1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога е време за крај

Дискусија во 'Разделби' започната од b.u.n.n.y, 22 јануари 2013.

  1. b.u.n.n.y

    b.u.n.n.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Размислувам многу долго време,премногу сум збунета и имам потреба за различни совети и мислења, па одлучив да го направам тоа тука ..
    Имам 2 годишна врска супер ни е, кавги како и секоја врска некои искачаат од контрола некои се нормални.Никогаш не сме се заситиле еден од друг сме искачале со друшто сме седеле сами не ни е досадно секогаш си правиме да ни е океј.Се сакаме, ме прави среќна , навистина ме сака и ме чува,но нешто се случува со мене...имам чуство на неисполнетост,некоја огромна празнина.Ние сме различни јас сум тип на човек што би се дотерала и би шетала и да, навистина пребирам со кој се дружам некој би рекол дигната но неможе човек да се смени секој има начин на живот кој го прави исполнет, го поттиснував тоа во мене но како да неможам повеќе како да тонам.Тој не обрнува внимание како се облекува,со кого се дружи,знаат да се соберат и да "вртат џоинт" како да не е мој свет светот во кој живеам.Тој не е мој тип на човек односот ,друштвото,понашањето, нашата врска почна многу случајно и се заљубивме сепак кога ја почнавме врската имав само 17години .. ама почнува многу да ми смета се ,Пробав да го вметнам во начинот на кој јас живеев но едноставно не е тој тип и не се вклопува..Ретко искачам, сама речиси воопшто.Имам 20 години,прва година на факултет, се осеќам некомуникативна се осеќам недруштвена ми фали друштво ми фали излегување, ми фалат познанства..нови не стекнувам,старите ги губам,со сите сум на дистанца..сето тоа ми е скратено за да се има стабилен однос во врската....Сум била од секогаш дрдорка со сите се дружев секаде ме имаше и се смирив , премногу се смирив , веќе е неподносливо колку неисполнето се осеќам.. Збунета сум , од една страна дали човек треба да ја цени љубовта која ретко е искрена и да ја прифати каква што е и за да ужива во неа да се откаже од многу работи , или сепак не вреди доволно секогаш ќе с евраќа тоа чуство на неисполнетост посебно кога ги гледаш сите околу себе како се губат и исчезнуваат полека ...
     
  2. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Разговарај со него , кажи му што ти пречи биди искрена ,врати се на твојот начин на живот пробај да излегуваш , дружиш а на него ако не му одговара незнам тогаш ти си знаеш ...Тогаш треба да ставиш крај дефинитивно.
     
    На Monii4eto му/ѝ се допаѓа ова.
  3. b.u.n.n.y

    b.u.n.n.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Секогаш завршува со караница како тоа он не го сакал .. како мојот широк круг на пријатели му стварал недоверба ..
     
  4. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    ^^^
    По твојот пост заклучив дека си прилично зрела, самосвесна и објективна...Точно знаеш во каква ситуација се наоѓаш.
    Првично мислев да ти напишам еден поприлично долг пост околу тоа што добиваш и што губиш со твојата врска , но се откажав.
    Тебе не ти треба ,,солење памет,, девојче!
    Насловот на темава кој си го одбрала ти го дава одговорот!
    Имаш само 20 години и милион работи за истражување, доживување и уживање!
     
    На b.u.n.n.y му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Не треба да значи дека ако си во врска дека треба да се оддалечиш од сите, и да бидете само вие двајцата. Правиш голема грешка. Ќе ги изгубиш сите контакти и после ќе ти биде уште потешко.
    Не разбрав само дали дечкоти не сака да се дружиш или ти си станала некомуникативна со тек на време, во секој случај, знај дека можеш да имаш и убава врска и во исто време голем круг на другарки/другари.
     
  6. b.u.n.n.y

    b.u.n.n.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Поголемата вина можам него да му ја префрлам за тоа што сум оддалечена .. за да се избегнат сите караници , љубоморни испади и такви глупости. Но со тек на време се затворив во себе .. неможам да се препознаам. А во право си дека може да се има и врска и круг на пријатели ,секако ако се вклопуваме ако имаме заеднички интереси и пријатели, но што кога се во прашање два различни типа на луѓе , што кога само тоа што се сакаме ни е заедничко ?
     
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.313
    конечно е време за крај, за вртење на нов лист и за живот кој вреди да го живееш по твој убедувања и сваќања
     
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    8.292
    Пол:
    Женски
    A зошто ти да се жртвуваш во таа врска, атвојот дечко да не возвраќа на тоа?разбирам да има љубомора и се,но да ти забранува да се дружиш,е тоа грозно :x .сега баш си во најубавите години,плус тукушто си се запишала на факултет,сега најмногу треба да се дружиш,да стекнеш пријатели,да имаш убави спомени.мислиш дечко ти добро ти мисли што те ограничува?не!тој што те сака,ќе ти ја даде слободата,зашто ако ти е на ум неверство,нема кој да те спречи :!: .самата велиш дека си неисполнета.за да одржиш врска не треба да бидеш роб.љубовта се гради со доверба,компромис и толеранција.неверност е и ова што дечко ти го прави тебе!ова ти го пишувам зашто тоа сум го поминала,дечкото за кој јас жртвував се,не се дружев премногу,не отидов и на апсолвентска заради него,секогаш бев тука за него,а кога завршија студиите и се вратив во родниот град нему најважно му беше да излезе со другарите :!: .не го ни интересирав ,се сврти играта,тој си шеташе колку сака и каде сака,и ми рече :па кој ти е крив што не се шеташ без мене?а јас упропастив и пријателства и се заради него,и тоа ми беше фала :fubar: .се надевам дека ти помогнав да размислиш.....
     
    На Girl-love, Aleksandar1212, Blond8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Мислам дека штом толку многу го сакаш, можеби и нетреба веднаш да раскинете. Најверојатно ќе треба да се почне со разговор,но ќе треба да бидеш многу внимателна и да бираш зборови, затоа што тоа може да го навреди. Но доколу нема разбирање кон тебе, за твојот проблем, размисли вака: Доколу некој ме сака, ќе се обиде колку што се може и јас да бидам среќна покрај него.

    Вистината е болна, но на крајот пак помалку болка ќе истрпиш отколку да си мачкате очи цело време, дека се сакате.
     
    На Sanjichka007 и b.u.n.n.y им се допаѓа ова.
  10. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Од сите одговори на проблемов на девојчево само овој над мене можам да го прифатам. Како може да и кажувате да си ја прекинува врската, и тоа за што? За да си го шета газот налево надесно. Јас сум во тотално иста ситуација и не си ја прекинувам врската затоа што кога пак ќе сум направела еден голем круг пријатели и ќе ме имало насекаде мене нешто ќе ми фали по максимум една недела, а во љубовта можеш да уживаш вечно. Како може љубовта да се споредува со излегувањето и друшењето?
    Секако дека не викам да се затвори дома и да учи, може да излегува на кафе со другарките секој викенд на еден или два часа,шопинг,една кај друга, sleepover, во дискотека со дечкото и нејзиното друштво. За се има решение,како што и за се си има граници. А за овој проблем, крај на двегодишна врска НИКАКО !
     
    На b.u.n.n.y и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  11. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам само со двете мислења над мене. Само нека се запраша колку од тие „другари“ би биле тука кога стварно ќе и треба. Колку од нив би дотрчале до кај неа кога ќе и биде лошо. Максимум 2-3.
    И сега за да има некој си круг од такозвани другари за да може да се шутка ваму таму, да си расипе врска девојчето?
    Ама озбилно, ептен ми е клише она демек дечко поминува другари остануваат. Ма немој да ме је*еш бре. Колку само денес другарствата се пролазни. 2-3 ќе ти останат стално, другите ко сезони, денес ги има утре не.
    И јас низ истото поминав, и мене ме советуваа еј остај го дечкото друг ќе си најдеш, друштвото е побитно. Па знаете што? Од цело друштво само едно девојче остана со мене откако раскинав со дечко ми! А зашто? Епа останатите си фатија дечковци, и веќе не ги интересираше ништо освен дечкото.
    И ова секогаш е вака, додека се сингл другарките ти зборат ајде бе раскини му, дој дружи се со нас, зашто да ти поминат најубавите години, биди си слободна мувај се уживај си.. И оооп, они ќе фатат дечко и нигде ги нема. На гугл мапс да ги бараш нема да ги најдеш, више не ги занимаш! |(

    Добро, поентава ми беше, со дечково компромис да си направите некој, ем ти да си се дружиш, ем он да се дружи и да нема тука љутиш зашто ова зашто она. Објасни му дека ти ако сакаш да го извараш ќе го извараш и те како. Место на предавање да идеш, ќе искочиш со некој и ќе го извараш. Со тоа забранување на дружење и искачање ништо не се решава, тој што наумил да вара ќе извара па колку сака нека е контролиран од дечкото/девојката.

    А тоа со ганџата... па нели и кога сте се запознале он дувал? :) Чим тогаш не ти сметало, мислам дека сега р'чки си бараш, се трудиш да направиш во свои очи да изгледа полошо од што е, за у случај ако раскинете демек полесно да ти биде.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Ах тоа чувство кога знаеш дека не си исполнет со тој човек,а немаш ни доволно одлучност да го направиш последниот чекор,како игра во која знаеш дека си го совладал тој левел и спремен си за следниот,ама не знаеш што те чека таму.Две опции...Првата да се самоповредуваш одлагајќи го крајот,копнеејќи по калап на маж каков што посакуваш. Втората,да стиснеш заби,да поминеш преку периодот на носталгија,осаменост и плачење и да го зграбиш животот,правејќи го тоа што посакуваш.Секако разочарувањата ќе бидат присутни и понатаму,ама мораш да знаеш дека барем си елиминирал една од причините за тоа,која ти предизвикува повеќе јадови,него ли убави мигови.А новите познанства ќе ги имаш до крајот на животот,некои ќе сакаш да ги задржиш,а други ќе те натераат да ги сакаш повеке животните,отколу човечкиот род.
     
    На barbie.04, Girl-love, Miss.M5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    и јас се согласувам со трите одговори над мене...
    прекинување на две годишна врска сите спомени сите доживеани моменти да ти паднат во вода а го сакаш кажуваш дека и тој те сака не е лесно да се кажи збогум на тие две години..секогаш ќе ти останат во срцето и секогаш во животот ќе се потсеќаш на нив и ќе ти биди криво...
    и јас се наоѓам во иста ситуација и те разбирам како никоја друга имам и јас две ипол годишна врска мн пати сум размислила да раскинам ама кога подобро ќе разберам неможам да го поднесам тоа...иако постојат моментални кризи и кавги како и во секоја друга врска сепак тој ми е најмногу потребен тука е во сите најтешки моменти ме сака ме почитува и баш од тоа што ме сака се плаши дека ќе ме изгуби дека можам да направам грешка а не го исклучувам и него од можноста да погреши...во животов сега се е можно...а за другарките тие ако ти се некое другарки ќе останат покрај тебе без разлика што и да се случува...и јас изгубив доста од другарките одржуваме сеуште некои контакти понекогаш ми е криво ама си велам тие да ме ценеја и почитуваја сега ќе беа покрај мене...а тие што ми беа другарки кои вреда сеуште ми се другарки и сеуште се покрај мене па ни дечкоми му смета ни никој напротив го оправдуваат...затоа размисли добро не е лесно да ја прекиниш врската после тоа само уште многу потешко ќе ти биди...
     
  14. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    Поминало веке некое време како девојчево ја отворило темава...не би било лошо да ни каже до кај е ... :)
     
  15. b.u.n.n.y

    b.u.n.n.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    До каде ли сум .. Веројатно ги стиснав забите и оставив време, и што се случи .. ги изгубив другарките,најдобрите и прилично тешко ми падна ама не беа они тука да ме утешат он беше.Некако како да ќе направев огромна грешка ако си ја раскинев врската , и тие 2-3 другарки што останаа се покажаа дека се вистински. Што е до искачањето, таа празнина во мене да си шетам да си имам простор за себе не е пополнета ама ги отворив малку очите да гледам и од негова страна , покрај довербата што ја имаме тој и се плаши да не ме изгуби и нема никогаш да му е сеедно ако правам што сакам, во неговата глава веројатно тој секогаш ќе мисли дека утре може да си најдам подобар и да го оставам. Секогаш ќе ми фали тој дел да летам ,да се дружам , ама погоре има еден коментар љубовта не се споредува со искачањето и друштвото .. Он е секогаш тука да угодува, да ме смее .. Кога ќе ме наљути да си викам зошто сум со ваков кога можам многу боље да имам и да сум поисполнета ама последниве работи што се случија периодов некако ме натераа да не размислувам така .. Го сакам и ме сака, ми сметаат многу работи ама дали вреди поради минливи работи да прекинеме и да се каам ..
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Blond8

    Blond8 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    здраво на сите

    Jас сум нов корисник на фемина.Iнаку ја обозавам страницава и редовно цитам форум.би сакала на девојцето да му казам еден совет но едно мое искуство кое цената бесе висока сто ја платив.Iнаку јас имам 22 години и работам во странство.се запознав на проектот со дечкото и во почетокот од моја страна имаше само хемија и не сфаќав толку сериозно додека од неговата страна беше спротивното.но решивме да се обидеме.отидовме заедно на одмор и отидовме на море заедно и тука се зблизивме неверојатно многу но и за брзо време почнав да имам силни чувства со други зборови се се смени.се беше супер заедно секаде нераделни врската премина во сериозна врска ако мозам да речам така се до дента кога тој не мозевме заедно да одиме на одмор не ме пустија мене тој датум но сепак бевме сигурни еден во друг и не претставуваше проблем да бидеме разделени на 20 дена со тоа што имавме телефон скајп.отиде тој дома и се бесе супер до минатиот велигден кога ми се јави едно утро да им казе дека му се јавиле од фимрата за да му кажат дека има отказ во истиот момент јас реков давам и јас и сите тука ме сопираа да не давам бидејки сум збунета имам усте 20 дена до дома да издрзам и некако се согласив да издрзам и потоа да си одам женски мои дома ме пречека драма....ме пречека на аеродром тој и се бесе онака гушкање но сепак си го знам дечкото ...видов дека нешто не е во ред но почекав и потоа следеше ова тој ми вели мене дека имал чувство како нешто да сум криела од него и тие бла бла муабети и на крај беше ми треба време сакам да сум со другарите и јас видов колку е часовникот тука и само ја зедов мојата чантичка и му реков од мене се најдобро тој застани не сум завршил јас реков ти не си но јас сум.и си отидов кога ја запалив колата внатре плакање колку ти сака душа се јавив на мајка ми се исплакав и на крај истата вечер мојте другарки ме натераа да излеземе излегов и го видов со друга а девојката ја знам добро се имавме карано поради неа едншка.A за него бев жртва 12 месеци јас бев иницијатор да шетаме нон стоп јас бев иницијатор за многу нешта јас бев спремна да ја напуштам оваа работа се за љубов жртва бев преголема и после раскинување ми требаа цели 5 месеца и после и ми пишуваше и се ама знаев дека никогаш нема да биде исто бидејки тој не е истиот во мојте очи повеке ме има изневерено за 20 дена додека бев на проктот зивеев на воздух не спиев само скајп телефон бев ослабната скоро анорексична имав изглед 20 пеколни денови ми беа и после си ставив прст на главата и реков дали сум глупава или што е проблемот со мене ...и додека бев со него другарките ги заборавив само мојот свет се вртеше околу него само бев со него и неговото друство отакко раскинав мојте другарки не ме беа заборавиле и така си ги повратив другарките си го повратив животот свој назад јас сум комуникативна особа сакам да се дружам да зборувам.. и сега ми е супер еве една година немам дечко и еве усте сум на проектот одам на фитнес цитам се едуцирам комуницирам имам голем спектар на пријатели ги имам другарките и мојте родители и научив да бидам среќна со сама себе,,,,совет е и да имас дечко дај му до знаење дека сепак ти имаш свој живот дека твојот свет не се врти само околу него ти си индивидуа можеш сама да размислуваш да одлучуваш не дозволувај ти да си нечиј роб и да се чувствуваш како што се сега чувствуваш бескорисна , неисполнета ........ ;) и само напред самосталните девојки и јаките девојки ги подржувам највеке секоја жена првенствено треба да биде јака убава самостална независна на прво место да е таа ( секако доколку нема деца ) :) и да научи да биде среќна со самата себе да не и е потребен тој за таа да биде среќна ( само за да не бидам погрешно сватена сакав со ова да кажам убаво е да имас некој со ке те сака ке ти дава респект и се е тоа убаво но сепак и треба да имаме своја приватност и некој свој живот маската популација само да го надополнува она сто е убаво да биде уште поубаво .
     
    На Aleksandar1212 и b.u.n.n.y им се допаѓа ова.
  17. b.u.n.n.y

    b.u.n.n.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Без разлика што тогаш одлучив да не раскинам , после неполн месец се исподесија чуда што ме излудеа и одлучив да е крај, само моментот он мене ме остави како и секогаш- а јас бев таа ама срце ова она само што сега одлучив да не бидам.бев препотеретена со тоа кај се откажувам од мн ствари уште па ќе се однесува така со мене неблагодарно. Си го ставив ранчето на грб и си отидов. Си најдов летна работа и си останав цело лето, првиот месец доаѓаше пцуеше од типот на како можеш ке ти ова ке ти она ваква таква и јас само си се ситев на се тоа, па чекај малку што си лут ти мене ми раскина јас само решив да не те молам како и секогаш.И си оладив поради неговите глупости и се откажав од се, и си решив да сум среќна со друг флертување почеток.Него никаде го нема зад себе оставил само негативно се и јас оладив, јас во меѓувреме сучка ослабување максимално дури во еден момент првиот и последен пат кога ме виде ми рече ти ма се дрогираш.И кога дојде моментот да се мувам со дечкото јас се скршив почнав да мислам на него , него да го осеќам кога ќе ме гушнеше него го слушав него го гледав неможам да погледнам друг ред кафиња испив неможам ни шанса да дадам некој да допре до мене и како за беља он се јави со сфатено се . извини за ова,она ќе сменам ова она ветувам вака така ( сфатил како е озбилно да ме изгуби ) буквално се што сакав добив.. ама јас бев со друг вина чуство на вина огромно и ладна спуштав никаква.се обидував да си игнорирам чуства ама замислете нешто по што сте мечтаеле го добивате конечно. и кревав ќутев само го слушав само сакав на некој начин да знае дека уште може да допре до мене, но ете совест победи прекинав да комнуицирам.И се вратив дома, две недели нормално, па дознал ама не ме побара. Се сретнавме на место каде што никогаш не сум била ниту поминала ниту пак он и кафе? да. следниот ден кафе пола саат блабла како сме што сме и после тишината премногу емоции што сакаме да ги кажеме, премногу лутина, многу прашања ... и само ме бакна смешно е ама ми отиде притисокот пребледев ајкули во стомак ( како 3 год дете кога за раче се држи со друго) и само се тргна се насмеа и ми рече да ти кажам или осети. Па настивнав му реков ќе ти се јавам , не се јавив зошто требаше да се соочам со тоа што јас го направив и сакав да избегам и да ме мрази и како за беља пак се најдовме тој лут каде си нели ќе се јавеше ладен со мене премногу, па се поднапи објасни на цел град колку ме сака и одлучив. Јас го сакам и тој мене, јас ќе му кажам се ако е спремен мојот начин на истурање врз него за неговите грешки да го прости ондак можам и јас. Трезно кафе и муабет со саати секој детал раскажан, не го прифати добро другиот и ме замоли да одам дома ( што ме изненади он е темпераментен и ужасно реагира ) утрото ми се јави и ми рече , беше најдобра што можеш јас бев гад, башка беше пак искрена не ми е сеедно ама немам причина за лутење секоја постапка ти е со причина колку и да е лоша. Ме гушна и ме праша доволно сме силни да пробаме пак ? уште ме сакаш или пак ќе треба да те бркам еден месец ( така некако почна ) и еве .. трет ден заедно, два дена не сме се виделе едвај чекам утре да го видам , со нетрпение си го чекам мобилниот да си легнеме во исто време и да си збориме :)
    Многу бајка , допрво оди најтешкото мојте родители не го прифаќаат зошто знаат каков бил , но сега е втора шанса ако не сум среќна и ако се повтори нешто од кое избегав многу полесно би било крај а вреди да се проба дали човек може да избега од тоа убаво чуство кога ќе те гушне кога му се топиш ... Дури и луѓето што ме знаат прво реагираа како можеш, ти си луда што правиш .. ама после тоа одеше ама ти си среќна ти сјаеш .
    Нема да биде лесно, ама вреди.
     
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.822
    Пол:
    Женски
    Имав многу проблеми не од ваков тип, ама пак беа со таа тема, кога е време за крај.
    се мислев едно време да пишам на форумов во некоја од темиве, ама ме предомисли тоа што единствени совети кои се даваат се од типот раскини му, не е единствен, излагај шетај со другарки.
    Дури и се зачудив кога видов дека на темава има поинакви мислења, кои не предлагаат крај, и мило ми е за тоа.
    Ако беше работата за крај, ке раскинеш нема совети да бараш како да ја подобриш врската.

    Инаку b.u.n.n.y мило ми е што врската сега ти е подобра од тоа што била :)
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Дај боже втората шанса да е последна и се да е како што треба. Ретко кој се сменил, некако јас не верувам во тоа. Но, секогаш има но. Ништо не губиш да пробаш, но немој да го навикнеш да му даваш премногу шанси, зошто тој секогаш ќе го користи тоа. 3 дена се малце за да видиш дали нешто е сменето. Биди искулирана пушти полека да течат работите, и секако сечи уште во старт, не допуштај ништо што не ти се допаѓа.
     
  20. b.u.n.n.y

    b.u.n.n.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Ви благодарам девојки за се !
    Саншајн тој осетил што се шанси една подруга и да си ги коцка знаејќи дека ќе има следна ама овој пат осети како е да изгубиш па дури и да те заборават. Сега е свесен , иако не верувам дека луѓето се менуваат верувам дека може да се освестат. Сега за сега е добро, па нека продолжи :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.