Кога е вистинско време за семејство?

Дискусија во 'Канта' започната од _Peperutka_, 7 септември 2023.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. _Peperutka_

    _Peperutka_ Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Ми дојде на ум интересна тема, па решив да ја споделам тука.

    Личен став: Најдобро време за семејство е кога сама ќе се чувствуваш спремна за тоа.
    Но во 21 век постојат некои т.н "трендови" според кои младината се раководи. На пример ако сите мои врснички створиле семејство досега и родиле пр 1/2 деца а јас не, тогаш нешто не е во ред со мене, или сум "уназадена".
    Стереотипите ни го уништуваат животот без воопшто да забележиме.
    Оставете мислење за темава, баш ме занима што ќе чујам
     
    На elimkd и Andzelka23 им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.556
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе. Некој може се чувствува спремен на 20+, некој на 30+, некој на 40+ и сето тоа е нормално и прифатливо.

    За себе можам да кажам дека семејство сакам да оформам на 30+, затоа што сега за такво нешто не сум спремна, се чувствувам сè уште млада и моментално не сакам да имам и таква обврска. Затоа што бракот и имањето деца, воопшто не е ниту шала, ниту детска игра.

    За да оформам семејство сакам не само да бидам психички спремна, туку да бидам и финансиски колку толку на свои нозе, да не зависам од никого, да имам колку толку некоја заштеда. Затоа што не сакам живот во заедница. А за да се живее посебно потребни се финансии без разлика дали за кирија или за учество за станбен кредит и отплаќање на рати.
    А и покрај тоа што сум голема дечарка, не сум спремна сега да бидам мајка, да поминувам низ бременост, пораѓај, па да одгледувам деца и да слушам плачење и да не можам да спијам и што уште не.
    Сакам да бидам еден ден мајка и сопруга, ама сега за сега не, фала.
    Ич не ми е гајле за другите. Ако некој сака и на 18 години нека оформи семејство. Нема потреба јас да правам нешто што не сакам, само затоа што било тренд или не знам што. Многу што ги знам на моја возраст веќе оформија семејства, ама тоа не значи дека мене нешто ми фали или дека сум уназадена. Како што јас никому не му се мешам кога и што да прави, така не сакам и мене некој да ми се меша. Може да си речам себе си зошто брзаат, млади се, ама моето мислење си го задржувам во себе, никогаш на никој не сум му искоментирала за некоја негова одлука.
    Тие што прават нешто само затоа што е тренд никогаш нема да бидат вистински среќни. Ако нешто не сакаш после тешко ќе ти биде да носиш лажна маска, зашто најтешко е себе си да се залажуваш дека си среќен со нешто што не си го посакувал вистински.
     
    На Осе, Victorian, TMNT и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.875
    Допаѓања:
    170.958
    Прво, темава не е за овој подфорум @RainBow
    Второ- се си мислам имаше ваква тема:?:
     
    На daylight и sj *O* им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.428
    Допаѓања:
    78.052
    Пол:
    Женски
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    4.197
    Биолошки за жените е помеѓу 20 и 30 години, но која колку е умствено зрела за тоа во ова време, може да биде многу различно - секако улога игра и личниот избор и планови.
    А денешниве машки од балканот пред 35 едвај да можам да ги замислам како умствено зрели татковци, а не дека нема...
    Брак и семејство не е исто, иако повеќето бракови се воедно и семејства. Но има бракови без деца, има вонбрачни заедници со деца и тн.
     
    Последна измена: 8 септември 2023
    На _Peperutka_ и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.428
    Допаѓања:
    78.052
    Пол:
    Женски
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.