Не сум строга туку реална. Од што не знаела што прави пак го повторила чинот со колегата-ебач. И се заарнило де пиши си или имала некој корист од типов па си се договориле да се муваат. Инаку да тоа било пред брак и јас посоветував да прости и си продолжи понатаму,ама што со ДОВЕРБАТА обострана е прашањето?
@EarthFire јас не верувам во "не си знаел што правиш" неверство. Тоа ми е како бајка. Никогаш не сум сретнала некој што изневерил затоа што не знаел што прави.
Па добро, од еднаш не прегорела хемијата Можеби тој и понудил нешто што немала тогаш од Даре? Од каде да знаеме? Довербата ќе си ја изградат заедно повторно. Пак ќе кажам, ја не го гледам ова како она нему му згрешила. И само он е повреден. И тој на некој начин ја повредил. Тоа што тој ја одбрал заради невиноста, за мене е исто толкава грешка, бидејќи ми збори дека не е тоа вистинска љубов. Ја одбрал од позиција на мушко его, не од позиција на срце. Сега се израмнети, од моја перспектива гледано.
Ај ќе те прочитеме за некое време до кај е довербата,да не дојде до 9месечна паралелна врска со нешто убаво. Одмори,смири нерви,разговор,жена под рака деца за рака и по можност повеќе насамо вие 2ца. Нека пукнат душманите.
Ја сум се заљубила на тој начин....без мозок Не било неверство, не сум изневерила никогаш, ама сум се заљубила, баш така, без мозок. Мислам дека и дечко да имав тогаш, пак истото ќе ми се случеше. Има моменти, кога може да изумиш дека не си сам, туку дека си во врска. Сте го гледале филмот „Мостовите на Медисон“ со Мерил Стрип? Ако не, да го гледате.
Ако си заљубен во твојот партнер нема да изумиш. Ако не си, охохоооооо.... Тогаш е лесно, посебно ако не си среќен во врската. Ќе се заљубиш во секој што се постави малку пофино спрема тебе. Ама кога вараш, ти свесно тврдиш дека не ти е гајле за таа врска. Нема после не сакав, случајно беше.
Гледај го „Мостовите на Медисон“, поише ќе ме сфатиш што сакам да кажам Тој филм ми укажа дека неверството нема врска со другиот, туку со тебе. Тебе нешто ти треба во некој момент, а партнерот или нема слух или не знае да ти го даде тоа, а од друга страна не сакаш да излезеш од тој брак. Брак не е само љубовта, има влогови тука многу, и не значи дека ти е лошо и дека немаш љубов. А Даре и девојка му тогашна, си имале криза, тоа сигурно.... http://www.imdb.com/title/tt0112579/?ref_=nv_sr_1
Точно, затоа не постои случајно неверство. Ама возрасна девојка знае да не се враќа кај тој што ја запоставил затоа што тоа сигурно паќ ќе се случи, и пак ќе изневерува. И нема излез од тоа. Зарем таа заборавила дека го изневерила од некоја одредена причина? Сигурно не. Што ќе се случи ако таа пак се почувствува запоставено? Јас не би можела да бидам во брак со некој кој сум го изневерила затоа што ризикувам утре пак да бидам несреќна од истите причини што веќе ѓе натерале да изневерам.
Не мора да значи, тогаш била девојка, сега е жена и мајка. Различна тежина им има врската сега, може се промениле и двајцата, може бракот им е бољи него врската. Мислам дека сега на таа жена и е полесно, и двајцата сега имаат шанса да се поискрени еден со друг, и ова може да им помогне поише да се сакаат понатаму <3 На Даре му е мрак сега, и најверојатно е бесен, ама кога ќе пројде се тоа, ако има капацитет да сфати и ако бракот им бил стварно квалитетен пред оваа криза, нели е боље оваа криза да им помогне поише да се сакаат, отколку да се разделат заради некој таму излет пред брак, заради повредено его?
Ке кажам пак сум ја сакал и плус пила поштена и верувај нема место за нешто повеке да понудил Абре луге како да објаснам какво запоставуванје што зборите несакам да објаснувам детално нема потреба мислам станува збор за сосем друга работа убедуванја лазенје и такви раб само несака да се доисказе како се зезнала
Била невина сакаш да кажеш Поштење нема врска со невиност, тоа ти кажувам Даре, ти си ја сакал невиноста нејзина. Тоа е твојата грешка Даре. Жена треба да сакаш целосно, заради нејзиниот дух, карактер, интелигенција, убавина, посветеност....не ради невиноста. Таа ти е лојална 5-6 години брак, нели? Ти била искрена, посветена, се грижела за тебе? Да. Е тоа е тоа што треба да го цениш. А не невиноста. Да не ме сфатиш погрешно, не мислам дека тој нешто поише и понудил, во смисла имал повеќе пари од тебе, или подобар секс од тебе. Знам дека натаму ти иде паметот, нека не ти иде, нема везе тоа. Нејзе и се допаднало нешто друго, ама видиш, кратко траело. Ти си тој што и трае подолго.
Тука е сомнителна според мене,зашто да не сака да се доискаже?Затоа што таа има пак некој нечесни намери....мислам дека не те заслужува....
Извини ама реков, никој не изневерува без причина. Седни и разговарај со неа за тоа што ја натерало да те изневери.
Не сакала да се доискаже, не верувам егото и гордоста да и бидат побитни од брак кој веќе е на стаклени нозе. Да не не знаела што да измисли во тој момент како да се извади па затоа не се доискажува
Не не него несакам се во детали ви казувам пак врскани брак фантаатичен и многу редок затоа и ми е криво што ова штрчи и ми поставува како барикада несакам во детали зашто тоа сто таа го има правено за мене и јас за нејзе и во врска и во брак ако опишам ке мислите дека се зафркавам и тека туку така ми текнала темава Не никогаш ама кај ми чури главава уште па уште глупости плус да се нервирам немозам ако мозе добар совет ок а не да ме докрајчувате ве замолува има личности тука кој навистина вредат и многу им фала малку од малку ми намалија од притисокот елеминирав некој работи големо благодарам за тие особи
Даре не знам што сакаш да ти кажеме. Ти ги чекаш тие личности што според тебе вредат, за да ти го кажат тоа што сакаш да го слушнеш. Во принцип сите ти рековме да седнеш и да разговараш со нејзе.
Еве ти директен совет. Не вреди ситуацијава да расипуваш брак, кој викаш дека е фантастичен. Едноставно не вреди. Затоа што ќе го расипеш од погрешна причина - ради некое неверство пред брак, и ради твоето повредено его. Ете, паднале илузиите, не си и единствен во нејзиниот живот, имало и друг. Можеш да го прифатиш тоа? Ако можеш и ако ја сакаш и покрај тоа, уживај со неа. Не вреди да ја испрашуваш сега, колку може да ти каже - толку. Не може и не треба СЕ да се каже. Битно да ти каже, тебе те сакам и сега сум ти лојална, тоа тогаш беше младешка авантура. Ништо поише не те интересира.