оправдание, но сепак исто така треба да се земе во предвид. Таа личност е истото битие, но не значи и со ист карактер.

    Заклучок, треба да помине подолг период за убаво да се размисли што би бил следниот потег. И доколку партнерот се кае и има извлечено поука од грешката сторена пред многу години, тогаш треба да се земе во предвид опростување.

    П.С. Никогаш не дозволувај никој да дојде помеѓу тебе и партнерот, никогаш. Доколку има "простор" помеѓу вас, секогаш ќе постои некој кој ќе сака да го искористи.
     
    На Sannelaa, cresa-jagoda, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    Даре..
    Седни со неа , ама сами.
    Разговарајте повеќе пати и долго време.

    Не ти советувам развод.

    Мораш да ,,поминеш,, низ ова, да го соџвакаш и дај и шанса да те натера, да те убеди во нејзиното.

    Сега ќе ти кажам зошто...
    Прво низ расправии ќе се разделите.Деца без татко/мајка до себе.Од златна убава средина за нив, ќе направите пекол во нивните глави.
    Ќе почнат да се мешаат старите.
    Ќе почнат притисоци од сите страни.
    Сите ќе разберат ( не е ни битно многу, ама пак не е ни пријатно за мајката на твоите деца да се шират гласини дека е неверничка)
    Ќе почнат убедувања, молења, муабети, средби...
    ...
    ...
    и на крај пак ке зборите доооолго, долго и ќе бидете заедно.

    Е сега...ако мислиш дека потешкиот пат е ,,поарен,, за децата, тогаш разделете се.

    Ама според мене, пробај да простиш (бидејќи гледам дека многу ти значи да ти е верна).
    Еве и сам велиш дека не е таков неверен карактер, дека си е добра сопруга и мајка.Земи го и тоа во обзир.

    Кога ќе го ,,изболедуваш,, сето ова, фрли пепел и продолжете понатака.

    Друга работа...од каде знаеш какви намери имал твојот пријател што наводно ја мувал твојата сопруга?!

    П.С. И јас сум на стојалиште да збориш со неа и да и дадеш шанса, ама едно убаво плашење не е на одмет...колку да знае дека си сериозен во твоите принципи за верност.
    На пример - остави ја на три дена и не и се јавувај.
    Или ,,штик,, проба направи-искуцај Барање за развод и дај и го да го потпише

    Се надевам дека ќе ме послушаш.
    Сите ние имаме принципи, ама како и СЕ во животот, понекогаш иде ред да ги прекршиме, за љубов на децата и најмилите
     
    На CameliaMiller, tina-63, Sannelaa и 6 други им се допаѓа ова.
  10. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав сите коментари и искрено не планирав да коментирам од причина што да бев на твое место Даре не би знаела што ќе правам.

    Од страна е лесно да се даваат совети остани или разведи се. Очигледно е дека ти неа ја сакаш. Но периодов си и многу лут и бесен, затоа што направила така во минатото а јас мислам дека повеќе те повредува тоа што криела од тебе. Јас тука потполно те разбирам.

    Да, криела од тебе меѓутоа самиот кажа дека е посветена мајка и сопруга. Од една страна и неа ја разбирам (не ја оправдувам за тоа што го направила) ама веројатно не ти кажала пред бракот бидејќи знаела колку тебе ти значи довербата и искреноста и се плашела да не ја оставиш. Ние не знаеме што се се случувало меѓу вас во тој период од врската и јас не можам да кажам заради тебе е тоа или заради било што друго.
    Секој од нас има моменти на слабости, во некој склоп на околности кога се ќе ти се собере од сите страни и не знаеш што правиш. Во никој случај не го оправдувам тоа. Но според она што го кажа, тоа за неа е веќе затворена тема, останало во минатото и таму треба да биде.

    А ти ако уште не знаеш што да правиш, оди некаде на ден - два или повеќе.Каде што ќе бидеш сам и ќе можеш да одлучиш што понатаму.
    И некој друг предходно имаше пишано, не е случајно човекот што баш тебе ти покажал слика од жена ти. Тој очигледно дека знаел дека тебе ти е жена, можеби порано сакал да продолжат ама бил одбиен па сега сака да и врати. Не верувај на секакви приказни што ќе ти ги каже некој непознат. Па и познат да е. Луѓето на денешницава се злобни и љубоморни, и ништо да не си направил гледаат да ти ја растурат среќата.

    Разговарајте отворено и смирено (колку што можеш).
    Јас ќе ти кажам едно, не сум мажена и не сум дете на разведени родители но бракот на моите родители има поминато многу кризи. Некој пиша подобро со еден родител отоколку постојано децата да гледаат како се карате. Не е толку едноставно и со еден родител. Имам многу примери на блиски кои се развеле. Пак се децата на 2те страни. Едниот му ја полни главата за другиот родител и обратно.
    Од моја гледна точка, сведок сум на многу караници во минатото на моите родители. Тогаш бев помала и не го разбирав значењето на тие кавги. Ама верувај иако не разбирав воопшто не е убаво да гледаш како мајка ти и татко ти постојано се караат. Кога почнав да поврзувам работи во глава, после секоја кавга кога татко ми ќе заминеше некаде надвор мајка ми постојано ни викаше само заради вас трпам се. За вие да не трпите оговарања од луѓето. Знаеш како се чувствував јас тогаш ? Како јас и сестра ми да сме причина за нивните кавги. Како ние да сме направиле нешто лошо.

    Јас нема да ти кажам што да правиш, ти најдобро си знаеш како се чувстуваш. Но ако одлучиш да и простиш, пробај да заборавиш. Знам дека не е лесно, но потешко ќе биде ако постојано низ нос и го вадиш тоа. И за тебе и за неа. А најмногу за децата. Кај нас кавгите престанаа веќе неколку години. Ама ние не заборавивме ништо. Реков дека нема да кажувам но сепак мислам дека вреди да и дадеш уште една шанса. Сепак тоа било одамна. Ако решиш да ја зачуваш фамилијата од искуство ти кажувам, не се карајте пред децата и не збори лошо за неа пред нив. Децата не сакаат кога родителите си мислат лошо еден за друг.
    Твоја е одлуката.
     
    На Sandra1707, Sannelaa, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  11. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    @referentka нема потреба да ја тестира. Ти ја разбирам поентата ама нема потреба. Проблемот е што она со умисла го изневерувала, одела со колешка и Даре ги возел во некој стан демек женски муабети колешки да се дружеле а таму ги чекале 2ца колеги(еден од нив е тој што му кажал). И жена му и колешката биле во долги врски и си правеле паралелни врски т.е. секс врски со 2ца колеги од работа. Тоа било пред брак,ама барем да му признаела или штом знаела што карактер има Даре ич да не почнувала да и мрда газето. Вака испаѓа ем го држела Даре за озбило ем и мрдал газот за колегата од х причини-она си знае најдобро. Ама пак во бракот имаат дечиња,жена му е се ок,ама зошто ги изневерувала и премолчувала тоа го боли типов.
     
    На joy1 и DAngel им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.769
    Не сум рекла тестирање никаде.
    Предлогот мој е да ја ,,заплаши,,...да и всади во глава дека ете, направила нешто што несмее да се повтори.

    Нема што да тестира веќе, ете и таа молкум признала (ако молчењето значи одобрување, нели)

    Не сум во негова кожа сега, но знам дека е тешко, посебново брак со деца.
     
    На cresa-jagoda, Dust, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  13. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Ама она во брак не покажала такви изневерувачки склоности. Даре се лути што и пред брак кога ја прашал дали има нешто што треба да споделат за нивната интима она му рекла немално никој друг никогаш. Го излажала мислејќи нема да се дознае. Довербата е во прашање, не е ни љуовта, нит колешките нит колегите...нит што ние ќе пишеме тука.
     
  14. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Мислам дека неверството нема врска со тоа дали е некој достоен или не.
    Таа сигурно немала повеќе од 22 тогаш, и се случила хемија, друштво а-у, тоа не се планира, тоа се случува.
    Можеби баш тоа што изневерувала, придонело да раскинат после, можеби воопшто не и било сеедно, ние не можеме да знаеме......Али во таа година, тие немале добра врска, и нејзе и требало нешто да ја живне.
    Вака од женски аспект, можам само да му предложам на Даре да ја праша што и требало тогаш, што ја привлекло. За да си ја запознае подобро жената :D
    Пазете, тие се смириле и зеле заради неговата болна мајка, заради годините поминати заедно, и плус може заради тоа што нејзе ја печела совеста, а тој бидејќи бил прв. Мн зафркнати причини за брак :D Сега претпоставувам колку и да и е тешко нејзе, може и и олеснило, тајната се открила, може слободно да дише жената.
    Од друга страна, Даре ја испрашувал дали имало некој друг, пред свадбата :D Значи Даре вришти од его. Дали е он достоен за неа, кога се што му било битно во врска со неа, била невиноста? ;)

    Пак ќе кажам, ова лошо е за поголемо добро, колку и мучно да изгледа сега.
    Ќе пројде, Даре.
    Сега ти е шанса да сфатиш дали стварно ја сакаш оваа жена.
    Бидејќи она во 5 год брак ти е лојална, нели? ;)
    А и нејзе ќе и олесни, не мора веќе да држи таква тајна меѓу вас.
    Нема потреба да и враќаш ништо.
    Таа те изневерила, ама ти си ја сакал нејзината невиност, а не нејзе самата ;) значи прашање е дали си ја сакал вистински тогаш, така да, што се мене тиче, фифти - фифти сте :D
     
    На cresa-jagoda, Antebellum, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Се е така, ама 3 месеци се случувало. Ај тоа пак некако... Тоа што тој ја возел на собиранките?
     
  16. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Мислиш ли дека таа знаела што прави? :D
    Била млада и неискусна, типот ја привлекол, и се пуштал, мислам дека уопште не била ни свесна дека дечко и ја носи на средба каде што ќе биде типот. Можеби си негирала дека нешто прави. Во три месеци се десило неколку пати, така некако рече Даре.
     
    На mimiiiii и Dare 31 им се допаѓа ова.
  17. Dare 31

    Dare 31 Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Машки
    Sekoja cest toa sto go pisuvas

    Да така е
     
    Последна измена од модератор: 12 октомври 2017
  18. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    За неверство нема оправдување. Не знаела што прави(facepalm). А нели можела да излета низ врата?
     
    На ivi1987, YoungandBeautiful, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  19. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Значи три пати,тоа покажува и те како била свесна.......

    Нема тука што повеќе да се коментира развод.....
     
    На Dare 31 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Алооо, била тинејџерка :D :D :D Не била возрасна жена како нас, и летал умот :D
    Жени, ја не знам каков е вашиот став за неверство, али ја мислам вака:
    1. Изневеруваш заради одмазда - планирано значи :D
    2. Не си свесен дека одиш натаму, те понесува енергијата со таму некој/а и се случуваат работите ( или алкохолот :D ) се развива привлечност, некој ти нуди нешто точно во момент кога тоа нешто ти треба (внимание, нежност, забава, итн итн) и проаѓа некое време пред да се упали алармот - т.е. мозокот, пошто најверојатно во прво време негираш дека нешто правиш повеќе од што е ок :D

    Ја се зафркавам, бидејќи мислам дека ништо не треба да се доживее трагично.
    Женава го нема изневерено во официјален брак 5,6 години.
    Еј, живи се, здрави се, имаат убав брак и весели дечиња. Жената му е посветена и се грижи.
    Не бидете толку строги сега :D
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.